Лек против низок крвен притисок ?

  • Креатор на темата Креатор на темата david_91
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се има случено да ми падне на 60/30 и да, неколку дена не можев од кревет да станам бев без енергија. Ми правеа тестови на срцето ми рекоа дека организмот ми е толку многу мрзлив што и срцето заборава да чукне понекогаш....што се вицкасти мореее...пиев апчиња околу 10тина дена и после сите тестови се си беше во ред. Кога прашав за некаков кек природен вослучај пак да се претворам во зомби докторот ми рече вино од капина... Иначе ми се случува да си се онесвестам еднаш два пати годишно и можам да заспијам во било какви услови за неполна минута :)
 
пуши сатива, ама исклучиво сатива!
 
Ајде помош на баба ми и се мнобу близу 100/85 има ли некој лек да и се покачи крвниот притисок, а пулсот да и остане ист ?
 
Секои совети од форумџии кои имаат низок крвен притисок се добредојдени околу тоа како најлесно е да се справиме со него.
Јас имам константно низок притисок,толку што ме прави дисфункционална,а кога ми се покачува до нормалните граници,тоа многу лошо ми влијае од единствена причина што мојот организам е навикнат на нискиот притисок.Кафето не ми помага многу,неговите ефекти се краткотрајни.
 
Здраво. Не најдов ваква тема, а и не најдов тема за општи прашања во подфорумот здравје, затоа отворам нова. АКо е дупла избришете ја или спојте ја.
Мојот проблем е дека притисокот ми паѓа често па дали можете да дадете совети штто треба да конзумирам за да не ми се намалува притисокот? Некаков лек и слично?
 
Кока кола,лук,банани
Лукот го снижува притисокот, така да не би го препорачала. Повеќе солена храна, кафе и газирани пијалоци со сигурност го покачуваат, ама па не знам колку ќе е добро за организмот да се зголеми внесот на сол и газирано.
 
Кока кола,лук,банани
Јас колку што знам лукот го намалува притисокот не го крева... :)

За мене лично бидејќи и јас имам често проблеми со притисокот најчесто пијам еспресо и преку ден гледам да пијам што е можно повеќе вода и сокови но не газирани...
 
Последно уредено:
Низок притисок имам од дете. Мене ми помага неколку солени маслинки и кафе наутро. Така го одржавам притисокот и секако поголема физичка активност.
 
Шо убав ник имаш. :)

Јас последен пат кога завршив речиси комирана од низок притисок докторката на дежурен ми рече дека била глупост тоа со течностите зошто тие одма се исфрлале. Демек јас цел живот во заблуда сум живеела. :)
Нејзин совет беше солена храна, а во моменти кога паѓа благо да се јадело. Се мислам дека ми даваше совети за паднат шеќер :) ама ете обиди се, може кај тебе ќе делува.

Физичка активност е најдобриот лек, доволно кислород т.е свеж воздух и доволно сон. Кај мене преморот има најголемо влијание.
 
јадеш по солен сончоглед
а потоа пиеш вода
друга опција кога многу ти е паднат притисокот пиеш солена вода
 
Здраво. Не најдов ваква тема, а и не најдов тема за општи прашања во подфорумот здравје, затоа отворам нова. АКо е дупла избришете ја или спојте ја.
Мојот проблем е дека притисокот ми паѓа често па дали можете да дадете совети штто треба да конзумирам за да не ми се намалува притисокот? Некаков лек и слично?

Депресијата е поврзана со низок притисок така да пробај да искочиш од меланхолија :гик:
Или пиј кока кола и лапај чоколадо исто ти е. Уф се осеќам ко Хаус :icon_lol:
 
Шо убав ник имаш. :)

Јас последен пат кога завршив речиси комирана од низок притисок докторката на дежурен ми рече дека била глупост тоа со течностите зошто тие одма се исфрлале. Демек јас цел живот во заблуда сум живеела. :)
Нејзин совет беше солена храна, а во моменти кога паѓа благо да се јадело. Се мислам дека ми даваше совети за паднат шеќер :) ама ете обиди се, може кај тебе ќе делува.

Физичка активност е најдобриот лек, доволно кислород т.е свеж воздух и доволно сон. Кај мене преморот има најголемо влијание.

Хаха жити докторката. А зошто се јаде солена храна? - Затоа што е солена, за да те тера да пиеш повеќе течности :D.

Иначе и ја патам од низок притисок и тоа сега како што е вакво никакво времево скоро секој ден ми паѓа притисокот. Незнам што е лекот.
 
Најдобар лек за низок притисок е?

висок притисок :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom