Репелент за змии - за прв пат во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.033
Поени од реакции
956
Центарот за јавно здравје-Велес произведува ефикасно средство против змии
Вторник, 24 Јуни 2014 14:44

Директорката на Центарот за јавно здравје-Велес Флорентина Шурбевска Ристовска денеска информира дека вршат производство и продажба на, како што рече, ефикасно средство против змии.
zmii-500.jpg


Станува збор за „Репелент“ кој, според Шурбевска Ристовска, е 100 проценти природен производ, безопасен за малите деца и за домашните миленици.

- Ова е прв производ од ваков тип во нашата држава, кој е создаден од екстракција на етерични масла од тревки и од дрва. Делува на тој начин што мириса на свеж оган и на тој начин ги одбива змиите да се приближат до одредена површина. Добро познато е дека змиите имаат развиено сетило за мирис и кога ќе намирисаат пожар бегаат, потенцираше на денешната прес-конференција Шурбевска Ристовска.

Таа појасни дека процедурата за производство на ова средство е доста скапа и се одвива во неколку етапи. Со воодушевување, како што рече, ја прифатиле понудата на техничкиот инжинер по органска хемија од Велес, кој предложил да создадат ваково средство за потребите на граѓаните.

Производот е погоден за површини каде се поставуваат приколки, шатори, за дворови и викендици каде во летниот период постои опасност од појава на змии, како што се складови за дрва, грмушки или пак гаражи.

МИА
 
Можеби ќе почнат со продажба за 2-3 години.
Веднаш кога го прочитав ова, се јавив. Ме прошетаа на 4-5 локали и неколку телефони. Најупатените знаеја исто колку и јас, она што чуле од телевизија. :(
 
Последно уредено:
Можеби ќе почнат со продажба за 2-3 години.
Веднаш кога го прочитав ова, се јавив. Ме прошетаа на 4-5 локали и неколку телефони. Најупатените знаеја исто колку и јас, она што чуле од телевизија. :(
Пуштен е во продажба, се продава добро, и има задоволни купувачи. Навистина имаше проблем, се чекаше дозвола од бирото за лекови. Затоа немаше во заводот на лагер.
 
Пуштен е во продажба, се продава добро, и има задоволни купувачи. Навистина имаше проблем, се чекаше дозвола од бирото за лекови. Затоа немаше во заводот на лагер.
како тоа задоволни? кога излезе и кога увидоа дека ги растерува змиите живти све :eek:
 
како тоа задоволни? кога излезе и кога увидоа дека ги растерува змиите живти све :eek:
Најмногу порачки имаше од Гевгелија, како и од хотелите во Дојран. Во Гевгелија имаше угостители што се жалеа дека имало инвазија. Искрено очекувавме да има некоја поплака, и се надеваме да продолжи како што е до сега.
 
Војсо, најверојатно сакаш да помогнеш со реклама, инаку би рекол дека си неупатен.
Змиите се најактивни од пролет до периодот на парење. Тоа е негде до јуни. Потоа самите се повлекуваат, па што и да користиш, мислиш дека делувало. Не велам дека репелентот од Велес не помага, не знам. Мислам дека задоцнија со понудата, продажбата и информациите.
Ниту еднаш не беше кажано колку од средството се користи на која површина, колку трае, дали е навистина безопасно и за домашни миленици...
 
Последно уредено:
Ако навистина делува и ги брка змиите, ова ќе биде најдобриот изум во последните неколку години во Македонија:)

Иначе кај се продава?:)
 
Војсо, најверојатно сакаш да помогнеш со реклама, инаку би рекол дека си неупатен.
Змиите се најактивни од пролет до периодот на парење. Тоа е негде до јуни. Потоа самите се повлекуваат, па што и да користиш, мислиш дека делувало. Не велам дека репелентот од Велес не помага, не знам. Мислам дека задоцнија со понудата, продажбата и информациите.
Ниту еднаш не беше кажано колку од средството се користи на која површина, колку трае, дали е навистина безопасно и за домашни миленици...
во текстот од воведот има за тоа дека е безбеден...
"Станува збор за „Репелент“ кој, според Шурбевска Ристовска, е 100 проценти природен производ, безопасен за малите деца (а за возрасните бе?!:eek:) и за домашните миленици"
али само тоа, никакви подетални информации, тестирања и ред др работи[DOUBLEPOST=1405364683][/DOUBLEPOST]пс. жените анлајк дис :cool:
 
Навистина незнаев за ова со змиите, не сум биолог зоолог и слично, но навистина ова со квадратурата периодот на дејство и ризикот во однос на децата и домашните миленичиња го има пишано секаде каде што е промовиран репелентот.
 
Во новите софистицирани лаборатори во разработка е репелент против скорпиии.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom