Проблемот со Меси е тоа што пред неколку години постави превисоки стандарди за обичниот фудбалски фан со неговите спектакуларни перформанси невидени досега и затоа повеќето почнаа да го насловуваат како најдобар на сите времиња бидејќи никој ама баш никој фудбалер не прикажувал онакви монструозни игри како тој и никој не бил дотолку доминантен..плус самите бројки,голој,асистенции и титули го надополнуваат тоа дека Меси е можеби најдобар на сите времиња..
Е сега поминаа 2-3 години и Меси очигледно ја нема истата желба и жар што ја имаше претходно па нормално е да падни малце физички и да не ги прикажува истите перформанси..тој сега повторно си остана класа играч каде можи да направи разлика но проблемот е тоа што како да не сака повеќе да игра,како едноставно да му е скурчено и не сака да се труди...
Очигледно е дека можи да трча но не е то то,човекот не е истиот тој Меси што беше насмеан и прерадосен на секој постигнат гол а тоа поради многу фактори...се разбира дека Меси ќе остани запаметен во историјата како еден од најдобрите рамо до рамо со Зидан,Роналдо,Марадона,Пеле,Кројф но жалосно е тоа што чоекот со таа основа што ја имаше и тоа време неискористено можеше да биди запаметен како убедливо најдобар и над сите што ги набројав а вака само рамо до рамо без разлика што нема освоено СП бидејќи и Кројф и Ди Стефано немаат па повторно се тука некаде...
На Меси сега му треба мотивација да атакува на трофеот од ЛШ ,иако ја има освоено 3-пати каде 2 пати беше како MVP сепак за малце да ги залечи раните на него и да се врати во колосек му треба тој трофеј