За Бразил признавам, ама како да не ги гледаше на претходните мечеви.
Со Швајцарија да, за Белгија не знам оти не им го гледав дуелот, додуша Белгијците на сите мечеви покажаа дека имаат страшни играчи.
Па добро,раштиман беше малце составот на швабите поради експериментите на рударокопачот.Еве,од една утакмица со вистинските позиции на вистинските играчи го видовме резултатот,силување на домаќинот за едно полувреме

Ги гледав сите останати утакмици на швабите освен со Португалците.Со Гана делуваа несигурно поради високата одбрана и погрешната позиција на Лам и незаинтересираноста на Озил.
Против Алжир беа нешто подобри,целата работа ја ебеше Шкоди и неговото губење на теренот.
Против америте играа колку да се одигра,бодовите не им беа до толку потребни.
Против Бразил составот беше тип топ склопен без експерименти,доволно да се посрамоти домаќинот.Пораз од кој ќе има вечна и огромна рана што ништо нема да може да ја залечи.
Ги гледав и утакмиците на Аргентина.
Со Босна ги спаси раниот автогол,инаку да крушеа уште два дена околу голот на босанците,немаше да им бутнат гол.
Со Иран,таа утакмица не ни сакам да ја коментирам.
Против Нигерија заличија на нешто и покажаа добра игра.
Против Швајцарија со онаква очајна одбрана одвај дадоа гол.Во продужетци.
Против Белгија освен голот ништо друго не покажаа,иако на моменти ја имаа иницијативата.
Против Холандија одбраната го имаше главниот збор и според мене одличниот старт на Маске во 87 минута кога го блокираше ударот на Робен.Таа топка идеше во гол и да не стигнеше на време Маске,денеска ќе пишувавме за друг финален дуел.
Едно е сигурно,ќе гледаме епско финале.Германската машинерија против неодлучните,но стабилни во одбрана гаучоси.
Да видиме дали гаучосите ќе го најдат лекот за навалниот ред и убиствениот среден ред на швабите.