Во врска бевме година и 1 месец, вчера раскинавме, односно повеќе иницираше она ама стварно последниов период многу се каравме, за глупости, банални работи ама пак нешто значат и од моја и нејзина страна, ми кажа дека и треба некој период да расчисти мисли па ќе видиме....
Први сме си двајцата, живееме многу блиску, многу често сме заедно, понекогаш по цел ден, доаѓа до гушење едноставно, дека треба некој период треба дефинитивно.
Вчера 5 пати ми кажа дека ме сака највеќе, повеќе од се, у стил да видиме...
Некое женско мислење за нејзиното гледање?
Не сме и во глава, така што, не знам она што мисли.
Јас мислам дека сте си здосадиле, ти ни опиша како ти ја гледаш врската, а нејзе којзнае како и е.
Штом иде до досада, нешто не штима, дали е тоа моментално, или едноставно веќе немате што да правите еден со друг, тоа е друга работа.
Никогаш не се кара некој за глупости, тоа ваљда ти е јасно. Секогаш има некои други причини, кои или сме ги прескокнувале кога требало, или ни сметаат премногу кај другата личност.
Штом уште од сега сте почнале да се карате за глупости и да ви е досадно, кај ви е крајот?
Спреми си се за раскинување скроз на скроз, штом барате паузи, употребуваш изрази ко досадно и гушење, пиши пропало. Или пак можете да си се лажете сами себе.
А и секако и се врти во глава - како би било со некој друг. Не за секс ко Крусер ко што кажа, ами воопшто за врска (вклучувајќи и секс).