Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Сметам дека ќе беше многу полесно доколку дојдеше Санчез кај вас. Со самата продажба на Суарез, веќе ќе дојдеше друг класа играч и после уште еден да дојдеше. Сега има многу повеќе работа. Ама може да се успее, само што Ливерпул некако до сега со трансферите некако не ми покажува одлучност. Ќе треба убаво да загриза Ливерпул сега и мора барем едно големо име да се донесе. Лалана, Ламберт, Маркович може се добри играчи, ама не можеш со нив да замениш играч како Суарез.
 
@Донев нема да се купи големо име. Ливерпул во последни 15 години, еве ќе кажам 2-13 во кои што така посериозно го пратам Ливерпул нема купено големо, готово име, освен Торес.
 
@Донев нема да се купи големо име. Ливерпул во последни 15 години, еве ќе кажам 2-13 во кои што така посериозно го пратам Ливерпул нема купено големо, готово име, освен Торес.
Епа мора да смени тоа. Доколку имаат шампионски амбиции, секако.
 
Епа мора да смени тоа. Доколку имаат шампионски амбиции, секако.

Моментално нема можност за такво нешто. Пишав и вчера. За 2-3 години ако се продолжи со атакување (освојување) на титули/трофеи ќе бидеме во можност да купуваеме квалитети и да им крадеме играчи на ривали/конкуренти а тоа да не биде со 35 милиони за Ерера и 30м за Шо или да го дадеме Матич за 2 па да си го купиме за 25-6 и слично. Ливерпул ги нема тие пари, не во овој момент.
 
Ама како би атакувале на титули без класа играчи...
Верувам дека има удел тука и менаџерот. На пример, голем дел од играчите кои дошле да играат за Мурињо после во интервјуа кажуваат како после краток телефонски разговор со него биле убедени дека сакаат да му се приклучат. Еве и за Џан нешто прочитав дека не размислувал за Ливерпул, ама по разговор со Роџерс, решил дека е добра опција. Е сега он не е некој играч, а и Роџерс сеуште не е некое име, ама мора да влијае и он.
Во овој момент Ливерпул ги има парите од Суарез нели. Пари со кои може да се донесе барем еден класа играч и уште некој добар.
 
Многу тешко ке биде да привлечеш топ играч во клуб кој што не се борел за титули многу време, го немало на европска сцена пола деценија, и клуб кој штотуку го продаде играчот кој ги врати во живот.

Јунајтед по продажбата на Роналдо, не купи никој играч од висока класа. Нема да ме чуди Ливерпул да го направи истото.
Попаметно е да идат на купување на играчи од средна класа, кои би можеле да го стабилизираат Ливерпул година две во топ 4 и да почнат да играат редовно ЛШ, пред да почнат да гризаат за играчи од типот на Ројс, Хумелс etc...

За да привлечат топ играчи, ке мора да почнат да ги преплатуваат, со јаки плати, што ке повлече други нус појави.
 
Ги има парите од Суарез а не Суарез. Во овој момент Ливерпул на сите им изгледа како едносезонски тим кој ќе пропадне без најдобриот на свет. Ако следна година го задржи овој висок пласман ќе биде друга песна.

Еве искрено, мислиш дека Ливерпул е во можност да му земе круцијален играч на Челзи? На Манчестер Јунајтед, на Сити? На Реал/Барса? На Баерн, Јуве, Дортмунд?

Не, овој преоден рок нема да се случи тоа.
 
Завршивме второ место и ќе играме ЛШ, затоа ќе земаме просеци за да се стабилизираме - Лузерпул. Неамбициозност, несериозност. И после ќе испаднеме у групи од ЛШ пошто тие ботови што вчера давале голови на Лејтон Ориент, сега ќе се соочат со екипи кои секоја сезона се борат за двата најпрестижни трофеи, домашниот и европскиот. И којзнае кој ќе биде крив после што не не бивало, а како и да не бива со такви играчи. Еве да речеме и ќе сме се стабилизирале, догодина значи пак ќе немаме класа играч. Стариџ ќе си отиде, Џерард при крај на сили, и изговорот ќе биде "немаме ѕвезди у тимот, никој нејќе да игра со Лалана и Бони, треба да се стабилизираме". И така у недоглед? Не. Треба да се пресече, да се купи квалитет. Едно име да повлече друго и така полека да градиме сериозен Ливерпул. Доста ги глеав ветрушкине, нејќам да се вратам на времињата кај што си ја маав главата со перница кога ги гледав Кончески, Кирјакос и сличните говна ко нив. За денешниов Ливерпул, од кој сите очекуваме да бидеме сериозна екипа на сите полиња, секој што не е докажан играч е еднаков на тие ко двајцата погоре.
 
Марковиќ демек во Ливерпул, ама изгледа дома си заминал...
 
Марковиќ ќе ни донесе титуал...
Лалана ќе биде најбољи асистент, Бони најдобар стрелец, а Бертранд откритие на годината.... на крај Сити ќе го дигне трофеот, а ние ќе речеме дека следната е наша. (y)
 
Многу тешко ке биде да привлечеш топ играч во клуб кој што не се борел за титули многу време, го немало на европска сцена пола деценија, и клуб кој штотуку го продаде играчот кој ги врати во живот.

Јунајтед по продажбата на Роналдо, не купи никој играч од висока класа. Нема да ме чуди Ливерпул да го направи истото.
Попаметно е да идат на купување на играчи од средна класа, кои би можеле да го стабилизираат Ливерпул година две во топ 4 и да почнат да играат редовно ЛШ, пред да почнат да гризаат за играчи од типот на Ројс, Хумелс etc...

За да привлечат топ играчи, ке мора да почнат да ги преплатуваат, со јаки плати, што ке повлече други нус појави.

Конечно едно паметно и објективно мислење. ;)
 
Епа мора да смени тоа. Доколку имаат шампионски амбиции, секако.

Не било тоа до амбициите,туку така работел клубот..тоа ќе ти кажат.[DOUBLEPOST=1405183022][/DOUBLEPOST]Прв пат слушам за стабилизација на клуб кој се борел за титула.[DOUBLEPOST=1405183349][/DOUBLEPOST]
@Scouser88 прочитај го интервјуто на Џан и ќе видиш дали вика дека дошол за атмосфера или за трофеи, па пиши ми.

Чан од Минхен доаѓа има ЛШ позади него затоа незнае уште,ќе му го исперат мозокот дека титули зимаат само сељачки клубови. Пеењето на стадион било побитно.
 
Последно уредено:
Лошо е што клубовите од Англија фрлаат астрономски суми за играчи кои играат во клубови од средина на табела во Премиер Лига , наместо тоа со добар скаутинг можат да се најдат поквалитетни играчи во други лиги. Ловрен ми е преценет играч .
 
Жално, се боревме за титула и пак сакате дрва да глеате у тимот, т.е чекори наназад да праиме. Жално.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom