Момци (и девојки), само да ви кажам дека по истекот на овој натпревар нема да бидам во можност да ја поставам темата за гласање. Така да, овој пат (а и во иднина), тоа нека биде обврска исто така на победникот од претходниот натпревар. „Темплејтот“ од претходните гласања го знаете, па верувам дека нема да ви биде премногу тешко...
Не би било лошо сите пријавени фотки прво да ги сејвнете во едно фолдерче, па да ги закачите во нов (јавен) албум каде што ќе може сите да ги прегледаат. Во темата, нормално, треба да ставите линк до албумот каде што секој ќе може да ги прелиста сите пријавени фотки.