Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Видете who's back
image.png


Има добра снимка од Sabotage
 
Ова за радијаторите да не искочи празен муабет ке го дообјаснам, значи станува збор за високо квалитетни белгиски радијатори од марката JAGA со 30годишна гаранција.
jaga-rad.jpg

Они уствари само личат и се користат како радијатори но фактички се составени не од ребра туку буквакно топлински LOW-H2O изменувач покриен со лимена маска. Изменувачот е срцето на радијаторот високо енергетски ефикасен и на ниски температури на водата од 50Ц при што корости мала количина на вода.
Opengewerkte%20strada.png
Пример 70цм висок и 1метар долг радијатор содржи само 1.27л вода а дава 2.7KW топлина на Т на водата 70/65.
Бидејки бев во фаза на селење и реновирање прва идеја да го решам греењето ми беше да ги заменам радијаторите со вакви од ЈАГА и земам некое ефтино котле на струја. Заштедата по спецификациите на ЈАГА би требало да биде до 30%. Со DBE вероватно и над 30% за наши климатски услови.
JAGA ги контактирав по меил за најблизок дилер до МК бидејки кај нас се непозната именка и никој не ги застапува и ме упатива на белградска фирма МБтеам.
После неколку разменети мејлови со Милан од МБтеам во кој дечкото бараше детален опис на просторот кој ке се загрева ми испрати одлична ценовна понуда со точно димензионирани радијатори од типот Темпо (кој јас ги барав) со 30% попуст како за прв купец од МК :) и 20%ДДВ кое ке ми се вратеше. Цената за она што го понуди Милан беше повеке од задоволувачка и многу пониска од ценовниците кои можат да се најдат онлине на нет како по бугарските така и по европските сајтови на јага, а ги има секаде, како ценовниците така и техничките детали за секој модел од овие радијатори.
Jaga има и тест сајт кој сеа не ми е при рака да го линкувам на кој имаат тестирано ист тип на простор загреван со јага и класични радијатори.
Од пребарување по нет искочи дека најреални и најефтини цени за овие радијатори има по холандските шопинг сајтови, како споредба радијатор кој во каталогот на ЈАГА е пример 500еу на холандските е 150 или 200, огромни разлики има во цените. Мбтеам со цениве беа у 5% исти со цените по холандските сајтови. Просечен радијатор (1.5KW na 50C) да го донесете од србија со транспорт и царина не би требало да искочи над 200 до 250еу posle vratenoto DDV од српска страна кое е 20%.
На крајот сепак се одлучив за мултиспит систем на греење со инвертери, но за оние 10-20 дена дебели минуси во зима кога ке треба и радијатор да се пушти да догрее прва прилика, дали еден по еден, или топтан сите радијатори би ги заменил со овие на Јага.
 
Предлог за супер забавни филмчиња за на одмор? :vozbud:
 
Не можев да ги читам сите мислења така да ќе ви кажам јас на што се греам... Веќе 3та година се грееме на инвертер клима уред со 3 конвектори за спалните соби. Искрено поиплатливо од инвертер ако сакате на струја да се греете нема да најдете... Со дрва да се грееш да најевтино е ама нон стоп ќе мораш да го одржаваш оганот а искрено и не знам дали би заштедил некоја многу голема сума на пари кога би се греел со нив + немам ставено радијатори ама сепак ми е спроведена инсталацијата доколку стујата отиде во ку**ц. Јас греам 100 квадрати и кога ќе споредам со пријатели мои колку плаќаат за струја и парно за истата големина на стан дури на мене ми испаѓа поевтино и од нив.. Е сега и климата има негативности - може да ти се расипе ( дрвата не можат :D :D ) и мораш на секои 3-4 месеци да ги чистиш филтрите поточно да се одржава - барем тие негативности ми текнуваат сега :)... А за најевтино ако сакате да поминете само дрва и спроведување на парно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom