Предлог за серии и кратки рецензии

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Па ја :icon_lol:
Зашо така слушам муабети по нет се јаде бурек за Војаџер ? Мислев да бегам од Дип Спејс да не ги глеам ама шо читам на големо се шире муабет дека е боље од Војаџер, имате глеано, импресии ?
Иначе ја завршив Војаџер, послаба од ТНГ ипак задоволително добро . Им недостасуваше боље сценарио, каде каде беше подобро во ТНГ и секако Патрик Стујарт :)
Јас сега почнав DS9, незнам, уште сум на почеток, само 5 епизоди имам изгледано и малце ми е досадна, ама најверојатно зашто на почеток имам малку одбивност кон ликовите, ќе видиме понатаму.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.730
Поени од реакции
12.767
DS9 знае да напни, али тоа кратко, првите неколку епизоди. Има далеку помалку „истражување“ него ли ТНГ или Војаџер ама ако си фан, ќе се привикнеш лесно :)
А за тоа која е подобра ТНГ или Војаџер, ТНГ дефинитивно ради актерската екипа и сценаријата, али Кпт. Џејнвеј :love:
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.871
Поени од реакции
7.107
DS9 знае да напни, али тоа кратко, првите неколку епизоди. Има далеку помалку „истражување“ него ли ТНГ или Војаџер ама ако си фан, ќе се привикнеш лесно :)
А за тоа која е подобра ТНГ или Војаџер, ТНГ дефинитивно ради актерската екипа и сценаријата, али Кпт. Џејнвеј :love:
Убаи женчиња има бреј :)
Џени супер капитен али може вода да му носи на Пикард ваљда најбоље актер у севкупната историја на СТ
ААА и Докторот мора да го спомнеме одличен, одличен .(y)
ТНГ заради Пикард, имаше и тамо фејл карактерчиња ко Диана
Live long and prosper
 
Член од
7 јули 2011
Мислења
309
Поени од реакции
57
ajde ako saka i ako moze nekoj da preporaca zavrsena serija so malku sezoni
bilo koj zanr
 

Ceci0

Captain
Член од
20 јануари 2011
Мислења
334
Поени од реакции
208
Ај некоја интересна серија, по можност завршена да е. Нема врска колку сезони и колку епизоди по сезона има. Да не е Supernatural, Mentalist, Sherlock, GoT, Sopranos пошто ги имам гледано. Било кој жанр
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ај некоја интересна серија, по можност завршена да е. Нема врска колку сезони и колку епизоди по сезона има. Да не е Supernatural, Mentalist, Sherlock, GoT, Sopranos пошто ги имам гледано. Било кој жанр
Пробај ја Boss, Breaking Bad (мене не ми беше интересна, оти знаев шо ќе биде), Six feet Under.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.170
Поени од реакции
13.443
Malcolm in the middle


По предлог на неколку членови во оваа тема (на минатите страници) се решив да ја гледам серијава. Ми ја предложија како комедија фамилијарна и морам да ви кажам воопшто не зажалив. Секоја епизода со нови дешавки и зезанции, не се епизодите поврзани, така да која епизода на тв да ја фатите ќе се газите од смеење и ќе сфатите се, ама ви препорачувам да си симнете од нет и да си ги гледате.

Има 7 сезони секоја сезона има по 22 епизоди. Се работи за 4 браќа (најпрво) Френцис, Рис, Малколм, Дуи кои се на различни возрасти и со многу различности. Заеднично им е да прават глупости дома, во школо, во соседството и да ги нервираат дома нивните. Истотака главни ликови се и нивните родители Луис и Хал, и двајцата со различни карактери. Додека од едната страна е строгата Луис, од друга страна е попуштливиот Хал, кој децата навидум повеќе го сакаат, и често се однесува како дете. Секоја епизода има и по некој нов лик, а и има споредни ликови како што се нивната баба, детето во количка Стиви што е најдобар другар на Малколм, неговиот татко, продавачот во продавница...

Имам премногу интересни епизоди, всушност нема досадни, па тешко е да се каже која е најинтересна ама ми останаа во памет како прејаки епизоди 10 епизода од 6 сезона „Билборд„ се вика, 6 епизода од 6 сезона „Hal's Christmas Gift„, 14 од 7 сезона „Hal Grieves„ и уште многу да не ве масирам. Симнете ја од kickass и уживајте. Крајот на серијава не ме растажи како Серанови што ме растажи на пример, тука нема драма сцени, убиства, проблеми и такви ствари, се некако низ хумор и зезанции оди, што ваљда е добра работа :D
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Само што ја завршив Weeds :D Морам да кажам дека мислев дека никогаш нема да ја гледам зашто не сум некој љубител на марихуана општо :)
Ама првата епизода беше повеќе од доволна да се навлечам :D
Би ја препорачала на сите искрено.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.170
Поени од реакции
13.443
Сакам да паузирам од комедииве малку, нешто крими серија да погледам. Па први око ми фатија The Mentalist и Dexter, која е вака поинтересна за гледање? Или ако има некоја поинтересна од тој жанр дајте предлог. Фала однапред :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Сакам да паузирам од комедииве малку, нешто крими серија да погледам. Па први око ми фатија The Mentalist и Dexter, која е вака поинтересна за гледање? Или ако има некоја поинтересна од тој жанр дајте предлог. Фала однапред :)
True Detective, крими драма која цел форум ја изгледа и на скоро сите им се допадна.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Forbrydelsen II (The Killing)

Се работи за втора сезона од оригиналната, данска верзија на познатата серија.

Прекрасна приказна во која се преплетуваат политика, крими истражување, мистерија и секако личните проблеми на главните актери.
Се почнува со убиство на еден адвокат за кое се верува дека го извршил нејзиниот партнер се додека Сара Лунд не се вклучи во истрагата. Случајот ќе расплете во неверојатна мистерија во која се вклучени владата, армијата и структурите за безбедност. Ќе престанам овде.

Супер е тоа што за разлика од првата сезона оваа трае 10 епизоди што е ептен таман без дополнително да се развлекува приказната. Ја има на пајратбеј во ХД со вграден превод. Им ја предлагам на сите љубители на овој жанр.

Како што кажав и на другиот форум ова е нешто како микс од Borgen и Bron/Broen.

Од мене 10/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom