Зошто атеистите толку се замараат со религија? Страшно.
Поголемиот дел од атеистите не се замараат со содржината на религијата. Со што се замараат атеистите се импликациите кои произлегуваат од истата и влијанието кое традиционалната компонента го има, посебно во земји кои не се секуларни. Зошто ако нема атеисти кои се замараат со религиите, утре детето ќе мора да ми учи веронаука у школо, Салахудин ќе мисли дека Алахова воља е да се разнесе у железница со невини луѓе и знаеш што е
страшно? Страшно е тоа што Хозе ќе му направи неуспешен егзорцизам на синот Хулио кој ќе умре при бруталниот ритуал (ова што е
најстрашно е базирано на вистински настани и колку што е смешно и глупо, толку е
трагично). Не сакам дежа ву на крстоносните војни. Од кога постои историјата на човекот, илјадници срања се дешаваат поради тие навидум безопасни религии и нашата тенденција да веруваме во нешто поголемо и посилно од нас самите.
Не е така просто, не секој седи дома и си верува во што сака, па просечниот секојдневен атеист да е антагонистот во приказната и ликот кој се меша во животот на религиозните луѓе кои не замараат други луѓе со своите верувања. Можда ти ја имаш таа слика. Сликата која јас ја глеам се религиозните луѓе кои се замараат да го наметнат своето верување со нивните фанатични „Верувате ли во Исус“?, муабети. И не зборувам за секти у стилот на Јеховини Сведоци, зборувам за илјадници католичко протестантско сунитски кампањи, наменети за истребување на рокот/металот, науката, хомосексуалството и илјадници други работи кои се дела на Лукавиот. Зборувам за Шеријатот и
каменуваните жени кои го изварале мажот со брат му кој ги силувал, па за тоа се каменувани до смрт. Не глеј ти тука у Македонија што прави просечниот христијанин/исламист (иако за муслиманите можам да ти дадам илјадници евидентирани
криминални акти како резултат на нивното религиозно убедување)
Епа мора да учат атеистите за митологијата која ја побиваат, поинаку нема да имаат начин на кој ќе ги основаат контра аргументите кои нормално по пат на едуцирање и дебата пробуваат да ги вкоренат во игнорантниот ум на просечниот наивен верник.
Ти не мора да го знаеш лорот позади ГОТ, за да знаеш дека ГОТ е фикција, али за да му докажеш на човек кој мисли дека ГОТ се базира на реални настани или ГОТ е симболика за некои кабалистички принципи или метафизички концепти, ќе мораш да го прочиташ срањето, и да почнеш да бараш дупки у тоа, да бараш парадокси, не пошто ти е јако, туку пошто МОРАШ (страшно е тоа што ГОТ има поконзистентна и поверодостојна приказна од светите книги), пошто тоа е единствениот начин да зборуваш на јазикот на дотичниот и да пробаш да му објасниш зошто не е базирано на реални настани откако секако истиот ќе те нападне на телевизија со неговото стадо од 300 овци пошто имаш свој
ЛИЧЕН блог во кој си одлучил да пишуваш за еволуција, наука и критичко размислување, а потоа ќе плаче пошто
ти се замараш со религија бидејќи арсеналот од контра аргументи кој ти го дал на дебатата на која он те повикал е сценарио за ситком.
Некои од атеистите лично го осетиле тоа на своја кожа, забраната да прават/мислат акција Х и бидејќи тоа се ѓаволски работи пошто
мама и тато рекле така, а они имале 15 и не можеле да идат контра шамарот на тато, не можеле да се земат со Фатима пошто Фатима е муслиманка, а Векослав е христијанин. Настрана од чесните примери на религиозните луѓе кои си тераат своја работа, што е супер и сасим ок за мене и повеќето рационални и немилитантни атеисти (милитантните атеисти се комплетно исти фанатици ко овие).
Фино ќе си беше секој да верува во што сака и да не дебатира со другите за своите лични верувања. Да не се вложуваат милиони во кампањи и пропаганди за „едуцирање“ на јавноста за
злото кое абортусот го носи, па мора да се одговори од страна на тие кои се религиозни со кршење, сталкање УБИВАЊЕ и вандализам. Ама кога тие институции почнуваат да пикаат прсти во приватните животи на другите, тогаш атеистот има проблем со тоа и атеистот е токму тој кој треба да се замара со религиозните работи.
Тоа не е страшно, тоа е одлично. Ако си денес либерален атеист, а не си Русин, не тепаш, не малтретираш и не убиваш религиозни луѓе, ти ДЕБАТИРАШ со нив.
ОБРАТНО Е, РЕЛИГИОЗНИТЕ ЛУЃЕ УБИВААТ АТЕИСТИ, НА НИВО НА ДРЖАВЕН ЗАКОН ВО 13 ЕБАНИ ЗЕМЈИ (ова само што е евидентирано).
Содржината на религијата не е битниот сегмент за повеќето атеисти, вклучувајќи ме и мене. Битни се општествените и културните лузни кои ги остава позади себе. Битни се војните кои се водат во име на религијата. Битен е Станко кој ја користи наивноста на народот и го користи тоа во што веруваат како алтка за профитирање и постигнување на општествена и капитална моќ. Тоа ги засега атеистите повеќе неголи фактот дали Исус му рекол на Матеј да прдне на реката или до реката. Ме заболе уво најискрено за тоа.