А
Антоние
Гостин
ЗдравоИмам одреден степен на анксиозност кој влијае на моето секојдневно функционирање.Оваа година завршив средно со одличен успех бев изминатите 4 години.Анксиозноста ми влијаеше во училиштето пр кога професорот ке ме прозиваше или кога самиот се јавував да одговарам или нешто да кажам срцето ми чукаше брзо,се чуствував вкочането,и доколку направев некоја грешка во тоа што го раскажував после цел ден се обвинував за тоа што сум згрешил.Или кога некој ке од сокласниците ке ме искритикуваше после тоа мислев цел ден за зборовите што ми ги упатил/а.Многу ми е важно мислењето на другите за мене.Многу во слободна конверзација со професорите не се вклучував.На некој начин ми преставува страв да зборувам со некои професори.Се дружев со сокласниците ,многу на празно не зборев, но за темите кои ме засегаа и ми беа интересни активно се вклучував.Имам добар карактер се однесувам културно,и избегнувам да навредувам или на било кој начин да омаловажувам некого.Не излегувам многу често понекогаш на кафе,на некоја вечера.Кога сум во друштво незнаам да се опуштам подобро се чуствувам кога пијам.Тогаш се чуствувам многу подобро и поинаку.Не пијам често знам дека решението не е во пиењето.Девојка немам тоа е сигурно моја вина физички имам просечен изглед .Многупати до сега ми се пружале шанси да имам нешто се некое девојче но поради мојата срамежливост се пропаѓаше во вода.Ме сметаат за прилично сериозна личност.Самодоверба немам некоја посебно.Пр да пријдам на некое девојче,но имам амбиции за успех во животот во кариерата и активно се борам за тоа.Понекогаш недостатокот на самодоверба знае да се покаже така честопати додека одев на пракса во клиничка - бидејки сум по смер медицински брат ми се случуваше при боцкање инјекција да ми се стресат рацете.Прилично ми беше непријатно кога тоа се случуваше.Се решив да се запишам општа медицина во скопје и да продолжам во стручна надградба и усовршување бидејки многу ја сакам медицината.Понекогаш се прашувам дали треба да посетам психијатар за анксиозноста,апчиња не сакам да користам поради сите негативни ефекти.Некако ми преставува понижување да одам на психијатар,го знам мојот проблем и се обидувам самиот да го решам но незнаам дали ке успеам.Анксиозноста сметам дека ми е предизвикана од измачувањето во училиште од наставничката која ми предаваше до трето одд.Ме омаловажуваше и ме удираше кога не знаев некои работи.Јас грешев што не се доверив на моите родители туку им кажував дека е се во ред.За мојот проблем не сум зборувал со никого нема шанси на близок да кажам.Ве молам за ваше мислење.
Кога доживуваш напад на анкциозност се обидуваш да го сокриеш ова од другите, однесувајќи се како се да е во ред. Ова само ти ја зголемува анкциозноста и те праќа на работ на целосна паника. Според сопственото искуство ова е единствениот и најголемиот "страв" од внатрешниот немир. Стравот дека другите луѓе сфаќаат дека доживуваш напад на анкциозност. Се осеќаш одделен од себеси, сакаш да избегаш од тука и да се скриеш во некоја дупка, меѓутоа секогаш се преправаш дека се е ОК. Барем пред другите луѓе.
Постојат три работи што можеш да ги направиш да си помогнеш:
1. Научи да медитираш. Единственото нешто што ти создава паника се твоите сопствени когнитивни процеси. Мораш да научиш како да си го испразниш мозокот на некое време, да мислиш на ништо. На овој начин кога ќе треба да решиш сложени проблеми релативно брзо доаѓаш до информиран заклучок, нема да бидеш прекинат.
2. Форсирај се да се вклучиш во настани каде ќе бидеш ставен во центарот на вниманието (јавно говорење, јавни презентации итн). Ова ќе ти го намали стравот од јавен неуспех со тоа што ќе те донесе до ситуација каде што ќе утнеш нешто пред другите луѓе и ќе сфатиш дека тоа воопшто не е страшно или срамно.
3. Престани да ја сокриваш твојата анкциозност од луѓето околу тебе. Нареден пат кога ќе доживееш напад на анкциозност веднаш кажи им на луѓето околу тебе. Кажи им дека имаш напад на анкциозност и дека ти треба мала пауза. Не се замарај со тоа што ќе мислат за тебе. Нив не им е ни гајле но сепак кажи им. Ова ќе направи чуда за твојата самодоверба. Откривајќи ги стравовите пред светот, тие веќе не можат да те повредат. Стравот владее се додека не е изложен на светлината.
Внимателно слушни ги последните зборовите на судијата и врежај си ги во глава. Ова е твојата нова мантра: