- Член од
- 14 октомври 2010
- Мислења
- 5.152
- Поени од реакции
- 16.095
Не сум јас психолог, затоа не ни знам што би му рекла кога би била. Како можам да го советувам за нешто од што поима си немам?Инаку @MAJA 345 ти кога би била психолог како би го советувала? Би му кажала да се спротистави? Или да продолжи да бега?
Ти пак не капираш девојче.
ТОЈ НЕ МОЖЕ САМ ДА СЕ СООЧИ СО ПРОБЛЕМОТ. Ти може можеш, јас можам, некој трет може, тој не може бре. И не е така едноставно од денес за утре јас ќе решам да се менувам.
Ти му викаш да промени ова, да промени она. Па и јас тоа му го викам, и сите овде, али нему му треба помош од било кој за да го сфати тоа.
Психата е најзаебана работа, не е толку едноставно.[DOUBLEPOST=1401193927][/DOUBLEPOST]
Каде се неговите во приказнава? Зборувај со нив, тие можеби ќе можат да допрат до него. Ако ти не си моќна да му помогнеш, нити другарите, можеби тие можат.Дечкото што сум со него завлезе во тешка депресија .... никој жив ни другари ни братучеди не можат да го добијат на тел , а камо ли да го изнесат од дома .... Се случува и јас да не можам да го најдам по цел ден го снемува едноставно се изолира .... Мене па често ми се јавува спрема другарите кои едвај 3 пати неделно дали можат да го најдат на тел . Кога и да не се јави дента , пример утредента кога ќе го прашам зошто дали бил добар ми вика дека не му се разговарало со никого .... Се осеќал лошо , нерасположено , до ништо дека не му било .... Јас ја знам причината на сево ова ама не сум моќна да помогнам околу таа ситуација .... Не можам од дома да го извадам последен пат кога го намолив не беше излезен од дома недела ипол !И другарине многу многу веќе не се замараат со него , мислат дека ги заебава намерно дека не им се јавува , намерно ги игнорира , а знам дека не е така...
Дајте некој совет како да му помогнам , јас више памет немам што и како да правам .... а премногу ми значи како личност , не можам да гледам и да слушам дека му е таква никаква ситуацијата , едноставно и по гласот го осеќам кога е паднат кога е подобар. Немам веќе ни идеи како да му помогнам , немам веќе ни некое паметно решение