Скопјанец три години печалел во Ирак- неговата љубена потрошила се!

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Скопјанец три години печалел во Ирак- неговата љубена потрошила се!
Петок, 04 Јули 2014 16:23


Дваесет и шест годишниот Драганчо Баланчевски останал и без љубов и без пари, откако три години работел во Ирак за да заработи и да ја побара неговата девојка за сопруга, но таа го оставила.
ostaveniot500.jpg


По големото разочарување следело уште пострашно, сметката на која цели 3 години се полнела од заработката од Ирак, останале само три плати. Девојката не го сакала повеќе Драганчо, но заработените 80 илјади евра „да“, раскажа 26 годишното момче за Канал 5 телевизија.

- И дадов полномоштво, но во меѓувреме и давав и пари за да живее убаво како што сака, изјави младиот скопјанец Драганчо Баланчевски.

Со документи во рака тој покажа како се трошеле заработените пари. Жали, што мора некогашната сакана во иднина да ја гледа на суд, за да се ги врати мачно заработените пари.


- Ќе одам на суд, ете оние пари што ми ги оставила ќе мора да ги користам сега за на суд, порача Драганчо Баланчевски.

Драганчо ќе се врати да работи во Ирак. Не се откажува од правдата. Верува дека судот ќе пресуди правилно. Со солзи ја заврши приказната.

- Веќе не верувам во сопствените очи, страшно не може човек никому да верува, истакна на крајот несреќниот Драганчо Баланчевски.
http://www.kurir.mk/makedonija/vest...ecalel-vo-Irak--negovata-ljubena-potrosila-se


Љуби, Љуби главу не губи,....
 
Верувај и пак на девојка која како прво не ти е ни жена уште.. Cant blame him that much tho.
 
Верувај и пак на девојка која како прво не ти е ни жена уште.. Cant blame him that much tho.

А каква врска има дали ти е девојка или жена?и жена да му била пак ќе го направела истото.
 
Треба да и го објави името , а тој испадна наивен и прост давајќи ги парите на девојката а не на фамилијата.
 
Сто посто оваа му има бидено прва љубов во животот,а очигледно и последна.
 
Малиот ѓавол, ако поседел уште некоја година, сумата драстично ќе се зголемила, се спасил на време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom