Косово почнува со изградба на автопатот Приштина-Блаце
Косовската Влада ја прифати понудата на конзорциумот Бехтел-Енка , и со 600 милиони евра ќе се изгради автопатот кон Скопје.
Веќе утре ќе се започне изградбата.
Ова е веќе втор голем инфраструктурен проект на Владата на Хашим Тачи , после изградбата на автопатот од границата со Албанија до Приштина.
И двата проекта се градат со буџетски средства на Косово.
Од партијата Самоопределување ја обвинуваат Владата дека таа е Влада на асвалтот.
Додека од амбасадата на САД ја поздравија одлуката. (пошто Бехтел е америчка компанија).
Албанија-Приштина , завршен
Приштина-Македонија , почнува