Премиер-лигашите од Ла Лига земаат многу повеќе играчи, отколку обратно. Односот е сигурно 3-1, ако не и повеќе.
Ама ако се погледат парите, шпанците дале многу повеќе за играчи од ПЛ. (тие земат 10 играчи за 50 милиони, а Барса и Реал со 3-4 трансфера од премиерлигашки клубови потрошиле над 200 милиони)![]()
Секој од Бејл, Роналдо и Суарез(ако дојде) беше/е најдобар играч во Премиер Лигата. Погледни го Тотенхем како се распадна после Бејл, Јунајтед го одржа нивото ради генијалноста на Фергусон но реално ако останеше ќе лапнеа барем уште една ЛШ, за жал многу и веројатно е дека Ливерпул го чека истата судбина од едноставна причина што се работи за играчи кои се во топ 5 во моментов и се скоро незаменливи па нормален е падот на екипите а со нив и лигата.
Од друга страна точно е дека доста Шпанци од другите тимови одат во Премиер Лигата, ама Шпанските академии а и скаутингот работаат турбо. Пример си отиде Силва, одма се зема Иско, си отиде Негредо а за минимални пари најдоа скоро исто квалитетен играч во Бака. Шпанските екипи се финансиски инфериорни ама на огранизациски план се скалило пред Англичаните.

