jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
Ова е тема која може да стане клучна за состојбата во регионот и пошироко, а гледам ја нема опфатено тука. Независен Курдистан, не само што може да ја смени политичката карта на блискиот исток, туку има капацитет да ја смени политичката структура во поширокиот регион.
http://makfax.com.mk/svet/vesti/netanjahu-se-zalaga-za-nezavisnost-na-kurdistan
------------------------------------------------------------------------------------------------------
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанхјаху пружи поддршка за формирање курдска држава, заземајќи го ставот спротивно на американските желби Ирак кој е практично разорен од секташките судири да остане обединет.
„Би требало да ги поддржиме курдските аспирации за независност. Курдите се борбени и тоа го покажаа со своето политичко определување, како и со политичката умереност, па сметам дека заслужуваат политичка независност“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата на универзитетот во Тел Авив, притоа истакнувајќи дека Ирак и другите региони на Блискиот исток се распаднале во судирите меѓу шиитите и сунитите, како што се случајот и во соседна Сирија.
Вашингтон во последните изјави навести дека посакува одржување на обединетиот Ирак, а минатиот вторник американскиот државен секретар Џон Кери ги посети челниците на ирачките Курди и ги повика притоа да се ангажираат на политичката интеграција со Багдад.
Израел со Курдите уште од 1960 година одржува дискретни воени, деловни и разузнавачки врски и оваа малцинска етничка група ја гледа во тампон зоната против заедничките арапски непријатели.
Курдите ги искористија неодамнешните секташки судири во Ирак да ја прошират својата автономија во северните области коишто би го вклучувале и градот Киркук, единствен град кој остана надвор од курдската автономна област инаку сместен на големите наоѓалишта на нафта, што потенцијално независната држава би ја направило економски одржлива.
Меѓутоа, ирачките Курди, како и нивните повеќе милиони сонародници во Турција, Сирија, и Иран, се колебаат да прогласат целосна независност, стравувајќи од реакциите на овие соседни земји.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------