Може ли да препорачате некоја тастатура.
Го склопив стариот компјутер и ја ставив старата тастатура (стара 10 год)
Сега сакам бежична да купам, некоја добра. Јефтина ал добра.
ја размислувам за
Keyboard KB-BTF3-B-US Bluetooth Flexible Rechargable Black од
anhoch
ама не ми се дава 1000 за тастатура.
и дали оваа ќе работе со Windows и дали иде такво Bluetooth USB?
Јас сакав ваква да купам, но се предомислив. Прогуглав и прочитав многу негативни коментари. Од типот дека после одредено време, не фаќаат убаво копчињата (пошто нели е од гума). Избелуваат копчињата (до душа и онака не ги гледаме буквите кога пишуваме, но сепак), чудни биле за типкање, поспоро регистрирале куцање и потешко е привикнувањето...
А ептен имав мерак за таква, имаше многу бои, што ми одговараа во соба.
Сепак си земав безжична, но не и гумена. Од една страна е супер, дека нели можеш да си ја шеташ. Ама што фајде кога ќе се одалечам од монитор, ништо не гледам што пишувам.
Башка може да се најде некој паметен, да ти ја зима тастетурата и да се бркате.
Инаку препорачливо е да си купиш полнач за батерии. Бидејќи алкалните се трошат ептен брзо. И цело време само ќе треба батерии да купуваш. Најзезнато е кога на сред пишување ќе престане да работи. Јас си земав комплет со маус, безжични, и сва среќа што не седам многу на компјутерот, пошто ќе ги фрлам од прозор, ќе ги распарчам.
Иначе иде со едно минијатурно узб, го пикаш у куќиште и тераш. И да, може у Windows.
Е сеа извини што малку ти го расипав филмот, али ја ако сеа бирам, би бирала со кабел, пошто кабел си е кабел.