Законот на Телема

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Имаш тема за прашања до модераторите и прашања до администраторите. Доколку некоја тема е на несоодветен подфорум, тие се оние што ја преместуваат. Штом досега не ја преместиле на друг подфорум, значи сметаат дека е на соодветниот.
Да опстане еден ред, дали е потребно да биде ред со тајни или редот да биде таен? Овие 2 нешта на некој начин се поврзани. Но која од овие 2 нешта има поголема улога при функционирањето на вашиот ред? :)
 

Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306
oto e religiozna grupacija.:)
Ако е така, јас немам проблеми.
Нека си признаат, јасно и гласно.
За да знам како да ги третирам.

ИбраКадабра Гооооооооооооооооооол...:cuc:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Има официјална страница Редот - оди види... и научи конечно за Редот :)
Сеуште од тука чекаш за Редот да научиш нешто? Не е доволно ова, затоа имаме официјални страници, предавања и слично... За да неукиот кој што сака да научи, да научи !
Моето поимање на Редот, или пак на @Ipsissimus - не мора да е официјален став на Редот во однос на работите... дали се разбираме?

Да опстане еден ред, дали е потребно да биде ред со тајни или редот да биде таен? Овие 2 нешта на некој начин се поврзани. Но која од овие 2 нешта има поголема улога при функционирањето на вашиот ред? :)
За да опстане Редот потребно е да биде Ред. Ништо друго :)
Тајноста на еден Ред се состои од тајни иницијации, симболи и пракси кои не е дозволено да ги знае друг. Тајноста доаѓа од Светилиштето кое се чува од раката на профани и нивното „разбирање“ на симболите и уредувањето.

Од друга страна Редот е „таен“ само ако така одлучил иницијантот.
Да објаснам:
Јас знам луѓе кои јавно кажуваат дека се Телемити и иницијанти во Редот...
Но истите тие може да зборуваат само за себе, не смее во никој случај да зборува за друг, посебно ако тој друг рекол дека сака да биде таен.
Така Редот е полу-таен во однос на иницијантите, но е таен во однос на теоријата и праксата !

Мислам дека успеав да доловам тоа што праша... разбрав што прашуваш, ама колку и да сакам да напишам накратко, секоја мисла ме води да објаснувам од каде пак сето тоа... :)

П.С. Ако може да почнете да правите разлика од Телема и О.Т.О. !!! После толку време, треба да знаете што е разликата :cautious:
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да опстане еден ред, дали е потребно да биде ред со тајни или редот да биде таен? Овие 2 нешта на некој начин се поврзани. Но која од овие 2 нешта има поголема улога при функционирањето на вашиот ред? :)
@Хептаграм XI веќе ти одговорил. Јас само би додал дека тајноста во смисла како што ја знаеме во секојдневието се однесува на идентитетот на членовите и на лозинките и знаците за распознавање помеѓу членовите, и според мене тоа е начин да се стави на испит доследноста на кандидатот да се држи до дадениот збор. Човек што не е од збор, не е човек кој некој би сакал да го смета за Брат нели?

Што се однесува пак до Тајните во езотериска смисла, тие не се нешто кое е скриено од очите и ушите...не се тајни во класична смисла како предходниот случај. Тие се повеќе.....ниво кое треба да се осознае - достигне, а не податок или информација што не треба да се соопшти некому.
Се надевам дека бев јасен. :)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ако е така, јас немам проблеми.
Нека си признаат, јасно и гласно.
За да знам како да ги третирам.

ИбраКадабра Гооооооооооооооооооол...:cuc:
Па секако дека е така. Еве ако грешам нека ме поправат.

Себе си се нарекуваат уште и окултни гностици.

Веруваат дека универзален закон е оној што го диктирал Ајваз. Ајваз се повикува со помош на магиски ритуали.

Магијата ја сметаат за извор од кој со тек на време, се развива науката. Ја сметаат и за уметност, и сметаат дека "знаењето" се добива преку сопствени мистични состојби на свест.

Себе си се сметаат за одбраните, кои ќе го спасат човештвото.

Сметаат дека на Човекот на Новиот Еон, му ја нудат највисоката вистина.

Сметаат дека Новиот Еон започнал токму на фамозните 3 дена на почетокот на април (8, 9 и 10 мислам) додека Ајваз диктирал.

Сите овие елементи укажуваат на религија, но не како онаа дефиниција општоприфатена и наметната дека мора да постои класично ообожување на Бог. Таквата дефиниција произлегува од двете монотеистички религии и нивната поставеност во светот со векови наназад.
Со таа дефиниција изгубена е суштината на религијата и нејзиното значење.

На крајот ќе излезе дека ОТО има многу повеќе елементи на она што значи религија. И спротивно од тоа, токму двете најголеми религии на денешницата, особено Исламот се уствари робови на институциите кои ги држат одредени групации.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ајвазот може ли да ми каже дали Холандија ќе победи?
Треба некој да го повика за да ја даде таа информација. :) Башка не веруем дека е по фудбалот.

Не ти треба Ајваз за тоа. Се гледа дека тешко оди. Мексиканциве се одлично подготвени и на физички и на тактички план.

Можно е продужетоци и на овој меч.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Bog

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Веруваат дека универзален закон е оној што го диктирал Ајваз. Ајваз се повикува со помош на магиски ритуали.

Магијата ја сметаат за извор од кој со тек на време, се развива науката. Ја сметаат и за уметност, и сметаат дека "знаењето" се добива преку сопствени мистични состојби на свест.
Универзалниот закон е оној што не зависи од ничие верување, веќе е дискутирано за тоа. Ако некој сопствените сознанија може да ги види во симболиката и принципите на телемата, тогаш во нив може да гледа појдовна точка од која ќе ја истражува сопствената суштина и нејзината поврзаност со се останато.
И морам да те поправам во врска со вториот болд, во телемата се користи терминот магика, магија е сосема друга работа.
Себе си се сметаат за одбраните, кои ќе го спасат човештвото.
Незнам од каде ти е овој заклучок, но погрешен ти е. Ние не нудиме спасување, ниту сметаме дека човештвото треба да се спасува......секој ќе биде тоа што е, никој нема да биде воздигнат ниту понижен.
Сметаат дека на Човекот на Новиот Еон, му ја нудат највисоката вистина.
Тоа што се нуди е поинаков начин на гледање на нештата, поинаква перспектива - парадигма....вистината си е вистина, има само различни начини да се стигне до неа.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Не многу точно во врска што нуди Редот, објаснето е во врска со тоа „избрани“ кое постојано се провлекува и е досадно да се објаснува веќе... но собрано во глобала добро е (y)
Аиваз не мора да се повикува со ништо како и многу други елементи кои потсетуваат на верување а со тоа и на религија (сеуште се цица од веќе исушената боска на старо-еонските принципи).

„Магијата ја сметаат за извор од кој со тек на време, се развива науката. Ја сметаат и за уметност, и сметаат дека "знаењето" се добива преку сопствени мистични состојби на свест.“ - @Donald Sikert
Сосема неточно. Побарај кај мене на блогот за магика, магија и уметност и види што како... има извадоци од книги кои вие не ги имате и кои не сте ги прочитале за да давате барем една добра критика која ќе има основа !!! :(
 

Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306
Следен оф-топик на темава, бан 1 недела.
Темава религиозна ли е?
Кажи ни да знаеме какви прашања да поставуваме?
Ако е фудбалска, други прашања ќе поставуваме.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Темава религиозна ли е?
Кажи ни да знаеме какви прашања да поставуваме?
Ако е фудбалска, други прашања ќе поставуваме.
Шериф ќе изиграваш по темиве?
Bog напиша:
Ајвазот може ли да ми каже дали Холандија ќе победи?
Значи, следен оф-топик = бан. И не ми реплицирај на оваа порака, пошо ќе го сметам за оф-топик. Сериозен сум.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Темава религиозна ли е?
Кажи ни да знаеме какви прашања да поставуваме?
Ако е фудбалска, други прашања ќе поставуваме.
Религиозна е темава. ОТО е религиозен ред.

Никој од нив не следи фудбал. Затоа и го сметаат за оф топик;)

Јас чекам @Ipsissimus да дое до осми степен и да поразговараме тогаш за ритуалот популарно наречен Магиска мастурбација или Тајните бракови меѓу луѓето и боговите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Bog

Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306
Религиозна е темава. ОТО е религиозен ред.

Никој од нив не следи фудбал. Затоа и го сметаат за оф топик;)

Јас чекам @Ipsissimus да дое до осми степен и да поразговараме тогаш за ритуалот популарно наречен Магиска мастурбација или Тајните бракови меѓу луѓето и боговите.
А замисли го деветиот ритуал....брррр...страв ме фаќа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Веруваат дека универзален закон е оној што го диктирал Ајваз. Ајваз се повикува со помош на магиски ритуали.
Да. Но, проблемот јас не го гледам во не/постоењето на Ајваз, туку во неговата природа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom