мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 20.150
- Поени од реакции
- 25.366
Не алудирав стриктно на исселеници, само нагласив пошто таква е тамата, а и веројатноста е поголема. И нормално да бидат известени , мислам таман работа ако не се. Но што ако тоа не е можно, едноставно ни трага ни глас.Таквите објекти треба на лицитација да се дават одма,оти државата може споменик да крене на тоа место.
Владе алудира стрикно на иселениците,шо според мене исправно е да се најде начин да се известат дека ќе им се одземе правото врз објектот.
Проблемот е како ќе гласе законот ? иселен 10 години му го зимаме ? @мкд владе![]()
И не е проблем како ке гласи законот туку што би пишувало во него.
Инаку не беше зборот што после со тој објект туку кога престанува соопственоста врз тој објект. Дали ке се руши, дали ке се пренамени , дали ке се донира на социјално загрозени лица или нешто сосем трето е небитно во случајот и тоа најверојатно би зависело од случај до случај. Мене повеќе ме интересираше како гледате на тоа, а не што би се случило со имотот отпосле. Можеби и воопшто не се работи за куќа или стан. Можеби е парцела или нива или сосем нешто друго.[DOUBLEPOST=1403772246][/DOUBLEPOST]
Изгледа не се разбираме. Значи тука не станува збор за било кој имот туку за имот кој нема газди или газдите го имаат скроз баталено, што би рекле и покрај известувањето едноставно не се интересираат за имотот. Ако правиме муабет за имот кој е на локација која претставува пречка за општата благосостојба на граѓаните тогаш не е оваа тема каде би се дискутирало за тоа безралика дали тој имот има или нема гази, дали тој имот е на исселеник или на мештанин.А замисли, некој има не толку убава куќа и некој инвеститор сака да го лапне местото?
Сето тоа е убаво што го викаш, ама види што настана од скопје кога се децентрализира, посебно центар (Аларова, Тинекс) се даваа дозволи за градба како локуми. Не можеш да ме убедиш дека тоа со конфискацијата е ок, затоа што кај нас сеуште не функционира системот т.е функционира на база кој даде повеќе пари. За ова што го викаш, ок ќе има некој што ќе процени дека треба дали да се конфискува и тој ќе биде дебело нафатиран.
Исто има некој што проценува дали одредена зграда треба да помине технички преглед и ете скоро сите нови згради се катастрофа, слаба звучна изолација, слаба циркулација на воздух и ред други работи. Едноставно кај нас работите не функционираат, ама може ти не живееш во Македонија
Во глобала се што спомена погоре држи вода и не само тука туку секаде по белиот свет, дури и можеби повеќе. Ти кажаа пример погоре каде ради една куќа или парцела цел пат е намален. Такви примери има во секое место. Исто ти кажаа пример како тоа би се регулирало во други држави. Но сепак таа дискусија не е за во оваа тема.
Ако ме прашуваш мене ( во врска со болдот) мислам дека кога би постоела таква опција од страна на државата тогаш ако ништо друго газдите на таков имот би размислиле два пати дали ке го остават на забот на времето или ке го решат на ваков или таков начин. Дали ке го препишат на друго лице, дали ке го продадат или нешто сосем трето, битно дека најверојатно нема да го остават така да седи нефункционален и да пропаѓа знаејќи дека државата има можност да им го конфискува и да останат и без каква таква заработка од тој имот.
Последно уредено: