F
FARANG
Гостин
Еве се изнапиша толку, и да ти кажам ме "разубеди".
Бидејќи кажа дека си од Австралија, не си уште "newcomer", или се претопивте и вие во Кенгурите, освен ГЛАД груп газдата не познавам успешен бизнисмен, зборам за Австралилски стандард пошто таму живееш. Зошто се трудиш да ми објаснуваш кога таму имаш контрола од државата бетер од комунистичка Југославија, џандари те мрцварат за најмала ситница, а кенгурите ве сметаат за граѓани од втор ред, работи ли некој наш во нивната администрација на пример, нашите градоначалници се сеќавам се љубители на грци, а сте патриоти од 24 часа лет од Автралија. Еве да ја збришат Македонија ќе пратиш пари за нејзина обнова, или ќе речеш, бев Македонец, сеа сум австралијанец (кенгур). Ти ја кажуваш таа вистина, а не кажуваш кои населби ги населувате во Автралија, кој они таму ги сметаат ко ние, што го сметаме Жбазди. Што да се фалиме со вас, кога неможете да се сплотите во една организација и да делувате за признавање на Македонија, бетер сте од тука кај нас, ако некој јапанац ја јавнал ќерката, ја отпишувате во вашиот живот. Пријателе убаво живеј си во Австралија, ама не ме буцкај дека таму си на исто ниво со кенгурите, кога не си. Освен ако си трета генерација и немаш чувство за патриотизам, кое по горе напишаново се гледа. Кога ќе се израмниш барем со грците во Австралија пиши ми поракче да знам. Еве има близначки од АУС (македонки), во Охрид и ја претсавија Австралија изворно. Џабе ти се утепа од куцање
![]()
Бујрум во Aвстралија прво да видиш во живо дали е така па ќе правиме муабет. Вака тоа ти што си мислиш нема врска со реалноста. За почеток The Glad Group се гигант во секоја смисла на зборот, остај австралиски стандарди за фамилјарен бизнис они се во првите 0,001% во светот. Огромна компанија со 5000 вработени почнато од 0. Такви баш нема не до тој степен ама има други (помалку вработени, мешан капитал итн) дури и по профитабилни од нив

Џандари за што те мрцварат бе? Кенгурите што?

Наши во нивна администрација? Па овде никој жив неќе да работи во администрација бе, зашто во приватниот сектор се заработува и дупло повеќе... Да иначе има 2-3 градоначалници, до скоро главниот џандар во Викторија беше македонец, имало дури и советници на премиерот и тоа по економски прашања

Населби кој ги населуваме? Сегде не има. Порано првата генерација живееше позбиено што е нормално, сакале да си се блиску ама денес се повеќе сме распрснати. Не има во евтини и скапи населби.
Еве во македонското „гето“ во сиднеј Рокдејл (населбата на ФК Рокдејл Илинден) - просечна цена на куќа е 770 000 долари. http://www.domain.com.au/public/SuburbProfile.aspx?suburb=Banksia&postcode=2216&mode=buy
Во мелбурн македонско гето ти е Престон (ФК Престон Македониа) со просечна цена од 630 000 долари. http://apm.domain.com.au/Research/?AddressLine=3072&LocationType=Postcode&State=VIC&PostcodeId=767
Ова се населби на 10км (прва зона) од центарот на градот. Имај на ум дека мелбурн површиски ти е колку една третина на Македонија и е град со популација на 2 и пол македонии. Во општо не живееме лошо не се секирај.
Да делуваме за признавање на Македонија?


За она на исто ниво со Австралиците незнам што сакаш да кажеш, јас воопшто не се чуствувам инфериорен на нив, живеам во наслеба во која углавно живеат австралци и евреи, си имам свој бизнис, работам со сите и со никој немам проблем.