Интернет кампања: Сакаме стадион во Битола!

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.845
Поени од реакции
23.246
Фудбалските фанови од Битола од денеска преку социјалните мрежи покренаа акција наречена „Сакаме стадион во Битола“. Тие велат дека акцијата е потикната од континуираното запоставување на Битола во однос на капиталните проекти во Скопје.

- Градот нема спортска сала, ако не се смета старата изградена пред 35години, која целосно се распага. Стадионот е тотално распаднат, нема затворен базен, од спортски објекти има само две добри тениски игралишта и толку! Од 25 јуни почнуваме кампања преку Фејсбук и преку интернет порталите. Бараме буквално сите граѓани што ги знаеме и познати и обични луѓе, да се фотографираат на еден обичен лист хартија со порака: Сакаме стадион во битола! Веќе прифатена ни е помошта од доста познати македонски фудбалери, спортски новинари и неколку актери – велат навивачите од Битола.

Ова е нивната фејбук-страница.

Браќата Давид и Доријан Бабунски веќе ја дадоа својата поддршка
timthumb.php

И 5000 да собира и 50 000 да собира стадионот, пак на него ќе има 500 души пошо Пелистерци не знаат да одат :pos:
 
Јас сакам да одгледувам какао во Македонија и да станам чоколаден тајкун.
 
И 5000 да собира и 50 000 да собира стадионот, пак на него ќе има 500 души пошо Пелистерци не знаат да одат :pos:
абе ај зашо ке ви е :D
Јас сакам да одгледувам какао во Македонија и да станам чоколаден тајкун.
незнам што е форава со исмејувањето... тоа што негледате подалеку од кисела вода, незначи дека нема други градови во Македонија. Состојбата е очајна и луѓето од Битола сакаат нов стадион. Зборуваме за град од 80000 жители во кој се нема инвестирано ни ебан денар, а секојдневно буџетот се полни и од тој град.

И да е ривалство во прашање ова е глупо македонско понашање од типот „да му умри козата на комшијата“. Крај краева подобро спортски комплекс во Битола отколку панорамско тркало во Скопје.
 
Ти држи вода теоријата дека подобро е спортски комплекс во Битола отколку панорамско тркало во Скопје.

Но не мислиш дека отворање на нови работни места на подолг временски период, а не само за градежни работници - кои ќе работат само додека се гради тој спортски комплекс, а потоа повторно ќе бидат оставени сами на милост и немилост на околностите - би било подобро решение за намалување на невработеноста и за задржување на младите во Македонија и уште поважно, во нивните родни места, а не да бегаат во Скопје ?

Не мислиш дека подобро би било во Битола да сакате рестартирање на некоја стара фабрика, под претпоставка дека имате таква фабрика, или отворање на нови производствени погони за готови производи кои ќе се пласираат на македонскиот пазар и на балканските пазари, со што би имало повеќе работа за повеќемина на подолг временски период, а не само додека има потреба од мешање бетон и малтер ?

И кога сме кај проклетиот спорт, до толку сите проблеми на битолчани се решени, па само стадионот остана за решавање ?
 
Dechki, ova e vekje videno.
Ne deka ne ja poddrzhuvam inicijativava, ama ste trebale da bidete malku poinovativni.
 
Па напраија предизборна програма од 10 000 страни, земете пролистајте ја, може двојче го вметнал и стадионот во Битола во неа.
 
Последно уредено:
Ти држи вода теоријата дека подобро е спортски комплекс во Битола отколку панорамско тркало во Скопје.

Но не мислиш дека отворање на нови работни места на подолг временски период, а не само за градежни работници - кои ќе работат само додека се гради тој спортски комплекс, а потоа повторно ќе бидат оставени сами на милост и немилост на околностите - би било подобро решение за намалување на невработеноста и за задржување на младите во Македонија и уште поважно, во нивните родни места, а не да бегаат во Скопје ?

Не мислиш дека подобро би било во Битола да сакате рестартирање на некоја стара фабрика, под претпоставка дека имате таква фабрика, или отворање на нови производствени погони за готови производи кои ќе се пласираат на македонскиот пазар и на балканските пазари, со што би имало повеќе работа за повеќемина на подолг временски период, а не само додека има потреба од мешање бетон и малтер ?

И кога сме кај проклетиот спорт, до толку сите проблеми на битолчани се решени, па само стадионот остана за решавање ?
јок.. не сум од Битола , од Прилеп сум..
Тоа време на отварање на фабрики од државата умре. Сеа е капитализам, време кога самите треба да се бориме за корка леб со сите околку нас. Тоа што државата ни е срање и домашните инвеститори не постојат, а странците не есплоатираат е друга приказна за на друга тема.

Муабетот е за спортскиот комплекс наспроти објект како панорамското тркало. Во секоја општина е добро да се има убав репрезентативен објект кој може да се користи за многу намени. Место каде младите фудбалски таленти ќе играат, ќе има изложби на кучиња, концерти. Добар стадион значи добро тло за инвестиција во клубот од странство со што ќе се зголеми конкуренцијата во домашното првенство, а уште подобро ќе се вадат таленти за во репрезентација или за надвор.
Како и да е спортски центар ќе предизвика само позитивни работи за Битола а и за Македонија.
 
Кај шо немаат аеродром, па ни стадион немаат.

Јбг, мораше некој, не се љутете :D
 
Поентата е што и кецот од скопје и двојче од битола ова им го продаваат за топла вода на битолчани послдниве 10+ години. Постојано добиваат а после се губат до наредни избори и јово на ново додека не ја фатат фотељата. Не, ова не партиски, ова е линија помал отпор исто како и во ПП.
ова е од 2012, еден човек со казма и лопата да најдеа и да го пуштеа да руши ќе го турнеше до сега стадионот за да го преправат по овај план. Ама не, локалните и парламентарните завршија а на Гоце Делчев ново е само што тревата на терен се исуши а трњето околу пораснаа на моја висина. Во Битола, избори=тураме лопати, после избори нова изградена дискотека на местото каде треба да е прошитрениот дел од стадионот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom