- Член од
- 29 септември 2013
- Мислења
- 740
- Поени од реакции
- 628
ПО 35 ГОДИНИ СЕ МОДЕРНИЗИРА ЖЕЛЕЗНИЦАТА
ОД ИДНОТО ЛЕТО ЌЕ СЕ ВОЗИМЕ СО НОВИ ВОЗОВИ
Договор за набавка на нови четири дизел моторни гарнитури и две електромоторни гарнитури за превоз на патници во железничкиот сообраќај потпишаа вчера македонската Влада и кинеската корпорација ЦСР, една од најголемите компании во светот за производство на вагони и локомотиви.
Првите гарнитури треба да стигнат идното лето. Нивниот капацитет е за околу 1.200 патници, целосно ќе бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети, енергетски ефикасни и ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност. Инвестицијата за овој проект е 25 милиони евра, пари од Европската банка за обнова и развој, а доаѓа по 35 години од набавката на последниот нов воз во Македонија.
Дополнително, со 15 милиони евра почна набавка и на товарни вагони, а со уште 10 милиони евра ќе се рехабилитираат гарнитури на постојни возови за и тие да се оспособат, така што вкупната инвестиција за обнова на целиот возен парк на „МЖ Транспорт“ е 50 милиони евра.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по потпишување на договорот рече дека очекува тој да биде исполнет во рокот и во летото 2015 година по македонските пруги да сообраќаат нови, модерни и економични вагони и локомотиви. Посочи и дека оваа набавка на нови вагони е дел од голем инвестициски циклус во железницата, во кој се и почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија и реконструкција на Железничката станица во Скопје.
- Инвестицискиот циклус во следните четири години ќе изнесува над 250 милиони евра. Со оваа голема инвестиција целосно ќе се трансформира и ќе се модернизира македонскиот железнички сообраќај. Железницата не само што е најекономичен начин на транспорт и превоз, туку и најпријатен, лично мене ми е најомилен начин на превоз. Но, факт е дека во Македонија таа не беше целосно искористена. Причините за тоа се недостатокот на инвестиции, и во инфраструктура и во вагони и локомотиви - рече Ставрески.
Договорот за набавка го поздравија министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот директор на „МЖ Транспорт“ Оливер Дерковски, нагласувајќи дека со него се врти нова страница во развојот на македонската железница.
- Почнуваме со креирање една нова, поинаква слика за железничкиот транспорт во нашата земја, посебно затоа што последниот воз е набавен пред 35 години. Продолжуваме со модернизација на состојбите во железничкиот сектор и негово максимално насочување кон потребите на граѓаните со квалитетен и ефикасен патнички превоз, со модерни возови какви што заслужуваат македонските граѓани - рече Јанакиески.
Заменик-претседателот на корпорација ЦСР, Шу Цонгшијанг, се заблагодари за довербата од Владата на РМ и рече дека ќе ја оправдаат со исполнување на договорот.
- Во Македонија потпишуваме прв договор и е многу важна иницијативата на македонската влада да го подобри јавниот транспорт. Ветувам целосно исполнување на договорот и јас лично постојано ќе внимавам на спроведувањето на овој проект, ветувам дека ќе ја оправдаме довербата и ќе понудуме супериорен квалитет и сервис - рече Цонгшијанг, кој на владините претставници им подари минијатури од моделот на возовите.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=31BDAD7DD622984099812CF408F5C693

Последно уредено: