СП 2014 - Група А (Бразил, Хрватска, Мексико, Камерун)

  • Креатор на темата Креатор на темата Uli Hoeneß
  • Време на започнување Време на започнување
За дом спремни, знаев дека експресно ке се вратат дома уште кога се квалификуваа, једино зашто отидоа на првенството е глупирањето и тренирање строгоќа на Михајловиќ.
 
Генијалец е тренеров на Мексико алал да му е. Прво се чудев зошто Чичерито не е уште од почеток ама генијално ја изигра тактички, плус и одбрана имаа добра.
 
Сирот Плетикоса, го изрешетаа Мексиканциве као да е Северина.
 
Мексико одлично одигра вечерва,им ги затворија Модриќ и Ракитич и останатите немаа што да бараат повеќе.Манџо отсечен,Олиќ се мртвареше со топката,а Прањик ја праќаше на трибини.
Одбраната беше на ниво,но во второ полувреме почна да попушта,кога мексиканците навалија на нивниот гол.

Ништо посебно не одиграа хрватите,Мексико ПРЕзаслужено иде даље,а и симпатична репрезентација се
 
Генијалец е тренеров на Мексико алал да му е. Прво се чудев зошто Чичерито не е уште од почеток ама генијално ја изигра тактички, плус и одбрана имаа добра.
Чичарито е играч што е закана и пол кога ќе влезе од клупа. Фергусон рече дека има интелигенција како Солскер од клупа да ја прати играта и кога ќе влезе да знае одма каде се слабостите и да ги искористи. За уморни и плус спори дефанзивци е ноќна мора.
 
Кој кур му бизнис на овој Нико Ковач, три грама мозок нема у главата тренер го ставиле.
Какви играчишта има на сите позиции не може еден Мексико да тепа.
Тројца топ плејмејкери имаат, една шанса не можат да сврзат.

Истово го реков за Хит Леџер уште кога го назначија за селектор и се губеше против Исланѓаните. Ама Трупер верува во него. Не е можно во тим да ги имаш Ракитиќ и Модриќ како едни од најдобрите плејмејкери на денешницава, еден од најдобрите млади играчи Ковачиќ, еден од најдобрите десни бекови последниве 5 години и машина у напад и да неможеш да го победиш еден Мексико, остај што не го победи туку ниедна шанса не створија, очобол од фудбал, без никаква идеја, никаква поврзаност на играта, катастрофа.

Секоја чест за мексиканците, ја издоминираа групава, очекувам да ја намачат Холандија а зошто и да не ја победат.
 
Него што спомна коментаторов, зошто по грешка дошол Маркез на светсково ?
 
Него што спомна коментаторов, зошто по грешка дошол Маркез на светсково ?
По грешка е земен воопшто во репрезентација. Пред 1.000 години кога им бил селектор Бора Милутиновиќ го повикал Рафаел Перез (или друг играч со презиме Маркез не е битно) и го утнале списокот и така Рафа се нашол во составот.
 
Чичарито е играч што е закана и пол кога ќе влезе од клупа. Фергусон рече дека има интелигенција како Солскер од клупа да ја прати играта и кога ќе влезе да знае одма каде се слабостите и да ги искористи. За уморни и плус спори дефанзивци е ноќна мора.
Ваквиве играчи се најјаки, бар тие што сакаат така. Џеко на пример исто е таков според мене, затоа од клупа има магичен ефект, а коа е стартер ништо не праи. Ваквиве сметам и дека имаат најголем потенцијал да бидат добри менаџери... (или барем само менаџери во случајот на Солскер :D)
 
Среќа по Мексиканците, на двата натпревари каде беа изразито оштетени, не влијаеа на конечниот исход во групава. Браво, секогаш ми е мило кога гледам некоја екипа со не толку познати играчи да игра вака, храбро, без страв, а притоа игра без нивниот најдобар играч, Вела.

Кај Хрватите очигледно, непостоечкиот пенал кој беше досуден за Бразил, беше клучен во нивното испаѓање, ама ова не е оправдување. Никаква игра, нити идеја, креативност во тимот, а баш такви играчи има Хрватска во екипата, ама јебига Ковач не е соодветен материјал за оваа Хрватска.
 
10441221_913441642005017_6372745219188131301_n.jpg
 
Оуу Мексико какви љути пиперки се, многу незгодна репрезентација.
Ќе биде лудило со Холандија, одвај ја чекам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom