НЕУСПЕХ - како сте се справиле

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Возраст
72
Ретко кој не доживеал неуспех. Неуспехот може да се доживее во секоја област на животот. Неуспех на школо, неуспех во професијата, неуспех во љубовта....
Сум сретнал луѓе кој „ заглавиле “ на факултет и упорно се обидуваат да положат некој предмет полагајќи го Х пати. Сум среќавал несреќно вљубени кои со години безуспешно се обидуваат да ја стекнат наклоноста на саканата особа. Сум среќавал луѓе кој безуспешно отвараат дуќан ... и не им оди а тие упорно остануваат во таквиот „ бизнис “. Сум среќавал луѓе кои се обидуваат да направат некакви технички иновации, а со години немаат успех.
Зошто доживуваме неуспеси? Зошто сме упорни кога гледаме дека „ не ни оди “ ? Дали е добро што сме упорни? Повелете изнесете Ваше мислење и искуство
Како увод ќе изнесам пример на неуспех од Втората Светска Војна.
На почетокот на Војната за Британија беше стратешки важно да го задржи Сингапур. Сингапур го бранеле 85 илјади британски војници а го напаѓале 36 илјади јапонски војници.
Битката се водела од 31 јануари до 15 феверуари 1942 и завршила со целосен пораз Британија
Ако се погледаат искуствата на Британците, Русите, Американците на почетокот на Војната ќе се види дека постојано губеле дури кога биле и посилни
Но имало и „ пресвртница “
Русите победиле кај Сталинград, а Британците кај Ел Аламејн. По тие „ пресвртници “; Германците, Јапонците ... повеќе никогаш не победиле во ниту една битка
Но за поединечи искуства не мора да значи дека е добро да бидеме упорни кога сме неуспешни
Ако доживееме личен неуспех, дали е добро да и понатаму бидеме упорни?
На пример, ако се бориме за срцето на некоја сакана особа и немаме успех, дали треба и понатаму да се бориме или треба да си ја побараме среќата кај „ нова љубов “
Ако не можеме две години да положиме анатомија на медицински факултет, дали треба да продложиме да полагаме или е време да го смениме факултетот
Ако повеќе години имаме дуќан кој слабо работи, дали е време да се одкажеме од бизнисот и да започнеме нешто ново или треба да бидеме упорни?
Какви се Вашите мислења? Какви се Вашите искуства? Што предлагате што е најдобро да се направи во ситуација кога доживуваме неуспех?
 
Последно уредено:
Бидејќи неодамна ми се случи ваков потресен настан и со свежо сеќавање може да прокоментирам ... Пад на полагање на возачка ... Една од погадните чуства ... цело време под стрес бев од сам старт кај паркинг на Зоо, низ уличките на Маолото,па до назад .... паничев цело време од страв,целиот испотен бев,многу ме нервираше,со луѓе во многу мала просторија,сонце пече,нервозен,испотен на сето тоа .... Не ја поднесов убаво сета ситуција а и затоа паднав на тестот .... Нервозата си го праи своето,градска неколку пати,се додека не се навикнеш и од последниот пат кога положив,смирен супер беше,одлично издржав,немаше нервоза пот ... само треба да поминеш низ 'стресната' ситуација да сфатиш дека,нишо не е страшно .... :)
 
Неуспех во школо, неуспех на факултет, неуспех во "љубовта". Секако во школо сум требал да одам али тоа требало да биде за деца со посебни потреби каде што ќе ми посветеа посебно внимание и време, а не вака прв пат со "тоа" и одма во школо. Појма сум немал кај се наоѓам, некои работи пак не ми се разјасниле. Колку пати сум ги грешел училниците, па првиот тест што сум го имал ништо не сум напишал/решил :pos::pos: а учителката вели дека оваа "нула" е за мајка ми :facepalm::facepalm:. Да ги ебам тие "стручните" што го пишувале извештајот дека сум бил со просечни интелектуални способности и дека задолжително сум требал да студирам. Во средно бев каде подобаро од основно. Нели иронично е ова? Да бидам подобар од основно? А ни тоа не смени ништо. За факултет пак да не зборувам, а за љубовта, шта реци коју поруку послати? Девојката тотално ме полуде, ми го скрена паметот, се поигра со мене. :) Знам дека е разочарана, али јас уште поише сум разочаран што е од таа причина.

Успех во Македонија не ми е загарантиран. Сакам да се подучам и испраксирам, па после тоа, англискиот да го усовршам и да фатам пат од тука :) Тогаш можеби ќе кажам дека сум се справил. Ако е "жива" темата, за 15-тина години, слободно ќе можам да кажам дека сум се "справил" со неуспехот. Дотогаш, немам време за губење. Сега можам да сонувам, морам да почнам од некаде, не сакам цела вечност да бидам во ваква состојба.
 
Можеби не сакале да те навредат ;)
 
Можеби не сакале да те навредат ;)
Брат, мислев пред да појдам во основно, значи наместо во основно, сум требал во посебни потреби. Тогаш, како мал, такви работи ми беа нејасни. Сега потполно ги сфаќам.
 
Башка и што нема советувалиште тука во мкд.
 
Неуспех...... сега ме заебаа јапанциве у кладилница :mad:. Затоа утре ке идам у Охрид да се релаксирам без синглот шо го уплатив :(.
 
Кога си соочен со неуспех, најдобро е да успееш, како не би бил повеќе неуспешен. Во случај да не успееш да бидеш успешен, едноставно живеј го животот!
 
Нема неуспех, упорен си дур не успееш. Ако не успееш, не си се потрудил доволно или едноставно тоа ти е границата. Се може да се оствари, само ти треба доволно мозок. Неуспехот може да се должи само на тоа што не си доволно умешен, а најчесто дури и најупорните кога нема да успеат си викаат "Виша сила, јебига", па наместо да си го препишат себеси неуспехот, даваат лузерски оправданија. Затоа јас немам некоја огромна омраза кон никого и ништо. Мразам само неуспех во генерала. Кога не успевам во нешто, секогаш знам дека сум дал се од себе, и криво ми е само што не сум способен да дадам повеќе од тоа, што сум пробал да ја кренам границата на мојата способност, али не сум успеал. Затоа и сметам дека ретко доживувам неуспеси поради мојата упорност и, да речеме, тврдоглавост. Али кога ги доживувам ги примам многу тешко пошто сум разочаран од сопствените способности. Такви ми се сфаќањата.

Ова што го пишав не се важи за ставови и мои убедувања пошто мислењата ми се подложени на промени од општеството (за разлика од тврдоглави кретеноидни магариња), туку се важи за кога пробувам да постигнам некоја цел во животот.
 
Нема такво нешто како неуспех. Тоа се само измислени цели кои подоцна биле неоставрени. Ако нема цели нема и неуспех.
 
Jas neuspehot sum go svatil kako definicija od nedovolna upornost i nemanje volja za nesto sto se stremi covek da go postigne, znaci nisto ne e nevozmozno da se postigne i uspee vo granicite na individualnata sposobnost, vsusnost "ZOSTO PAGJAME? ZA DA STANEME POVTORNO"
 
Сега за сега не сум се соочил со некој поголем неуспех па и немам некоја приказна да споделам. Во глобала ако не идело сум вложувал повеќе труд и на крај се испаднало како што треба. Инаку за понатаму имам некои замисли како би реагирал во ситуации на неуспех ама тоа се само претпоставки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom