Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
црвеното е могу битно, али како за кого. за ова верниците НЕ смее да се има индивидуално мислење, мора да биде овца која послушно ќе го следи овчарот

Не ми пречело вербата во натприродни битија и слично кај верниците. Туку баш тоа, што сите имаат 100% идентични мисли за едни исти појави, а литературата од која ја црпат филозофијата и мудроста е само една единствена книга напишана во време кога не царувала мислата баш. Барем не слободната мисла. Пак, според мене :D
 
Како и причината од која што го напиша и ти постов.
Исто како и за материјалноста што не ја укапира поентата, така и овде упорно некапираш. Јас не се идентификувам со принципи кои ги дефинираат моите постапки како грев!
Или упростено - суета и гордост + христијанство = смртен грев.
 
Не.

Еволуцијата е механизам. Абиогенезата не е механизам, туку спонтан настан за кој немаме црно-на-бело колку е случаен, што го предизвикува поточно и детално, и колку често се случува на други места.

Да бидам јасен, ова е само мое гледиште, можно е други (кои се декларираат како атеисти и слично) да имаат поинакво мислење/интерпретација.
Е ова е јавување подготвен.(y) А не како колегите:pos:
 
Исто како и за материјалноста што не ја укапира поентата, така и овде упорно некапираш. Јас не се идентификувам со принципи кои ги дефинираат моите постапки како грев!
Или упростено - суета и гордост + христијанство = смртен грев.
Оправдување на своите дела, и обвинување со истите дела други лица = мизерност.[DOUBLEPOST=1403111259][/DOUBLEPOST]
Подготвен? На кој начин?

Што утнаа "колегите"?
Подготвен-давање на одговор кој одговара со општо прифатените ставови за соодветните термини.
Колегите-каша попара направија(прочитај сам).
 
Оправдување на своите дела, и обвинување со истите дела други лица = мизерност.
551970_453863051325818_541091347_n.jpg
 
Не ми пречело вербата во натприродни битија и слично кај верниците. Туку баш тоа, што сите имаат 100% идентични мисли за едни исти појави, а литературата од која ја црпат филозофијата и мудроста е само една единствена книга напишана во време кога не царувала мислата баш. Барем не слободната мисла. Пак, според мене :D

Шкорпионче, не паѓај на грб во мрежата на „мудрите“ атеисти.

Велиш една книга кога не царувала мислата.Така?

Сега има милијарди книги и пак не царува мислата.
Проблемите што ги имал човекот тогаш ги има и денес. Кога си легне, мислата не го остава да заспие,најголем дел од мислите се наоѓаат во минатото и решаваат некои проблеми од истото, кројат планови за иднина која најчесто не се остварува во стварноста, не може да ја контролира мислата повеќе од една минута...и други милион проблеми што човекот ги имал пред 2 000г
Решението на сите овие проблеми „се крие“ токму во таа една единствена книга.

Кажи ми друга книга која ќе ги реши овие проблеми?
 
Сакаш да кажеш дека библијата крие решение? :)
Тоа го зборуваш на атеисти?
Сакаш да им кажеш дека библијата е божји збор, иако знаеш дека атеистите не веруваат дека постои било каков бог?
Дури и ги навредуваш како што читам по темава бидејќи не веруваат ниту во твојот бог ниту го разбираат твојот измешан начин на верување...

Прашања за сите верници од секаков вид тука ( да читнат и атеистите или кои се против религиската догма @Атеист , @kooperativa @Ipsissimus итн ):

Зошто ги заморувате атеистите со наука... што, ако некој не верува во Исус, Алах, Арџуна итн итн треба да е доктор на науки? :)
Демек верниците се полни со знаење? Да беа, немаше во таа книга од која црпат „знаење“ да се вели: верувај и ќе се спасиш, ќе пишуваше знај и ќе се спасиш!

Не ги заморувајте луѓето, вие верници со прашања од науката, кога вие сте скарани со истата... прашувајте обични убави работи, во разликите е убавината... што ви треба сите да сте атеисти, или сите да сте христијани или сите да сте секташи кои собирале од Ошо, Гурџиев, индиски поговорки и арапски размисли за да изградите надеж за вашето постоење?
Нема потреба од тоа... мора разлики да се има и да се разбираат истите !!!

П.С.
Мислам дека никој не чита што е насловот на една тема во подфорумот „Религија“ !!!

Секаде човек чита едно та исто без разлика на тема... приватни препукувања на база кој колку бил навреден од членот на друга тема...
Абе соземете се бре и дај зборувајте нешто интересно...
 
абе хепта, мислиш нешто разбраа? ако разбраа, цел религиски форум го частам пиво.
џабе истроши тастатура, џабе.
него, мала корекција за мене, од пред некој ден сФатив дека сум сатанист-атеист. според она што го пиша шкорпи :D
сега сум уште поголем проблем за нив. ................. :pipi:
 
Кажи ми друга книга која ќе ги реши овие проблеми?

Што знам ... The Other Side of Power од Claude Steiner? Future by Design од Jacque Fresco? Man After Man: An Anthropology of the Future од Dougal Dixon? Да не должам ...

Нема една и единствена книга која ќе те промени тебе како човек, која ќе ти помогне, која ќе ти ги реши сите проблеми итн. - да не збориме па колективно проблемите кои ги имаат сите луѓе. Бидејќи ако се собереше се во едно, ќе беше книга која никој немаше да ја чита зошто е преголема (и не знам физички како би изгледала, ако воопшто некој се нафати да ја печати).

Тоа што ти и/или другите мислите дека сите одговори се таму во Библијата е вашата грешка и загуба на подолг план, и поради тоа не само кај хардкор атеистите и скептиците и циниците се/сте предмет на исмев, туку и кај поумерените (од кои се сметам себе си). Има ли правило кое тврди дека друга книга не смеете да читате и да и ги послушате советите освен Библијата? Или друга книга која нуди некакви одговори или решенија? Или која нуди филозофски сеанси и инспирации во тие правци?

Првата книга, што ти ја спомнав овде, мене лично ми го промени светогледот (не дека претходно немало инспиративни книги кои влијаеле на мене, ама таа така најмногу импакт ми остави). Начинот на кој ја интепретирав ми остави патокази каде следно да си барам одговори и инспирации, кои други книги да ги читам, како трошки на пат оставени да ги следиш. Кај Библијата, тие патокази ги нема, туку стрелки кои посочуваат кон себе: Me! Me! Me!

Нема да цркнеш ако земеш за сериозно некоја друга книга која не ја толерира или дури критикува религијата, или ете, барем не ја третира воопшто како тема. Како што јас сумможел да читам и дела на автори кои се религиозни и чии книги филозофираат за религијата и религиозната духовност итн. Не ми е испод части, сум бил љубопитен, сум прошарал низ нив. Кај некои и страница за страница добро внимание сум посветил. Не важи ова баш за тебе иако ти си цитиран, зборам повеќе за сите останати кои се декларираат како верници.

Одговори има, решенија има. Нема расположени луѓе да ги прифатат првите а имплементираат вторите. Нажалост. Но се работи и на тоа, полека.
 

Хепта љубави :love:
Ти знаеш добро што јас зборувам, само што ќе нема кој да ти плаќа чланарина ако јас ја откријам вистината.
Оди лажи деца со прикасни за Дедо Мраз и Баба Рога

Задругата пак падна на твојата ветер и магла :pos:
 
Хепта љубави :love:
...
Јас воопшто не знам што ти зборуваш кога ги напаѓаш сите...
Мене ми е во ред сето тоа твое верување, твојата вистина, твоите филмови како ти знаеш другите не... сето тоа ок, те разбирам...
Не ти ги разбирам сите тие верувања од кои си изградил зандани, но тоа е твое право секако... и не ти го разбирам заморувањето со другите и во што тие веруваат и како решиле да живеат и умрат !


Јас не лажам никој и не продавам вистини како тебе и другите верници... јас секаде зборувам она што го знам и како го разбирам...
Пари мене не ми требаат ниту чланарини (до сега никој од форумџиите не ми дал пари :) колку да знаеш ), ниту пак потреба да се обидувам некому да му се наметнам како авторитет кој ја знае целата вистина - тоа е твое поле, ти заморуваш со тоа да се покажеш како авторитет и не ти оди и очајно заморуваш.
Ако ме гледаш како авторитет-закана за твоите верувања, што да правам јас? Да си идам од форум? Да си заминиме сите за да вие споделувате сликичиња со „духовни“ пораки?
Абе ајде...

„Задруга“ не се атеистите, туку религиозните ! Не се обидувај да ги навредуваш луѓето, излегува премногу простачки таквиот говор.... треба да почнеш да мислиш кога пишуваш на форум, не е тука потребно срце, тоа си го чувај за „религиозните препелкања“ на тема Религиозни поуки... ;)
 
@Шкорпион друже, гледам дека сакаш да дискутираш со нив на многу високо ниво, што од моја гледна точка е за почит. али веруј, .... веруј дека напразно си го трошиш времето и интелектот. со нив не може да се направи сериозна дискусија, а уште помалку и да е квалитетна. гледаш дека се' се сведува со нив на терање мајтап. зошто? па затоа што до толку еволуирале да само тоа можат некако да го сфатат. се друго е надвор од нивниот капацитет. дури пробуваат и да го користат тој мајтап против нас, али и тоа некако не им успева. дури ни за copy-paste не ги бива.
 
abe gledajte svetsko:)

volku strani da se potrosea na analiza na svetsko garantiram deka celo leto ke pievte pivo bez pari:P
 
Јас се откажав од Светско кога Шпанија изеде 5 комада. Оставив другиве од фамилија да гледаат, јас си се повлеков in shame :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom