Сакаш да кажеш дека библијата крие решение?

Тоа го зборуваш на атеисти?
Сакаш да им кажеш дека библијата е божји збор, иако знаеш дека атеистите не веруваат дека постои било каков бог?
Дури и ги навредуваш како што читам по темава бидејќи не веруваат ниту во твојот бог ниту го разбираат твојот измешан начин на верување...
Прашања за сите верници од секаков вид тука ( да читнат и атеистите или кои се против религиската догма
@Атеист ,
@kooperativa @Ipsissimus итн ):
Зошто ги заморувате атеистите со наука... што, ако некој не верува во Исус, Алах, Арџуна итн итн треба да е доктор на науки?

Демек верниците се полни со знаење? Да беа, немаше во таа книга од која црпат „знаење“ да се вели: верувај и ќе се спасиш, ќе пишуваше знај и ќе се спасиш!
Не ги заморувајте луѓето, вие верници со прашања од науката, кога вие сте скарани со истата... прашувајте обични убави работи, во разликите е убавината... што ви треба сите да сте атеисти, или сите да сте христијани или сите да сте секташи кои собирале од Ошо, Гурџиев, индиски поговорки и арапски размисли за да изградите надеж за вашето постоење?
Нема потреба од тоа... мора разлики да се има и да се разбираат истите !!!
П.С.
Мислам дека никој не чита што е насловот на една тема во подфорумот „Религија“ !!!
Секаде човек чита едно та исто без разлика на тема... приватни препукувања на база кој колку бил навреден од членот на друга тема...
Абе соземете се бре и дај зборувајте нешто интересно...