Одгледување на лебарки

  • Креатор на темата Креатор на темата Keljav
  • Време на започнување Време на започнување
Не гледам сврха да се одледуваат лебарки освен ако не сакаш после да ги убиеш
Се користат за:

јадење (извор на протеини)
За производство на лекови
 
Зошто да трошиш пари за одгледување лебарки,појди во клиниките или во градска болница и собирај ги за џабе.
Тие се таму милиони. А ќе добиеш и гратис од директорот некој зглоб,коска,црн џигер,парче кожа или шише крв.
 
Кузман седам, не знаев дека сум спиела на богатство...Алклоид од овде може следниве 10+ години да се снабдува.
 
Е па еве начин за заработка
 
Како крцкаат запржени во маслиново масло, со лукче и магдоновче. Мх!

Содржат протеини ! Може и така да се консумираат. Којзнае колку би коштала порција поховани лебарки.
 
А ЧАКОЛАДО од лебарки има?
 
Добра идеа, ајде повеќе информации
 
К'цана сол од сушени лебарки. :love:

Нов производ на пазарот. Па во брашното и лебот којзнае колку сме изеле веќе. Ми кажувале луѓе у миксерите за брашно влегувале и стаорци и ги мелеле....
 
Наидов на интересен текст во весникот Труд од Бугарија.
http://ow.ly/2Imf0s
Се однесува на одгледување на лебарки.
Дали некој може да сподели повеќе. Верувам дека е профитабилен.
За ова најпаметно прашај ја @leandra , она убаво ќе ти раскаже за лебарките од Бугарија и колку е паметно да се чуваат кај нас;):)


А мене ако ме прашуваш, немој............... лебарките шират најразлични заболувања:)
 
Има ваква голрма фирма во Франција мислам дека беше за повеќе видови на инсекти. Само тоа е прилично голема инвестиција. Има голем број на стандарди да исполниш, а пазарот сеуште не е целосно оформен.
Гоце студентскиот е такоџе фарма. Сега летово слушам ќе вложувале за да ги зголемат капацитетите на производство од 5 на 8 лебарки на метар квадратен. На сител кажаа оти 90% од производството за извоз ќе одело.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom