Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сакам на Лефкада да одам. Некој што бил да ми каже како е таму. Општо за све.
Лефкада на слики изгледа прекрасно најповеке поради тиркизната боја што ја има водата. Сепак јас лично се разочарав поради неколку причини:

1. Плажите им се со ситни каменчиња и при влегување во море водата после 10-15 метри те облива преку глава.
2. Инфраструктурата на островот е таква што ако сакате да ги посетите сите плажи потребно ви е возило. Моторцикл is not an option. Јас ги посетив сите, макотрпна работа со тешко наоѓање паркинг, една од поубавите има премногу скалила, друга е доста мала и тешко е за наоѓање добро место крпа да поставиш, итн.
3. Цените за смештај се прилично високи околу 35-40 евра вечер - во сезона за обична соба за двајца. 5-10 евра цената оди подолу вoн сезона.

Ноќен живот: имаше места во Levkas во кои изгледаше дека има добра забава но не би коментирал пошто јас лично отидов поради убави плажи и релаксација, и така не ги посетив тие локали.
Се извинувам што не објаснив во целост, се надевам моево субјективно искажување барем малце ќе ти помогне. Кој видел подобро од мене нека ме поправа кај грешам.
 
Епа дај препорачајте некој од островите во Грција на кои што сте биле. Или Италија или некое друго место, да не е многу скапо.
 
некоја друга локација со убава плажа на краците?
 
Бил некој на Хвар да каже нешто?
 
Епа дај препорачајте некој од островите во Грција на кои што сте биле. Или Италија или некое друго место, да не е многу скапо.
Најблиску, ефтино и забава имаш на Крф и подолу на Закинтос. Не пишувам повеќе оти се е пишано и за Занте, Лаганас, Кавос и сл.

Ако сакаш преубави плажи и море, природа и релаксација, без гужви како на Лефкада како што спомна AleKostov - правец Кефалонија. И Тасос е ок, но го немаш рајатот на Кефалонија.

Со малку поголем буџет одма ти го препорачувам Скијатос, островчето е топ, со сите нишани!

Ако сакаш нешто поинаку, авантура, на своја рака...отвори ја мапата на Грција и погледај ги Кикладите, Додеканезите, Крит...правец према Атина - Пиреј и оттаму фери за каде сакаш. Настрана ги тргам островите типот Миконос(ултраскапа забава) и Санторини(сликовница/поштенска картичка) поради ултракомерцијализираноста. Ги имаш за поефтини пари достапни Иос(ако сакаш забави), Парос(нашминкан и дотеран со сите атрибути на кикладите), Наксос(можеби најубавиот од покомерцијалните киклади и избран за нај-остров во Европа според Трипадвајзор) или пак егзотика типот Китнос, Серифос, Фолегандрос, Милос, Аморгос итн...

Башка приказна се додеканезите(со исклучок на најкомерцијализираните Родос па и Кос) или источноегејските острови Самос, Хиос(ако си по скуба дајвингот) и сл.

Многу широк поим се Грчките острови...многу!
 
Бил некој на Хвар да каже нешто?

Бев на еден ден баш во градот Хвар, Дубровник во мало е. Немаш плажи па ќе мора да користиш превоз со "кајче". Преубаво, малку поскапо.
 
Има поволни понуди во агенциите за одмор во Египет. Каква е состојбата таму, дали е безбедно, бил некој таму последниве година/две?
Мои пријатели беа минатиот октомври во Хургада, поминале феноменално, никаков збор не стана за безбедноста.
Сега е Ген.Сиси и официјално на власт...немат проблем!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: dbt
И јас сум заинтересиран за Египет или Тунис. Освен Аурора знаете која агенција нуди некој поволни понуди? позз
 
Има една понуда преку Савана (и некои други агенции) као last minute, се трга на 3ти јули (четврток) 300 евра по човек, чартер лет и 9 ноќењавања на база all inclusive во Hotel Grand Troyka (3*). Хотелот е во местото Конкали, близу Аланија е.
Сеа знам дека е топло ама ме интересира еве пример конкретно за хотелов дали некој знае нешто или не, на tripadvisor имаше коментари од Руси и на некои им се свиѓало, на некои многу, а некои воопшто не им се свиѓало. Исто така некој за местово Конкали ако знае какво е, или пак крај краева ако нема многу што таму, Аланија е на 13 километри имало автобуси за неколку лири.

И уште едно прашање, каква е отприлика храната во Турција? Знам дека е шведска маса, ама каква е храната, дали е многу зачинета и слично (дали имаат обична храна, ко што сме ние навикнати, нешто пример пилешко со ориз, пржени/варени јајца итн.)
 
Последно уредено:
Едно прашање! Дали некој начекал оваа година да види некаде понуда за Родос? До душа ми треба само превоз...фала
 
Автобуски превоз до Бугарија(морскиот дел) како Сончев Брег, Варна и останато да не знаете кои агенции нудат и по која цена? фала однапред!
 
Автобуски превоз до Бугарија(морскиот дел) како Сончев Брег, Варна и останато да не знаете кои агенции нудат и по која цена? фала однапред!
http://biserprom.com.mk/index.php/travel-balkan
лани бев ја со овие,само превоз,пошто не идев преку агенција него директно у БГ имав резервирано,55 евра беше карта повратна до Созопол
иначе до Варна немаат линија,Несебар па надоле
 
Едно прашање! Дали некој начекал оваа година да види некаде понуда за Родос? До душа ми треба само превоз...фала
Понуди по агенции немам гледано, но ако сакаш само превоз авионски од Солун е најблиска варијанта. Види со грчкиот превозник, Aegean имаат директна линија.
Останата опција е да одиш до Атина па со фери од Пиреј, види ги Blue Star Ferries
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom