Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Таруно
  • Време на започнување Време на започнување
абе каков стоилко- моилко све тоа треба да се руши,какви бараки,трафики..све тоа стрчи треба да се бриши,а согласно законот(ако го има секако)да се обештетат истите сопственици.
 
Може сендвичара во Барок Стил, е тек после ќе викаат дека сме мрднати. :D :pos:

5925076.jpg
 
абе каков стоилко- моилко све тоа треба да се руши,какви бараки,трафики..све тоа стрчи треба да се бриши,а согласно законот(ако го има секако)да се обештетат истите сопственици.
Зошто да се обештетат? Времени објекти се, а тоа значи, дека сопствениците се свесни дека објектите може да бидат тргнати во секој момент - без обештетување.
Патем, како што слушнав, тие не се ни сопственици - туку ГТЦ. А они на ГТЦ му плаќале кирија...


40 години кираџии, ништо да не им понудат... :pos:
А они 40 години да не мрднат со прст (жими месо и лепчиња што нарачуваат) за бизнисот и сеа, ГТЦ или власта им е виновна. Лежерност much?
 
ех тетката до стоилко со мекиците ми правеше најубави тостови:place: А стоилко нема да ми недостига, пред неколку години може им беше колку толку добар хамбургерот и за 80 денари вредеше да се земе, али у задњо време за никаде им беше. Криво ми е само што нема да може да се најде хамбургер за 80 низ центар, се тоа изгор наоколу вили, седмица, жужу.
 
Кој знае колку лебарки останаа без дом со уривањето на објективе...
Времени се објектите, не знам зошто одма да се појдува со мисла: "Ништо не ни најдоа, не ни понудија"... Па за тие „100 години“ откако постојат сендвичарите на оваа локација и останатите 10 години откако се збори дека ќе се дисплоцираат - зарем не се потрудија газдиве да пронајдат некоја алтернатива? Златно место, да. Ама мене (а и на голем број скопјани) воопшто нема да им недостига такво џанк-фуд место на плоштадот.
Мене само за чешмичката за вода ми е криво, а на ромчињата верувам најкриво им е за фонтаната.
 
Зградава била изградена во 1913, како подружница на Банката на Нов Зеланд во Велингтон. Тоа што во модерно време, еден ресторан од ланец за брза храна си го нашол местото таму, не ја оправдува по никој начин идејата за изградба на мини барок градби стриктно наменети за сендвичари, од архитектонски и урбанистички аспект, се чини неразумно.
 
Имам јадено во оваа сендвичара како помал, седевме со татко ми на клупите, и ги храневме гулабите, додека ромчињата се врткаа околу чешмата.... Нејсе, легендарно место е, и навистина е греота да го рушат, уште луѓе јадеа од тоа место (јас не веќе 14-15 години) без разлика дали внатре имало лебарки или не :icon_lol:. Од една страна требало сопствениците да имаат резервна варијанта, каде да го продолжат бизнисот одкако ќе ги срушат, а тоа сигурно не го дознале вчера. Еве колку што можам да видам на прилогот, први такви шпекулации се појавиле во 2011, така да 3 години со прст да не мрднеш, стварно е срамота, и женине ќе останат без работа.
Додека пак од друга страна, глупо е да се руши вакво култно место ради градење на факинг барок. Кој умови постојат во државава чудо едно. Убаво пиша @dragonsky во Драга Кајгана еден текст за ова... се кладам дека на ова место ќе изникне барем уште еден споменик со фонтана, а тоа барокот во позадина ќе го краси сивилото на тоа место :facepalm:[DOUBLEPOST=1402928428][/DOUBLEPOST]
Редно беше да се тргне лимот и ѓубрето од тоа место.

А пак сега што ќе изградат на тоа место.... абе причам ти причу
 
Зградава била изградена во 1913, како подружница на Банката на Нов Зеланд во Велингтон. Тоа што во модерно време, еден ресторан од ланец за брза храна си го нашол местото таму, не ја оправдува по никој начин идејата за изградба на мини барок градби стриктно наменети за сендвичари, од архитектонски и урбанистички аспект, се чини неразумно.


Да де не реков дека се согласувам, онака иронично беше како би изгледало во вид на архитектура.
 
Жал ми е за оние што останале без работа, но од друга страна никако не можам да разберам како е можно 40 години да држиш сендвичара на такво место, да имаш периоди кога навистина се чекаше по саат време за да се дојде до сендвнич и да не успееш да присобереш малку капитал да инвестираш во сопствен објект. Како што некој и погоре објасни тие луѓе биле свесни дека се во ВРЕМЕНИ објекти и дека кога тогаш ќе мора да се иселат тоа го знаат од кога се вселиле и затоа чудно ми е кога сега гледам изненадени лица кои се чудат како е можно да ги селат без најава а и луѓе кои живеат во Австралија знаат дека тоа ќе се случи.
Но нејсе она што исто така е за спомнување е начинот на кој некој медиуми известуваат. Навистина ако некој кој не е упатен ги чита овие медиуми ќе помисли дека се случува најголемата неправда на земјината топка после втората светска војна, а всушност се работи за едно сосема нормално развивање на еден град.
 
А пак сега што ќе изградат на тоа место.... абе причам ти причу

Грди беа,што сакаш збори,али толку време денар скршен не вложиле малку во реновирање,а во најстрог центар се,ни корпа за ѓубре немаа пред дуќаните.
 
Грди беа,што сакаш збори,али толку време денар скршен не вложиле малку во реновирање,а во најстрог центар се,ни корпа за ѓубре немаа пред дуќаните.

си видел или лупаш само? у куманово поарни гледам имате
 
Може не купував којзнае колку во Стоилко последниве години, ама затоа стандардно барем два пати неделно јадев нешто од Нино или земав од мекиците од втората трафика :вонзем:
Со нивното рушење во центарот на градот не можеш да најдеш ништо за поефтини (т.е. нормални) цени.
Хамбургер секаде по 130 денари, тост по 80 (во Нино беше 55), во продавнициве како Вегера цените се уби боже, еден геврек да сакаш да земеш треба 25 денари да јадеш. Обични кроасани (кои патем се скоро празни) се по 50 денари. Бурекот уште малце и 100 денари ќе затера како тргнала работата. Уште пиците скапани останаа, 2 за 70 што се продаваат :unsure:
Му удрив завршно сефте на Нино пред некој ден (појма немав дека ќе ги рушат), купив хамбургер после којзнае колку време од било која сендвичара (воглавно тост и пирошки јадев) за да се потсетам на старите денови кога во основно топевме мини бургери во Нино.

Знам колку тешко им паѓа на семејствава на вработените. Особено што едната ја знам бидејќи и е мајка на една моја другарка (повредна жена амин). И така одвај крпеа, уште ова им фалеше :confused:
Нино очекувам да отворат продавница на друго место, за другиве не сум баш сигурен.
 
пред 30 год стоилко беше ПОИМ за добра плескавица. сум се убивал од јадење таму. али во последните 15+ год не е тоа што беше, така да не се ни сеќавам кога последен пат сум јадел таму. како симбол ќе ми недостасува, али како место од кај би купил сенвич нема. за 5 год децата нема ни да знаат за тоа култно место и ќе се чудат кога ќе му речеш да се најдеме кај чичко стоилко, а тоа ќе ти каже па што не кажеш кај портата.
ај едно прашање, дали знаете каде е НАМА? кој објект и што значи тоа НАМА?
П.С. АНЧО, немој случајно да си кажал ти;)
Како стоковна куќа веќе никој не ја памти, не па ко народен магазин...
 
Грди беа,што сакаш збори,али толку време денар скршен не вложиле малку во реновирање,а во најстрог центар се,ни корпа за ѓубре немаа пред дуќаните.

Ејјј, леле Цитро сум го цитирал бре, не видов.... :facepalm: Сум нашол кого да цитирам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom