Бараж за СП Катар 2015, Македонија - Грција

Не знам од кај да почнам:
1viwSmL.png
 
Одиме на уште едно свеЦко:D
Добар одигран натпревар, цепелинот :cuc: мислам треба во категорија гол на годината да влезе, браво.
Ова СП ќе биде последна шанса за оваа генерација на ракометари да направат исчекор напред и да дотуркаат подалеку. Со квалитетни подготовки со малку среќа во ждребот мора да направат нешто плус од минатото СП.
И сега пласманот на СП ќе го прославиме во наш стил, со узо и гиро на грчка плажа :pos:
 
Едно име имаме доби друга димензија во утакмицава. Одличен натпревар браво за малиот да му се множат голови...И браво за Босна бе.

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
После долго време утакмица без кинење нерви и пцуење. Плус со максимално уживање :D. Браво за сите денес. БРАВО!

На светсково ќе нема неколку стандардни учесници, што ни оди особено во прилог, иако од друга страна тоа може да биде проблем за следните баражи/квалификации. Многу ми е мило и на мене за Босна. Премногу. Заслужија!Заедно со Иран и ОАЕ засега се единствените дебитанти.
 
Квалификувани

Катар
Шпанија
Алжир
Египед
Тунис
Хрватска
Данска
Франција
Бахреин
Иран
Емиратите
Австралија
Белорусија
Босна
Чешка
Македонија
Полска
Русија
Словенија
Шведска

Фалат уште Бразил Аргентина и Чиле најверојатно од Америка.Имаме реални шанси за второ место во група и полесен противник во осмина финале од рангот на Тунис и Египет.

Вака нешто нагаѓам дека ќе изгледаат барабаните:
9ks8l2.jpg
 
Германија минус некои скандинавци одма се дише. Ние Кајгана екипа што бевме урлавме на Златеее подај, на Злате и кога го даде голот шутка славевме како во фудбал гол кога ќе се даде :icon_lol: Али уште иде позерски народ на репрезентација утакмици, ние станати навикнати цело време од Вардар една фуфа со дечко и билдер ни викаат дечки седнете да видиме. Ај барем да гледаа, на ФБ дремеа :facepalm:
 
Доста време зборував со Талески во последните денови и му велев дека ракометот не е само шут, туку и целокупна спортска интелигенција. Ме радува што тој е многу интелигентен, знае каде да се движи и да затвори, а згора на тоа делува моќно и во нападот кога ќе се крене на скок-шут. Тој е талент, бисер што ќе треба да се негува во периодот што следи. Верувам дека пред него е блескава иднина, како на клупски така и на репрезентативен план, треба во него да се вложува, да се биде трпелив. Треба да игра и на потешки натпревари, можеби тоа некогаш нема да донесе резултат, но во Талески мора да се вложува на долгорочен план бидејќи тој тоа навистина го заслужува“ – прокоментира македонскиот селектор.

http://ekipa.mk/obrvan-taleski-e-biser-shto-treba-da-se-neguva/

(y)(y)(y)
 
Прво да го честитам пласманот на светското првенство, момците одиграа феноменален натпревар.. подруго е кога се има подобра клупа играчи како Вугринец, Прибак, Ф.Лазаров, Талески..
На хартија имаме подобар состав од сите репрезентации што се пласираа и на сите сме ги плеснале (Чешка, Австрија, Русија, Словенија, Полска).
Очекувано беше да ја торпедираме Грција, разликата можеше да биде и поголема но што е тука е.. битно дечките демонстрираа класа над гејците.
Ако го имаме овој состав + Мојсо тој ќе ни биде најдобриот состав со кој што сме излегле на некое првенство, бог да чува од повреди и пад на форми.
Човечки е да се надеваме на подобар пласман имаме стварно добар состав закрпен на секоја позиција освен на позицијата десно крило со Злате, но имаше изјави дека ќе ја завршил кариерата по завршувањето на квалификациските натпревари.
Да се одржуваше ова првенство во некоја балканска држава ќе се надевав во борба за злато, но кога немаат подршка од публиката играат стварно под своите можности да се надеваме дека во Катар нема да биде така и ќе ни се погоди некоја полесна група на почетокот.
Инаку за Димовски не се спомна дека ќе се пензионира, можда се предомислил бидејќи немаше ни церемонија по завршувањето на натпреварот како што имаше минатата сезона на Алушевски, сепак Димовски е долгогодишен репрезентативец.
 
Нема Германија,нема Србија,нема Унгарија,нема и Исланд... одлична шанса за нашите ако се фит 100 проценти и ако се силно мотивирани да дотуркаат и до 1/4 финале.Башка гледам може во групата само една посилна селекција да ни се падне... со другиве имаме квалитет за да ги шамараме.
 
На светсково ќе нема неколку стандардни учесници, што ни оди особено во прилог, иако од друга страна тоа може да биде проблем за следните баражи/квалификации.

Ако не грешам, а мислам дека не грешам, од европско за квалификации за светско се играат таков тип на баражи. За европско сега имаме веќе извлечена група, кој за волја на вистината и не е баш лесна (Франција, Чешка и Швајцарија), по што победниците на 7те групи + домаќинот Полска директно се пласираат, а 7те втори и најјаката 3та ќе играат бараж. Според тоа, овој расплет на баражите сега нема да има никаков ефект долгорочно.
 
Ако не грешам, а мислам дека не грешам, од европско за квалификации за светско се играат таков тип на баражи. За европско сега имаме веќе извлечена група, кој за волја на вистината и не е баш лесна (Франција, Чешка и Швајцарија), по што победниците на 7те групи + домаќинот Полска директно се пласираат, а 7те втори и најјаката 3та ќе играат бараж. Според тоа, овој расплет на баражите сега нема да има никаков ефект долгорочно.
Панчев ти ли си бе? :pos:
 
Благодарност на МРТ што им успеа да го украдат овој меч од АЛФА иако не беа способни да обезбедат пренос кога се играше во Поранешната Отоманска Провинција и да го стават замислете на собранискиот канал од кој ни господ не можеше да најде стреам. Немам зборови навистина цел ден се спремаш за утакмица, HD каблови се купуваат, приклучуваш компјутер на телевизор, викаш пријатели се премате и на крајта нема каде да ја гледаш утакмицата.
 
Мал коментар за натпреварот:

- Свирење на химната на Грција (n). Тотално непотребно, но сосема очекувано покажавме некултура. Додуша не свиреа ни приближно сите, ама тие 10-15% од салата беа сосема доволни.
- Играта во принцип беше тотално иста како и пред една недела, со една клучна разлика - се вложи труд во одбраната во првите 10тина минути. И тоа + атмосферата беше сосема доволно за комплетно да се скршат грците. Доста професионално одработено, баш онака како што голема екипа игра против тим кој е за класа послаб. Ова ретко се гледа од нашите репрезентации воопшто кои имаат обичај да играат на нивото на противникот (против појаките појако против послабите послабо). Можеше реално и повисок триумф, но и вака е супер.
- Позитивно е што сите освен Димовски и Јоновски дадоа гол. Горе долу сите сосема солидно ги изротира Обрван (y).
- Резервната бековска линија Вугринец-Прибак-лев бек прилично чкрипеше и во Атина, а и денес. Потребно е уигрување тука, ама ќе имаат време во Декември, само нека се сите здрави.
- Честитки за Талески и да се надеваме ова е почеток на долга и успешна репрезентативна кариера. Малку се претера со форсирање и огромен притисок му се направи на детето, до таа мера што беше ептен збунет кога го скандираа кога влезе во игра, и реално направи доста грешки на почетокот, но после првиот гол се ослободи и доста подобро заигра. Сосема солидно деби. Има време да добие искуство и пред се да ја појача мускулатурата, па можеби веќе на светското во Катар може да биде легитимен дел од ротацијата во тимот, а дефинитивно за Европското 2016 (ако се квалификуваме) и дај боже Олимпијадата 2016.

Честитки, но и опомена, професионално мора да се продолжи и понатаму.[DOUBLEPOST=1402866345][/DOUBLEPOST]
Панчев ти ли си бе? :pos:

Хихи, не сум го заприметил дека така вика. Можно е да ми е од таму? :eek:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom