Бараж за СП Катар 2015, Македонија - Грција

Леле газење, дури жал да го фати човек.

Сега ако не се вратиме со медал, никад више ваква шанса.
Нема што да се залажуваме, летнаа нашите малери, наша е шансата.

Напред Македонија!
 
Кога сите Светски/Европски првенства би се играле на Балканско тло, ќе бевме во првите 5 велесили во ракомет, нека ни е честит пласманот на уште едно Светско Првенство. Уште еднаш се докажа колку се разликува нашата игра кога играме дома и гости. Мислам дека како никогаш досега не сме имале вака квалитетен ростер, играчи од клупа кои ќе можат да направат разлика, а не на клупа да ни бидат Митков и Бранче. Вугринец, Прибак, Лазаров Ф. се врвни играчи, кои би биле резервисти, тука е и Талески нормално. Единствен проблем би била десната крилна позиција кога е во прашање Козла, тука само мора да се бара поадекватна замена (иако сите сме свесни дека нема :) ).
До крајот на преносот, спикерот воопшто не спомна дека ова му беше последен настап на Ванчо во Националниот дрес (барем така најави), и ако воопшто тоа не е спомнато, срам да му е на РФМ.

П.С. Не се летајте со желбите за медал, пошто ја победивме Грција на домашен терен, а пред 1 недела ги отепавте од вреѓање играчите, а сега медал барате.
 
Последно уредено:
Абе не летајте кој медал .... Шансата беше пропуштена во Србија....
 
Инаку Кире денес не промаши ниту еднаш :eek: WTF?????
 
leee sega gledam bez nashite boogey teams na svetsko, jeeej. Samo da ne bide ko minatoto i da se machime so egzoticni juzno amerikanski reprezentacii.

Sent from my Samsung Galaxy S4 using Tapatalk 2
 
Честито пласман на светско дечки! :vozbud:
Одлична утакмица, лаганица, дефинитивно ракометариве се покажаа во сосема друго светло за разлика од она на гостински терен :D. Главната лекција сепак е никогаш да не се потценува противникот и секогаш, на секој натпревар, да се дава се' од себе на паркетот.
Цепелинот дефинитивно хајлајт, моментот кога Мојсо не праи престап а дава гол исто треба да се запамти а зицерите ќе се простат заедно со искачањата на Борко на противничка половина пошо сепак 12 разлика ги тепавме :D
 
Русија, Словенија, Полска, Чешка, Босна, Австрија, сите овие ги имаме победено. Белорусија е екипа која може да ја победиме. Плус историски гледано моментално иаме најквалитетен состав.
Шанса за добар пласман има, се надевам ќе ја искористиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom