Животно осигурување!

Член од
24 август 2009
Мислења
79
Поени од реакции
137
ice-sk
Za nedaj boze pri bolesti ( sto eden den se neizbezni)
Јас пред година - две се распрашував за животно осигурување и тоа кај познати луѓе кои се брокери и кои не ми продаваа магла.
Конкретно, многу ме интересираше во случај на болест што се случува. Одговорот беше овој: освен за смртоносни болести или голем инвалидитет (не се сеќавам точно колку %) во ниту еден друг случај било која компанија во Мк не ти ги покрива трошоците за болести. Сега ти тука друго зборуваш? Или ... само им продаваш магла на луѓево.
Да не се разбереме погрешно, иако тука кај нас животното осигурување е на далеку пониско ниво од запад, сепак сметам дека е исплатлива инвестиција, ама да не се лажеме бре. Кажете точно што се добива од него. Не им продавајте ветер и магла на луѓево.
И јас планирам во блиска иднина да се осигурам. Подобро таму да ги дадам парите, отколку во ПИОМ да ги финансирам лудостиве на политичарите.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Зошто му ги болдираше бе човече, го скина :pos:[DOUBLEPOST=1402356013][/DOUBLEPOST]
Те убедиле тебе, си ги дал парите и сега мораш да го работиш ова нормално, Догодина пак треба да инкасираш таму добра сума. Но голем дел од македонците едвај врзуваат месец за месец, а кога ке им кажеш ти да лупнат 400 - 500 евра, ни свети аргумент нема да ги убеди за животно осигурување.
Не секој што има полиса мора да го работи тоа.Јас имам полиса но не го работам ова.
За финансиска ситуација сфаќам како е стварно во државава али не сите можат да ми кажат дека немаат пари.Добар агент за осурување таквите што ,немаат пари' може да ги добие со нивни аргументи од типот пушење цигари од 100+ денари,идење по 2 одмори и секој викенд во кафана и купување скапа облека.Па не може да ми објасни некој дека овие работи се приоритет пред сопствено дете.
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Inace samo za informacija vo svecka e po 5 polisi na covek vo japonija po 7 pa v aljda tie lugje ne se ludi ???...begam gi ima osigurano nozete na 70 milioni evra zar e lud??...microsoft povekje vredi vo polisi odkolku na svecka berza zar i tie se ludi ???...milo mi e koga slusam lugje so siroki horizonti za zivotot[DOUBLEPOST=1402350965][/DOUBLEPOST]

Zosto treba da se ima zivotno osiguruvanje???...Za utre da si zimas penzija ( a ne da cekas 5 ilajdi od vmro ili sdsm)
Za nedaj boze pri bolesti ( sto eden den se neizbezni)
Za finansisko stedenje ( ako si voopsto zainteresiran za tvojte deca)
Za nedaj boze pri smrt ( i taa isto taka e neizvezna)
i uste red drugi positni raboti ....
Ne e ova dovolno?
Sve ova go dobivas vo edna polisa ...[DOUBLEPOST=1402351081][/DOUBLEPOST]

KAZI MI TI DALI SI PROTIV ZIVOTNOTO OSIGURUVANJE?
Комплетно се сложувам со @Кирца за репликите кои ти ги има дадено, да не цитирам се живо. Очигледно сега си почнал со ова. И јас сум во WVP веќе 6-7 месеци, ама треба да размислиш пред да напишеш нешто на јавен форум, прво на тоа како ти се претставуваш и второ како ја претставуваш компанијата. Не верувам дека некого убеди да седне и направи муабет со тебе, а што е полошо, тешко и некој да седне на муабет и со другите агенти на ВФП откако ќе ги прочита твоите мислења, освен ако нема некој близок.

Продуктот е супер, обуката е фантастична, како и начинот на работа и добивката од тоа. Се што треба е да ги следиш советите што ти ги даваат поискусните и да мислиш малку шо правиш и како го правиш тоа. Само заради грешките во пишувањето и мене ми е срам, а за начинот на пристап и аргументирањето и да не зборам.

Јас пред година - две се распрашував за животно осигурување и тоа кај познати луѓе кои се брокери и кои не ми продаваа магла.
Конкретно, многу ме интересираше во случај на болест што се случува. Одговорот беше овој: освен за смртоносни болести или голем инвалидитет (не се сеќавам точно колку %) во ниту еден друг случај било која компанија во Мк не ти ги покрива трошоците за болести. Сега ти тука друго зборуваш? Или ... само им продаваш магла на луѓево.
Да не се разбереме погрешно, иако тука кај нас животното осигурување е на далеку пониско ниво од запад, сепак сметам дека е исплатлива инвестиција, ама да не се лажеме бре. Кажете точно што се добива од него. Не им продавајте ветер и магла на луѓево.
И јас планирам во блиска иднина да се осигурам. Подобро таму да ги дадам парите, отколку во ПИОМ да ги финансирам лудостиве на политичарите.
Делумно си во право, делумно можеби си заборавил од муабетот со твоите пријатели пред година дена. Животното осигурување како продукт претставува финансиско капитализирано штедење и идејата е секоја година да ставаш по одредена сума на пари (не, не мора да се по 400-500 евра, сами си решавате колку), компанијата на сигурен начин да ги оплодува тие пари и после да се користат за приватна пензија (преку месечни исплати) или остварување на друга цел (со исплата одеднаш). Разликата од штедењето во банка е тоа што во случај на смрт, компанијата ја исплаќа сумата која клиентот требало да ја заштеди (х2 од таа сума ако во несреќа) на наследниците на клиентот.

Е сега, во однос на болестите и повредите, во пакетот на животното осигурување се вклучени од 9-12 најтешки болести и повреда при некоја незгода (ова се дополнителни пакети и парите од истите не се штедат, туку претставуваат еден вид каско осигурување на телото на клиентот). Истите пакети не мора да се купуваат и не мора секоја година (оваа сакаш, следната не итн).

Во Македонија т.н. здравствено осигурување е во зачеток и преку него ќе се добие осигурување и за обични, не толку тешки болести, ќе се добијат задолжителни прегледи вклучени во годишната премија итн.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.847
Јас пред година - две се распрашував за животно осигурување и тоа кај познати луѓе кои се брокери и кои не ми продаваа магла.
Конкретно, многу ме интересираше во случај на болест што се случува. Одговорот беше овој: освен за смртоносни болести или голем инвалидитет (не се сеќавам точно колку %) во ниту еден друг случај било која компанија во Мк не ти ги покрива трошоците за болести. Сега ти тука друго зборуваш? Или ... само им продаваш магла на луѓево.
Да не се разбереме погрешно, иако тука кај нас животното осигурување е на далеку пониско ниво од запад, сепак сметам дека е исплатлива инвестиција, ама да не се лажеме бре. Кажете точно што се добива од него. Не им продавајте ветер и магла на луѓево.
И јас планирам во блиска иднина да се осигурам. Подобро таму да ги дадам парите, отколку во ПИОМ да ги финансирам лудостиве на политичарите.
Е тоа ти е неизбежно :)
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
@Cappie

Одлично објаснето во пар реченици.

Дали WVP го нуди Grawe Safe Life пакетот, или тој навистина во МК го нудат само Grawe преку нивните агенти?
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Може ли некој да ми објасни што ми се исплаќа појше - да тргам пари на страна и да ги орочувам во банка или да ги дадам истите за животно осигурување?
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
ne e losa rabota ova zivotno osiguruvanje
ama realno znaejci kolkava plata zimame nie tuka vo mk retko koj moze da si go dozvole ova :)

P.S. @Srcee spored mene podobro ti e da si trgas pari nastrana,vo banka nekade
 
Член од
25 мај 2012
Мислења
25
Поени од реакции
16
Може ли некој да ми објасни што ми се исплаќа појше - да тргам пари на страна и да ги орочувам во банка или да ги дадам истите за животно осигурување?
Само што направив една симулација со користење на кредитниот калкулатор на тутунска банка да споредам со животното осигурување каде се поголеми добивките(каматата).
Правилата на игра беа да се уплака 500 евра секоја година на максимално орочување (5 години со 3,3% камата) во евра. Откако ке поминат 5 години парите заедно со каматата (581 евра после 5 години) повторно се орочуваат на 5 години и така се до последните 5 години кога ќе треба да се орочуваат парите на 4, 3, 2, 1 година за да се подигне цела сума заедно со камата после 25 години. Според кредитниот калкулатор на тутунска за сите тие години само од камата ќе имаме 6240 евра плус 12500 евра што сме уплаќале за тие 25 години или вкупно 18740 евра.

За штедењето во осигурителна компанија се добива очекувана добивка што е 50% од осигураната сума. Со плаќање 500 евра годишно за 25 години осигураната сума е 12500 евра што значи очекуваната добивката е 6250 евра или вкупно 18750 евра.

Јас мислам дека за 10 евра разлика после 25 години штедење најдобро е ова да го прогласиме за нерешено :)

Да си кажам дека во примеров ја земав тутунска банка (најмногу поради кредитниот калкулатор) но може во другите банки да биде поголема или помала каматата и годините на орочување а со тоа и крајната сума. Во комерцијална е 3,1% на 3 години орочување. Значи со другите банки може да се добијат други бројки ама најверојатно тука некаде ќе бидат. Исто да си кажам дека 25 години претпоставив дека ќе биде фиксна каматната стапка иако си пишува во секоја банка дека може да се менува секоја година. Кој не го мрзи нека направи слична пресметка и за други банки.



Се надевам дека помогнав.
 
Член од
24 август 2009
Мислења
79
Поени од реакции
137
Јас мислам дека повеќе се исплати животното осигурување отколку штедење во банка. Кај животното осигурување, ако недај боже ти се случи нешто на тебе, твоето семејство зема отштета од осигурувањето која што мислам дека беше (не ме фаќајте за збор) 100% од осигурената сума за природна смрт и 200% за ненадејна смрт т.е несреќа. Не сум сигурна за ова, некој кој што е поупатен може да ни каже точно како одеа исплатите. Во секој случај знам дека на семејството му исплаќаа одредена сума која што според нашите пресметки тогаш (и ние се двоумевме околу банка или осигурување) беше поголема отколку да штедиш во банка.
Ние со сопругот сериозно размислуваме на оваа тема повторно. Бидејќи и двајцата не сме пријавени т.е работиме како фрееленсери се мислиме што е поисплатливо. Дали двајцата да се осигураме на сума од 300 евра годишно или еден од нас да биде пријавен и да му тече стаж и здравствено осигурување. Ние сега сами си плаќаме здравствено 2200 месечно, кога би оделе преку ПИОМ за минимална пензија треба да уплаќаме 5000 месечно, а прашање е дали ќе дочекаме да ја користиме и колкава ќе биде. Од друга страна од тие 5000 кога ќе ги одбиеме 2200 за здравство, а остатокот го поделиме со сопругот на годишно ниво би ни дошло околу 300 евра за секого. Така и двајцата ќе бидеме осигурани за недај боже.
Ваши мислења? И дали математикава ми е на место?
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
Прогуглајте преваре животно осигурање па ке видите дали се исплати. Убаво си вика очекувана добивка која и не мора да биде 50% може да биде и нула.

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Може ли некој да ми објасни што ми се исплаќа појше - да тргам пари на страна и да ги орочувам во банка или да ги дадам истите за животно осигурување?
Само што направив една симулација со користење на кредитниот калкулатор на тутунска банка да споредам со животното осигурување каде се поголеми добивките(каматата).
Правилата на игра беа да се уплака 500 евра секоја година на максимално орочување (5 години со 3,3% камата) во евра. Откако ке поминат 5 години парите заедно со каматата (581 евра после 5 години) повторно се орочуваат на 5 години и така се до последните 5 години кога ќе треба да се орочуваат парите на 4, 3, 2, 1 година за да се подигне цела сума заедно со камата после 25 години. Според кредитниот калкулатор на тутунска за сите тие години само од камата ќе имаме 6240 евра плус 12500 евра што сме уплаќале за тие 25 години или вкупно 18740 евра.

За штедењето во осигурителна компанија се добива очекувана добивка што е 50% од осигураната сума. Со плаќање 500 евра годишно за 25 години осигураната сума е 12500 евра што значи очекуваната добивката е 6250 евра или вкупно 18750 евра.

Јас мислам дека за 10 евра разлика после 25 години штедење најдобро е ова да го прогласиме за нерешено :)

Да си кажам дека во примеров ја земав тутунска банка (најмногу поради кредитниот калкулатор) но може во другите банки да биде поголема или помала каматата и годините на орочување а со тоа и крајната сума. Во комерцијална е 3,1% на 3 години орочување. Значи со другите банки може да се добијат други бројки ама најверојатно тука некаде ќе бидат. Исто да си кажам дека 25 години претпоставив дека ќе биде фиксна каматната стапка иако си пишува во секоја банка дека може да се менува секоја година. Кој не го мрзи нека направи слична пресметка и за други банки.



Се надевам дека помогнав.
Мене лично урочување у банка ми е далеку посигурно и пофлексибилно, не само за животно осигурување, туку и за пензиско и здравствено (под услов да не сме нели 'социјална'држава).
Пошто сам одлучуваш кога, како и колку пари ќе урочиш на колку време. Не ти е обврска, како шо е обврска со осигурителните, пошто ако се фатиш на орото фатен си. :D
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Прогуглајте преваре животно осигурање па ке видите дали се исплати. Убаво си вика очекувана добивка која и не мора да биде 50% може да биде и нула.

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
Не само што нема камата туку ти ги крадат сите пари и после 25 години ти исплаќаат евро.:rolleyes:
Потпишуваш договор каде имаш колку точно ќе те исплатат,а не колку отприлика треба да те исплатат.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Дечки наслушнав дека ако една рата не платиш се што си плаќал дотогаш ти оди во неврат, точно ли е тоа?
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
Дечки наслушнав дека ако една рата не платиш се што си плаќал дотогаш ти оди во неврат, точно ли е тоа?
Ne, moes da pauziras, prvite 3 godini moras da gi platis posle moze da se otkazes
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
@Cappie

Одлично објаснето во пар реченици.

Дали WVP го нуди Grawe Safe Life пакетот, или тој навистина во МК го нудат само Grawe преку нивните агенти?
Мислам дека е точно дека само тие го нудат, но колку што јас сум запознат тој пакет не е ништо поразличен од обичните Г1 тарифи на Граве и регуларните други тарифи на другите компании.

Во однос на тоа што е подобро, дали во банка, дали животно - како што покажува пресметката на @Gwizdo добивката е иста. Разликата е во три битни работи: во банка се штеди на краток рок (никој не гарантира дека условите поставени во пресметката ќе важат и по 5 години кога ќе заврши првото орочување, па да се продолжи пак со исто), може да се вадат кога ќе потребаат и во случај на смрт на клиентот се исплаќаат толку колку што биле ставени.

Кај животното осигурување, се штеди на долг рок (добивката од 50% не била помала во последните 100 години) и целта на штедењето е приватна пензија, купување на стан, школување на деца итн, што и да ви е цел на долг рок; првите 3 години не можат да се извадат парите, а за понатаму си има точно определени правила што доколку се прекине со плаќање и сл.; и како најголема предност во однос на банките, децата или другите наследници на клиентот, во случај на негова смрт ја добиваат сумата што би требало да биде уплатена на крај на договорот или дупла таква сума доколку смртта е резултат на несреќа.

Ако мене ме прашувате што е подобро, ќе кажам дека најдобро е да се штеди и во банка и во животно, ако постои можност за тоа. Ако не постои, тогаш подобро е во животно затоа што постепено ја обезбедуваш и својата, а и иднината на твоите најблиски, додека со штедењето во банка би обезбедил некое твое/нивно инстант задоволство (телевизор/некоја мала кола/одмор) кои би ги обезбедил дури и ако штедиш во животно, само евентуално месец-два подоцна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom