Здраво

! Нова сум на форумот, па бидејќи веќе не знам како и каде да се обратам,и уште овде би сакала да побарам совет во кој моментално се наоѓам во безизлезна ситуација.
Има дечко што сме пријатели скоро цела година. Кога се запознавме тој имаше некои симпатии спрема мене т.е сакаше да биде со мене, беше многу упорен, наоѓаше начини да биде во моја близина, но проблемот беше тоа што јас не се замарав воопшто т.е имав период низ кој поминав многу тешки ситуации во кои една од нив беше смртта на мојот најдобар пријател.Бев многу затворена со еден збор бев ладнокрвна и ништо не можеше да допре до мене. Комунициравме околу 2-3 месеци, тој ми пишуваше а јас демек како: oк,ништо по дома,добра сум (кратко и јасно) . Тој многу ми се допаѓаше на мене но не си го отворив срцето а потоа и прекинавме со комуникацијата извесен период а и не го гледав често.После 2 месеци пак почнавме да комуницираме но сега обратно : Јас се замарам повеќе а тој помалку. Но сепак има моменти ми пишува и тој прв. Нашиот разговор е базиран на тоа што кога разговараме како да се знаеме цел живот и тој е слободен и јас исто, но не разговараме во врска со нас.Само јас еднаш го прашав што чуства е имал за мене а тој само ми рече: Сите пораки и било што,беа од срце напишани и направени,ама потоа се разочарав и се откажав кога видов дека нема никаква надеж.
Мојата цел за оваа тема е дали тој има некој чуства спрема мене,дали сака да бидеме заедно ?! Јас не можам да го направам тој чекор да го прашам,затоа што не сакам да го прекинеме и тој контакт што го имаме сега доколку не е тоа така, а не можам да се замислам без него,бидејќи имам силни чуства. Тој е личноста што можам да бидам слободна со некого,се смеам,заборавам на се, со еден збор убаво ми е кога комуницираме а уште поубаво кога сум во негова близина.