- Член од
- 7 јуни 2014
- Мислења
- 1.129
- Поени од реакции
- 1.291
предлозиве ти се интересни но назнам дали се употребливи во мојот случај, ќе се обидам да направам некоја скица на просторот од кујната со овие твои предлози но незнам зошто уште во старт сум скептик дека не е применливо посебно заради тоа што треба и да имам оставено простор кој ќе ми дава пристап до терасата.Всушност, целата поента ми беше дека мораш да ја преградиш кујната со некој шанк па дури и покрај тоа што е мал просторот. Ако не го преградиш ќе ти изгледа се пренатрупано, ако го преградиш пак ќе изгледаат како две посебни соби.
Имаш опција да шанкот истовремено од едната страна ти биде и клупа (трпезариска маса) во Г, не знам дали ме сфаќаш на што поточно мислам ама од вчера барам слика да ти покажам и не можам да најдам. Нешто слично на ова:
![]()
или ова:
![]()
А за детската соба јас би ставила вакви кревети:
![]()
за предлогот во детската веќе ми се допаѓа доста и можам да размислам повеќе околу тоа да се смисли нешто во тој стил.[DOUBLEPOST=1402400303][/DOUBLEPOST]
така е за спиење светлина не ти треба ама проветрување мора да правиш и тоа секој ден најмалку два пати сабајле вечер во зимо и повеќе пати во лето.[DOUBLEPOST=1402400823][/DOUBLEPOST]Колку ќе бев задоволен да немав прозори во спална. Кога спиеш дневната светлина смета а ноќе уличните светилки сметаат. Ролетните ми се спуштени цело време.
така е предлогот горе на @Ryan Giggs многу ми се допадна и мене и најадекватно решение ми изгледа за во иднина кога ќе се има пари за да се прават такви интервенции од типот на куткање на ѕидови и преградување на простори.@dastan Не сум архитект, ама пред неколку години бев во многу слична ситуација на твојата, па неколку совети од практично искуство.
Спалната е безпотребно преголема. Имаш празен простор кој никојпат за ништо нема да биде искористен. Верувај, за спална не ти треба ништо повеќе од кревет и плакар. Наспроти тоа дневната со кујната се премали. Погоре има добри предлози да ја преградиш или комплетно да ги замениш спалната со дневната. Лично мене ми се допаѓа предлогот на Ryan Giggs. Размисли ја добро таа варијантата за спална без прозори. Светлината не е проблем. Ако ти е прозорот кон исток и сонце ќе те осветли во пет сабајле и онака ќе спушташ ролетна на прозорот. А со стаклен ѕид и убаво амбиентално светло нема ни да приметиш дека нема прозори, евентуално проветрувањето да не биде проблем?
Размисли и спалната да ја направиш детска, а детската спална, со тоа што ќе ја намалиш и ќе отвориш простор за да се зголеми дневната.
Кое и какво решение ќе одбереш, сепак многу зависи и од вашите навики како семејство. Доколку готвите секојдневно, ќе ви треба голема и комотна кујна и остава (шпајз), оваа вака ќе е претесна за било што. Доколку сте пушачи, ќе ви треба излез на тераса. Дали истата сакате да ја користите за кафе и оброци или ќе се користи како остава? Во тој случај размисли за заградување.
понатаму со замена само на спалната и детската соба мислам дека ништо спектакуларно нема да се добие поради тоа што собите се скоро идентични по големина единствено вратата е на различно место.
Инаку да се готви скоро секој ден или 4-5 од 7 дена во неделата, пушач во семејството немаме но излез за на тераса дефинитивно ќе има потреба како за сушење на алишта па и за да те фати воздух 5-10 мин. на ден и не би сакал да ја заградам освен ако се мора што во овој случај не е така.[DOUBLEPOST=1402418100][/DOUBLEPOST]
еве најдов малку време да поработам на ’’случајов’’ и изработив една скица според твојот цртеж (значи струка си е струка, плус ако се има и пракса добитна комбинација )тапа џонс, дневно-кујната ти е нефункционална, спалната предимензионирана .... ти треба мала кујна со трепезариска маса за 4 лица и посебна дневна соба ( истата прегради ја со провидни полици од под до плафон за да добиеш визуелно преграда помеѓу две простории но и визуелно ќе остане ефектот на поголема просторија ). . Повлечи ја вратата за спалната пред вратата за вц-то за да добиеш простор за отварање врата која нема да се лупа во кревет, а спалната намали ја т.е. прегради за пола да ја користиш како трепезарија со мала кујна а другиот дел како спална соба ..... е сега во зависност каде се наоѓа станот дали е нова градба гипс картон цигла или полна цигла 38 цм ѕид и.т.н .. еве ти една брза скица.
![]()
http://prntscr.com/3rhit3
плус ставени се димензиите колку простор останува откако ќе се вметнат елементите, но не е целосно завршено за дневниот простор кој сега го добив како чист простор (и искрено сум многу пријатно изненаден

Ако имате забелешки или предлози може да се коментира.
Последно уредено: