Сликата е мала, незнам дали се чита за што станува збор! 29то традиционално качување на титов врв, сите кои имаат страст за планинарење, ова е идеално нешто за тоа! Ќе се одржи на 30 Мај.
Тоа е формалната страна

За оние што не биле, искачувањето трае 4 часа во еден правец, а по патот ќе сретнете невидени гледки, ако баш ве интересира побарајте да ставам некоја фотографија што сум ја направил, ќе видите колку е воодушевувачко! Патот не е баш едноставен, има доста коси нагони, ама е доста интересен за доживување! И уште нешто, кој ќе иде, обавезно да си понесе кабаница, никад незнаете какво ќе стане таму времето за 5 минути! Ако некој го интересира нешто нека ми пише
