Денес започнува светското првенство во најважната споредна работа футбал кое се одржува во Бразил, светско првенство е врв за гледање фудбал за еден стравствен фудбалски љубител, за време на светското првенство за овие љубители застанува се буквално се, за зема одмор од работа, за испраќаат жената и децата на одмор, се спремаат телевизорите и се купува пиво (за мене РОСА), се исклучуваат од се. Светското првенство е уживање и опуштање, тогаш се заборава на сите проблеми и сите стресови, времето е прилогодено само на натпреварите.
Мене ова ќе ми биде 7-мо Светско првенство, на сите се сеќавам од 1990 во Италија, кога плачев што испадна Југославија од Аргентина на пенали, па до 2010 во Јужна Африка кога Иниеста ја донесе победата и пехарот на Шпанија за која навивам сега (бидејќи Македонија не учествува). Не заборавам ниту еден детаљ, ги следам првествата со голема страст и уживање.
Ова светско првенство е историско по повеќе работи кои за првпат ќе се применуваат, гол технологијата, спрејот за обележување при слободните, тајм аут ако е над 30 степени во траење од 3 минути. На ова светско за првпат нема изразит фаворит кој се одвојува од другите. Бразил е прв фаворит, но има голем притисок како домаќин и очекувањето да ја освојат 6 титула, тука се Шпанија, Германија, Аргентина и Португалија, последните две ќе зависта од учинокот на Меси и Роналдо.
Ќе навивам само за Шпанија и само за Шпанија, иако сметам дека ќе биде многу, многу тешко да се одбрани титулата.
ВРЗЕТЕ СЕ, ЗАПОЧНУВА АВАНТУРАТА БРАЗИЛ 2014