Второто доаѓање на Господ Исус Христос е Страшниот Суд. Он го исполни законот и потоа само го дополни, зошто до тогаш луѓето не знаеја дека Бог е Триипостасен, но Он, како Слово, им го најаваи на Апостолите Утешителот, Светиот Дух, го проповедаше она што претходно не им беше јавено на луѓето, односно на избраниот еврејски народ, но со доаѓањето на Господ Исус Христос, со Неговото отелотворување, еврејскиот народ престана да биде избраниот и единствениот кој верува во еден жив Бог, туку беа поканети сите народи да поверуваат во Неговите проповеди, во неговото кажување на Вистината, зошто верата во ервреите се претвори во сувопарно следење на закони, кои со текот на време ја изгубиле својата возишена цел, туку се претвориле меѓу луѓето како причина за некакво осудување, казнување на другиот не гледајќи ги спосптвените грешки и гревови и затоа Господ им рече на сите кои сакаа да ја каменуваат блудницата: Кој е без грев прв нека го фрли каменот. Тоа се дополнителните заповеди кои ние како христијани, православни христијани, треба да ги исполнуваме. Особено што сите догмати и канони понатаму биле утврдени и тие како такви, откриени на светите Отци, треба дословно да ги следиме, без никакви измени или прилагодувања. Се мора да биде онака како што е напишано од Евангелистите, кои ги напишаа Господовите зборови, и од Апостлите и Светите Отци. Секое едно свештено лице или монах или мирјанин кој прави свои варијации на веќе утврденото, е само неверник и предавник. Секоја искажана анатема треба и понатаму да се почитува како таква, а не да се прифаќа поради некакви си создадени нови модерни ситуации. Најдобро е човекот да му угодува на Бога, а не на човекот, зошто само така може да се спасиш. Ако поради свој близок роднина, наместо наутро да се молиш, ти пиеш кафе со него/неа, тогаш ти избираш да му угодиш на човекот, ане на Бога. Ако повеќе го слушаш свештеникот иако знаеш дека греши и не се споритивставиш, ти повторно му угодуваш на човекот. А Бог вели дека треба Нему да Му угодуваме, а не бара многу.Токму така: Он ги исполни и Законот Мојсеев и пророците, кои го пророкува Неговото прво доаѓање.
Неговото второ доаѓање, воскресението, Судот, возобновувањето на Вселената и почетокот од вечноста, не го проркуваа старозаветните пророци, туку новозавениот Апостол Христов, омилениот Јован Богослов, во Откровението.
Обиди се пак...