Верувате ли во Господ? Дали постои?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???


  • Вкупно гласачи
    995
Гледал колку убавини Бог создал само за него, тој да управува со нив и да ги користи истите. да биде Господар и Корисник на нешто што никогаш не било негово, сето тоа за „гаге“.
Не постои убавина ако не постои неубавина.
Нема рај ако не осетиш пекол.
Проблемот со човекот не е у неубавините и у злото.
Проблем е што животот не е вечен.
 
абе како можи човештвото да биде казнето заради половиот однос меѓу Адам и Ева,а од друга страна наредува,односно препорачува да се плодиме и множиме??????????
 
Не постои убавина ако не постои неубавина.

Според тебе излегува дека не постои светлина ако нема темнина. Така?

Светлината постои и без темнината, а темнината е само недостаток на светлина. Истото е и со Убавината. Убавината можи да постои и без Не-убавината (како што ја нарекуваш), а не-убавината е само недостаток на убавина, и ништо друго.

Значи тоа што го кажуваш, не ти држи вода.

--- надополнето ---

абе како можи човештвото да биде казнето заради половиот однос меѓу Адам и Ева,а од друга страна наредува,односно препорачува да се плодиме и множиме??????????

:pos2::pos2::pos2: АБЕ КАЈ ГО ПРОЧИТА ОВА. МЕ ИЗНАСМЕА....ХА ХА ХА ХА
 
Според тебе излегува дека не постои светлина ако нема темнина. Така?

Светлината постои и без темнината, а темнината е само недостаток на светлина. Истото е и со Убавината. Убавината можи да постои и без Не-убавината (како што ја нарекуваш), а не-убавината е само недостаток на убавина, и ништо друго.

Значи тоа што го кажуваш, не ти држи вода.
Сакаш да кажеш дека не постои пекол , по таа аналогија ?
 
Темава е доста интересна, иако не успеав да прочитам се што е дискутирано... Не можев, а да не искоментирам... Она кое најмногу ме наведе на размислување, се секако постовите на Ипссисимус... ( Доста интересни )...

Вели он, дека Бог кажал некаква си лага во однос на вкусувањето на јаболкото... Кога ја читав Библијата, воопшто не ја размислив таа реченица... Но не би се согласила дека е лага, бидејќи навистина јаболкото му наштетило на човекот, како во однос на гревот, така во однос и на смртта... Змијата, не би имала карактеристики на зол ентитет ?! Можеби не, бидејќи дава само идеја... Но од друга страна, таа идеја е штетна по целото човештво... И змијата го знае тоа... А Адам е оној, кој поради незнаење ја користи таа идеја... Заради кое страдаме сите... Дали е правилно или не ?! Значи змијата знае што следува, а Адам не знае...

Слободната волја е дадена, точно за да делува човекот онака како што самиот ќе одлучи дека е најдобро... Казната за истото тоа делување не е следствено правилната или неправилна одлука на човекот, туку е исклучиво поради неговата егоистична, себична и расипана природа да делува наштетувајќи му на другиот... Согласно злоупотребата на слободната волја... И сето тоа намерно... Е сега, доколку не го вкусел јабокото ?! Ќе било ли тоа така ?!

На човекот му е потребно да има нешто или некој во кој ќе верува... Некој кој ќе го наградува за успехот, и некој кој ќе го казнува за грешките... Тоа е Бог... Па бесмислено би било да верувам во моќта и енергијата на некој си обичен упаљач на пример... Зарем не функционира и секое едно општество со норми, правила и начини на однесување, а согласно непочитувањето на истите и казни ?! Доколку сето тоа не постои, нема да има ниту морален кодекс, па секој би правел апсолутно се што ќе посака... Би настанал еден тотален хаос...
Ќе ти пастирам цитат од тој дел, па да видиме дали е лага или не!
"Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото на спознавање на доброто и злото, од него нејади зошто од оној ден кога ќе вкусиш од него ќе умреш"
На што змијата ги прашува што им е кажано во врска со "јаболкото", и им ја одкрива правата вистина:
"Не нема да умрете, но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него ќе ви се отворат очите па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро а што зло!".......
Еве ја реакцијата на бог, одкако Адам и Ева го одкриваат "сознанието" за доброто и злото:
"Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно! Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен.
Значи невели ете сега Адам ќе умре затоа што јадеше од јаболкото, туку вели ете стана како еден од нас, и плус вели но сега да не посегне по дрвото на животот па да заживее вечно! Значи не само што нема да умре, туку има шанса и вечно да заживее! И што прави бог? Го изгонува, го проколнува и му ја одзема бесмртноста, очајни постапки на кукавица кој се плаши од рамните на себе, а покажува сила на послабите!
И уште една работа! Ако ти си да речеме семоќен бог, дали ќе му ги "затвориш" очите (ќе му го ускратиш сознанието што е добро а што зло), ако си праведен бог или ако си неправеден и зол бог?
 
Многумина ја цитираат Библијата... а која е разликата помеѓу новиот и стариот Завет?
 
Сакаш да кажеш дека не постои пекол , по таа аналогија ?

А што има врска рајот со пеколот? И едното е состојба и другото е состојба. Не мора да значи ако едното постои, другото да не постои. Постои можност и двата да постојат, но и двата да не постојат.

Во никој случај неможи пеколот да биде недостаток на рај, кога едното и другото се состојба или место во кое се наоѓаш или пребиваш.
 
А што има врска рајот со пеколот? И едното е состојба и другото е состојба. Не мора да значи ако едното постои, другото да не постои. Постои можност и двата да постојат, но и двата да не постојат.

Во никој случај неможи пеколот да биде недостаток на рај, кога едното и другото се состојба или место во кое се наоѓаш или пребиваш.
Целта ми беше да ти докажам(да си докажеш) дека аналогијата со светлината не држи увек.
Ме мрзи да пишувам многу у последно време .:)
 
Целта ми беше да ти докажам(да си докажеш) дека аналогијата со светлината не држи увек.
Ме мрзи да пишувам многу у последно време .:)

А зошто не држи? Светлината можеш да ја видиш и да ја измериш. Но дали темнината можеш да ја измериш?

А околу пишувањето....мене кога ме мрзи да пишувам, не пишувам, само читам. Ова чисто само како информација, не мора да го прифатиш.
 
А зошто не држи? Светлината можеш да ја видиш и да ја измериш. Но дали темнината можеш да ја измериш?

како побожен чоек и верник ме чуди како се ограничуваш со земски мерки :)
 
како побожен чоек и верник ме чуди како се ограничуваш со земски мерки :)

Сега засега доста се и земските. Ако стасам на небо, таму со небесни ќе мериме, а ако не стасам, во пеколот, можеби со пријателов и темнината да ја измериме. Кој знае, за цела вечност, можеби и во шише да ја собериме.
 
А КАДЕ ПРОЧИТА ДЕКА АДАМ НЕ ЗНАЕЛ? Па нели Бог уште на самиот почеток кога го створи му кажа, дека ако јаде од „Дрвото за познавање на добро и зло“ (не јаболкото), дека ќе УМРЕ, ќе се зарази со Грев! И како упорно тврдите дека Адам не знаел???

Адам не знаел, реков, што е добро а што е зло, во однос на распознавање на истото... Верува во она што ќе му го каже едниот или другиот... Змијата и Бог точно знаат што ќе се случува после тоа... Всушност, Адам, не разликува што е што... и точно, Бог му кажал дека ќе умре и ќе се зарази со грев ( Она што Ипсиссимус го нарекува лага ), а не е, бидејќи тоа и се случува, и е кажано за доброто на целото човештво... ( Значи не се мисли на буквално умирање во моментот ), што се чита меѓу редови... http://forum.kajgana.com/member.php?41906-Ipsissimus

И што е проблемот, ако не знаел што е зло, зарем немало да му биде поубаво, ако животот го живеел без сознание што е зло?

Нема проблем тука, никаков... Напротив, да, мислам, и тоа како мислам, дека животот без сознание за зло, би бил и тоа како поубав... ( Мада ништо не фали ни вака... )

--- надополнето ---

Ако ти си да речеме семоќен бог, дали ќе му ги "затвориш" очите (ќе му го ускратиш сознанието што е добро а што зло), ако си праведен бог или ако си неправеден и зол бог?

Ако знам дека првото е лошо по целото човештво, тогаш можеби да... За да живее праведно, среќно, исполнето, со сите дадени благодети, без убиства, измами, гревови и сл...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom