Темава е доста интересна, иако не успеав да прочитам се што е дискутирано... Не можев, а да не искоментирам... Она кое најмногу ме наведе на размислување, се секако постовите на Ипссисимус... ( Доста интересни )...
Вели он, дека Бог кажал некаква си лага во однос на вкусувањето на јаболкото... Кога ја читав Библијата, воопшто не ја размислив таа реченица... Но не би се согласила дека е лага, бидејќи навистина јаболкото му наштетило на човекот, како во однос на гревот, така во однос и на смртта... Змијата, не би имала карактеристики на зол ентитет ?! Можеби не, бидејќи дава само идеја... Но од друга страна, таа идеја е штетна по целото човештво... И змијата го знае тоа... А Адам е оној, кој поради незнаење ја користи таа идеја... Заради кое страдаме сите... Дали е правилно или не ?! Значи змијата знае што следува, а Адам не знае...
Слободната волја е дадена, точно за да делува човекот онака како што самиот ќе одлучи дека е најдобро... Казната за истото тоа делување не е следствено правилната или неправилна одлука на човекот, туку е исклучиво поради неговата егоистична, себична и расипана природа да делува наштетувајќи му на другиот... Согласно злоупотребата на слободната волја... И сето тоа намерно... Е сега, доколку не го вкусел јабокото ?! Ќе било ли тоа така ?!
На човекот му е потребно да има нешто или некој во кој ќе верува... Некој кој ќе го наградува за успехот, и некој кој ќе го казнува за грешките... Тоа е Бог... Па бесмислено би било да верувам во моќта и енергијата на некој си обичен упаљач на пример... Зарем не функционира и секое едно општество со норми, правила и начини на однесување, а согласно непочитувањето на истите и казни ?! Доколку сето тоа не постои, нема да има ниту морален кодекс, па секој би правел апсолутно се што ќе посака... Би настанал еден тотален хаос...