Не им ја даде земјата да ја обработуваат, туку ги ИЗГОНИ на неа -
„И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; *машко и женско ги создаде. И ги благослови Бог, и им рече: "Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и
господарете над неа, и
овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата." И рече Бог: "Еве,
ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна! “
Во овој стих гледам поинаку напишано. Кога си ја читал Библијата, изгледа ти се има при-дремано, па не си го приметил овај стих?
Бог им рече: ГОСПОДАРЕТЕ НАД ЗЕМЈАТА т.е. БИДЕТЕ ГОСПОДАРИ, ОВЛАДЕЈТЕ ЈА или ЗАВЛАДЕЈТЕ СО НЕА, и на крај им вели ви дадов СЕКАКОВ ВИД РАСТЕНИЈА за храна (што значи не грижете се што ќе јадите бидејќи ќе го има засекогаш во изобилие.)
Но само една работа побара од нив: Не се допирајте до тоа дрво и не вкусувајте, бидејќи ако се допрете и вкусите ќе умрете, бидејќи во него има отров (грев), а платата за грев е смрт.
Значи, Бог планетата земја ја створи за човекот. човекот да биде Господар и Управувач над целата земја. Исто така им створи храна во изобилије, никогаш да не останат без храна и никогаш да немаат страв дека ќе останат без неа, ама под истиот услов: не се допирај и не вкусувај од Отровот (гревот).
И зошто Бог го обвинувате, затоа што човекот не ги прифатил правилата на игра, така како што се договорил. Зарем Адам не можеше уште на самиот почеток да му каже на Бог дека не го прифаќа тоа правило што му го постави Бог? Да рече, бидејќи сум твоја креација и не се согласувам со твоите правила, вратиме во поранешната состојба (прав и пепел) во која што бев претходно. Зарем не можеше да се спротивстави, но го прифати и живееше со тоа правило. И наеднаш го промени тоа правило.
Па и овде на земјава, меѓу луѓето, постојат правила на договор, кои што правила мора да се почитуваат, иако имаме слободна волја да ги менуваме и да правиме што сакаме. Но последицата од таа Акција (менување на правила) е Реакција. Не знаеме што може да ни направи вториот договарач на правилото.
Човечки кажано, и во фирмата каде што некој те запослил, иако имаш слободна волја и можеш да правиш што сакаш, не смееш да ги менуваш правилата со кои си се договорил. За секоја непослушност, (што викаат ѓупците) ќе ти дадат „ОДГАЗ“. Ќе те НАБРКААТ, како што и Бог направи.
"земјата нека биде проклета за тебе! Со мака ќе се храниш од неа се до крајот на својот живот, трње и бодилки ќе ти раѓа и ти ќе јадеш трева полска. Со пот на лицето свое ќе јадеш леб, се дури не се вратиш од земјата од која си земен!"
А што требаше да им направи? Да им се „Натртанчи“ и да им рече „Повелете Боцнете ме Отпозади“? Ајде не биди смешен! Па и Ти, да беше на местото на Бог, што ќе направеше? Ќе им речеше: за вашата непослушност ви ја предавам во ваши раце целата вселена?
Правилата на игра се нарушени, платата за непослушност е - СМРТ. Тоа што го заслужија, тоа и го добија.
Уште на почетокот на „играта“, Бог тоа го кажа, Адам беше предупреден и тоа го знаеше.
Старите викаат:
„НЕ РИПНИ В ОГАН, НЕ ИЗГОРИ СЕ“.