Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994
С

сашенко

Гостин
Ако внимателно прочита, тогаш сигурно забележа што кажав - дека не сум атеист и дека не тврдам дали постои или непостои творец, туку само посочив колку е апсурдно на еден ентитет од тој размер да му се припишуваат толку смешни, човечки и суетни атрибути како во монотеизмот! Твоите мотиви можеби не се стравот од казна или мотивација по награда, но факт е дека ОГРОМЕН процент од верниците единствен двигател да се покоруваат на една таква слика за бог, се токму стравот и казната! Најголемите "верници" како по правило се слуги на сопствената грижа на совест, луѓе кој својот начин на живот го доживеале како грешен, неморален...и кој неможејќи да изнајдат одговори и решение за своите постапки, слепо ја прифаќаат одредената релкигија. Слично на алегоријата со козата и морковот, која мотивирана по наградата (морковот), го влече оној кој го држи морковот, несвесна дека служи за нечива манипулација.
Ако тебе верувањето во творец ти го осмислува животот верувај си, но факт е дека богот опишан во монотеизмот е суров, неправеден, садистички и немилосрден карактер.
Да бе те сватив што сакаше да кажеш.Ти зборував за мојата верба само.Иначе во право си некои луѓе стварно имаат многу погрешни претстави за бог и го претставуваат како суров.Казната не е суровост.Еве ти пиша цитати како точно им рекол на адам и на ева ама не ги казнува за лошо да направи сигурно.Се казнува оној на кого му се мисли добро.Го казнуваш за да свати и да научи.За оние кои не ти значат ништо не ти е гајле многу.Ама кога се работи за некој свој секогаш човекот настојува да му објасни и да му ја покаже грешката и да го научи.Можеби зборот казна сме го прифатиле како лош збор затоа што често пати луѓето си играат бог и казнуваат по нивни критериуми па бидејки некои се ептен сурови ни се развила погрешна претстава за тој збор.Постарите луѓе, нашите дедовци и баби ги казнувале нивните деца често за да ги научат нешто.Тепањето е лошо ама казната е многу важна за развитокот на човекот.Да се научи дека со секоја грешка оди и последица која не е воопшто лесна.И следниот пат да се размислува правилно.Така да она што бог го направил со адам и ева за мене е исправно.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
... најчесто тоа е стравот и очајот кој ги зафаќа луѓето кога ќе помислат дека можеби еден ден ќе ги нема повеќе. Водени од тој страв дека ќе бидат казнети и мачени успеваат да се убедат во таа "вистина"!

Искрено да ти кажам, не бил стравот од пеколот и вечната мака, поради кое сум го прифатил Бог и Христијанството. Мислам дека во еден од моите претходни постови напишав, дека Јас и го заслужив пеколот и одлуката, ако еден ден Бог ме стави во него. Па јас ништо во мојот живот немам добро направено, за да можам да се пофалам, ни пред човек ни пред Бога. И ако Бог одлучуваше и судеше според критериумот на направени добри дела во мојот живот, а не според Верата, Милоста и Благодата (овие се Библиските и Божјите стандарди за оправдување), тогаш Јас секако бев за во пеколот.

Но во животот научив една работа, а тоа е дека, нема поубава работа во животот на еден човек, вечноста да ја помине во прегратките на еден Свет, Праведен и полн со Љубов Бог, па и по цена главата да ја изгуби во овој минлив и кратко-траен живот.

Можеби ќе речеш, од каде Бог полн со љубов, кога ги казнува луѓето? Ги казнува оние кои што грешат, не само против него, туку грешат и против другите луѓе, а најмногу против себе. Оние кои што не се кајат за своите грешки, сакаат да им пресудуваат на другите, но истите да не бидат судени и осудени.

Кога Бог мене ми опрости, бидејќи е најголемиот извор на љубов што постои, може да му опрости на секој човек, кој што искрено согледал дека направил грешка од својот живот, кој што искрено се кае и е спремен за промена, почнувајќи од својот живот.
Таа Библиска терминологија, промена на животот, се нарекува Наново-раѓање.

Поздрав.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да бе те сватив што сакаше да кажеш.Ти зборував за мојата верба само.Иначе во право си некои луѓе стварно имаат многу погрешни претстави за бог и го претставуваат како суров.Казната не е суровост.Еве ти пиша цитати како точно им рекол на адам и на ева ама не ги казнува за лошо да направи сигурно.Се казнува оној на кого му се мисли добро.Го казнуваш за да свати и да научи.За оние кои не ти значат ништо не ти е гајле многу.Ама кога се работи за некој свој секогаш човекот настојува да му објасни и да му ја покаже грешката и да го научи.Можеби зборот казна сме го прифатиле како лош збор затоа што често пати луѓето си играат бог и казнуваат по нивни критериуми па бидејки некои се ептен сурови ни се развила погрешна претстава за тој збор.Постарите луѓе, нашите дедовци и баби ги казнувале нивните деца често за да ги научат нешто.Тепањето е лошо ама казната е многу важна за развитокот на човекот.Да се научи дека со секоја грешка оди и последица која не е воопшто лесна.И следниот пат да се размислува правилно.Така да она што бог го направил со адам и ева за мене е исправно.
:icon_bigg Друже гледам дека ја немаш баш прочитано библијата! Не е само Случката која ја посочив со Адам и Ева и не се погрешни претставите на луѓето за тоа дека богот опишан во библијата е суров! Велиш дека бог не казнувал за да направи лошо, туку како еден вид воспитна мерка нели? Како тогаш да го вклопиме ова објаснување во делот кога овој бог вели - "Не прави врежан лик или слика на она што е горе на небото, долу на земјата, под водата, затоа што јас сум ревнив бог кој за грешките на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено!"? Ти би казнил ли дете кое не е ни родено уште, за нешто што таткому направил?
Или кога евреите го прават првиот идол - златното теле, еве што им заповеда бог на оние кој му останале покорни -
....застана Мојсеј на вратата од логорот и рече: "Кој е Господов нека дојде кај мене" и се собраа сите синови Левиеви. И тој им рече: Еве што вели господ бог на Израил: опашете го секој својот меч на бедрото свое, и појдете по логорот, па тргнете од врата на врата и обратно и секој нека го убие братот свој, ближниот свој и соседот свој.

--- надополнето ---

Искрено да ти кажам, не бил стравот од пеколот и вечната мака, поради кое сум го прифатил Бог и Христијанството. Мислам дека во еден од моите претходни постови напишав, дека Јас и го заслужив пеколот и одлуката, ако еден ден Бог ме стави во него. Па јас ништо во мојот живот немам добро направено, за да можам да се пофалам, ни пред човек ни пред Бога. И ако Бог одлучуваше и судеше според критериумот на направени добри дела во мојот живот, а не според Верата, Милоста и Благодата (овие се Библиските и Божјите стандарди за оправдување), тогаш Јас секако бев за во пеколот.

Но во животот научив една работа, а тоа е дека, нема поубава работа во животот на еден човек, вечноста да ја помине во прегратките на еден Свет, Праведен и полн со Љубов Бог, па и по цена главата да ја изгуби во овој минлив и кратко-траен живот.

Можеби ќе речеш, од каде Бог полн со љубов, кога ги казнува луѓето? Ги казнува оние кои што грешат, не само против него, туку грешат и против другите луѓе, а најмногу против себе. Оние кои што не се кајат за своите грешки, сакаат да им пресудуваат на другите, но истите да не бидат судени и осудени.

Кога Бог мене ми опрости, бидејќи е најголемиот извор на љубов што постои, може да му опрости на секој човек, кој што искрено согледал дека направил грешка од својот живот, кој што искрено се кае и е спремен за промена, почнувајќи од својот живот.
Таа Библиска терминологија, промена на животот, се нарекува Наново-раѓање.

Поздрав.
Не мислев на тебе бидејќи не те познавам лично и затоа неможам да кажувам било што! Мислев на многу луѓе кој лично ги познавам а и ред неброено многу други низ светов кој како единствен двигател го имаат стравот и надежта за награда!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
:icon_bigg Друже гледам дека ја немаш баш прочитано библијата! Не е само Случката која ја посочив со Адам и Ева и не се погрешни претставите на луѓето за тоа дека богот опишан во библијата е суров! Велиш дека бог не казнувал за да направи лошо, туку како еден вид воспитна мерка нели? Како тогаш да го вклопиме ова објаснување во делот кога овој бог вели - "Не прави врежан лик или слика на она што е горе на небото, долу на земјата, под водата, затоа што јас сум ревнив бог кој за грешките на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено!"? Ти би казнил ли дете кое не е ни родено уште, за нешто што таткому направил?
Или кога евреите го прават првиот идол - златното теле, еве што им заповеда бог на оние кој му останале покорни -

Дали ако едно СКАПАНО јаболко ставиме во кошница со здрави јаболка, здравите јаболка ќе го направат здраво, скапаното јаболко? Или обратно, Скапаното јаболко ќе ги расипи останатите здрави јаболка?

Затоа Бог им наредил да го убијат со меч секое скапано Јаболко, за да не ги зарази останатите здрави јаболка, кои што сакаат да останат здрави и пред луѓето и пред Бога.

Малку квас, ќе го расипи (поткваси) целото тесто.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дали ако едно СКАПАНО јаболко ставиме во кошница со здрави јаболка, здравите јаболка ќе го направат здраво, скапаното јаболко? Или обратно, Скапаното јаболко ќе ги расипи останатите здрави јаболка?

Затоа Бог им наредил да го убијат со меч секое скапано Јаболко, за да не ги зарази останатите здрави јаболка, кои што сакаат да останат здрави и пред луѓето и пред Бога.
Епа и Хитлер размислувал на тој начин пријателе! И тој имал намера да ги убие "скапаните" јаболка, дали значи дека неговата мотивација да направи ариевска супериорна раса за тебе е исправна? И успел ли во таа намера? кажи ми? Или можеби треба и во денешницава да се организираат такви чистења и да се убијат "скапаните" јаболка како мене на пример? Никако неможам да сватам како навидум интелегентни и разумни луѓе можат да кажат вакво нешто!
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78

здравите јаболка прават “расипани“.....најчесто така е:toe:ако бог им наредил да се изретчат,значи се ретчат самите себе:toe:абе религија ти е чудесија
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Епа и Хитлер размислувал на тој начин пријателе! И тој имал намера да ги убие "скапаните" јаболка, дали значи дека неговата мотивација да направи ариевска супериорна раса за тебе е исправна? И успел ли во таа намера? кажи ми? Или можеби треба и во денешницава да се организираат такви чистења и да се убијат "скапаните" јаболка како мене на пример? Никако неможам да сватам како навидум интелегентни и разумни луѓе можат да кажат вакво нешто!

Работата е во тоа што и Хитлер бил Скапано јаболко. Креација исполнета со завист, љубомора, опседнатост за власт и управување, тој и никој друг. И кој е тој еден на земјава, кој што можи за себе да кажи дека не е скапано јаболко, кој што во себе нема гордост, завист, љубомора, жед за власт и супериорност, и ред други негативни аномалии?
Затоа Бог го оставил Простувањето, едни меѓу други да си простуваме, но само тогаш кога оној кој погрешил се кае за грешката, па врз таа основа и Бог ни простува, само тогаш кога се каеме за својата грешка (грев).

Ако не се покаеме, Казната за грев е смрт.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Работата е во тоа што и Хитлер бил Скапано јаболко. Креација исполнета со завист, љубомора, опседнатост за власт и управување, тој и никој друг. И кој е тој еден на земјава, кој што можи за себе да кажи дека не е скапано јаболко, кој што во себе нема гордост, завист, љубомора, жед за власт и супериорност, и ред други негативни аномалии?
Затоа Бог го оставил Простувањето, едни меѓу други да си простуваме, но само тогаш кога оној кој погрешил се кае за грешката, па врз таа основа и Бог ни простува, само тогаш кога се каеме за својата грешка (грев).

Ако не се покаеме, Казната за грев е смрт.
:pos2::pos2: Па сите овие особини кој ги наброја се особините на богот од библијата! Немај друг бог освен мене! - опседнатост за власт и управување, љубомора, суровост, гордост.....! По што се разликува од Хитлер? Убива, уништува, наметнува апсолутна власт, забранува конкуренција.....! :toe:

--- надополнето ---

Хитлер им заповедал на својот народ да освојуваат и да убиваат, а Јахве на својот! Еве еден пример:
ПЕТТА КНИГА МОЈСЕЕВА - ВТОРОЗАКОНИЕ
И ми рече Господ: "Ете јас почнав да ти го предавам Сион, (царот хешбонски, Амореецот) и земјата негова, почни да ја покоруваш земјата негова" И Сион (царот хешбонски), со целиот народ свој, излезе во бој кај Јахца, и ни го предаде Господ Бог наш (во рацете наши) и ние го разбивме него, синовите негови и целиот народ негов. Тогаш ги презедовме сите градови негови, ги ставивме под клетва и ги разоривме, а и сите мажи жени и деца ги убивме, никој неостана жив...
 
Член од
28 февруари 2007
Мислења
65
Поени од реакции
11
DA NE POSTOESE GOSPOD NEMASE NITU NIE DA POSTOEME.... JAS VERUVAM VO NEGO I KE GO KAZAM TOA GLASNO I JASNO ! A ONIE KOI STO NE VERUVAAT SE ZALAZUVAAT SAMITE SEBE !
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Па сите овие особини кој ги наброја се особините на богот од библијата! Немај друг бог освен мене! - опседнатост за власт и управување,
Па нели им ја даде на првите луѓе земјата и се што е на неа, да биде управувано од човекот. Но да управуваат под праведни услови, без завист, гордост, љубомора, ....

...и како велиш дека е опседнат за власт и управување?

На крај краева и да е опседнат за власт и управување, управува со своето, со она што тој го створил и креирал, а на луѓето им дал од своето за тие да имаат власт над неговото и да управуваат со неговото. Нели постои разлика помеѓу овие две работи, да управуваш со своето - и да управуваш со туѓо, со нешто што не е твое.

забранува конкуренција.....!
Значи според тебе излегува онаа народната: СЛЕЗИ АНЧЕ, ДА СЕДНИ ПУПУНЧЕ ОД ВРАНЧЕ!

Некој кој што е креација, никој и ништо, преку својата фантазија замислил дека може да биде Бог, сака вистинскиот Бог да го понизи и да го симни од неговиот престол за да можи Пупуче од Вранче да седни на Божјиот престол. Па нели таа беше намерата и на Луцифер да се изедначи со Бог и да седни во соборот на Боговите (отец, син и св.дух)? Иако бил никој и ништо, креација создадена од својот креатор.

И зарем не е власт на креаторот да прави што сака со својата креација? Зарем има право глината да се пожали на грнчарот, зошто ме направи барде а не стомна? Па нели правото на грнчарот е да прави што сака со својата глина или со своето барде.

Далеку отидовме, поздрав од мене за вечерва до сите форумџии, посебно до тебе, јас морам да легнувам.

Со почит, Госпел.
 
Член од
28 февруари 2007
Мислења
65
Поени од реакции
11
DA BESE HRISTIJANSTVOTO UPRAVUVAC NA NARODOT.... NE KE BEVME SEGA KAJ STO SME... A TOA E NIKADE !!! DENESKA PRAV UPRAVUVAC NA NARODOT E TOJ KOJ STO IMA NAJVEKJE PARI ! RELIGIJATA JA GUSAT PARITE T.E. ONIE ALCNITE OD VRVOT KOI STO NIVNITE RACE SE TRUDAT DA GI VPUSTAT I VO RELIGIJATA... NO AKO GOSPOD GLEDA NAD NAS E... TOJ STO E POSLEDEN NA ZEMJATA KE BIDE PRV NA NEBOTO
Religiite se odlichen nachin da se upravuva so narodot.
Samo toa...
 
Не им ја даде земјата да ја обработуваат, туку ги ИЗГОНИ на неа - "земјата нека биде проклета за тебе! Со мака ќе се храниш од неа се до крајот на својот живот, трње и бодилки ќе ти раѓа и ти ќе јадеш трева полска. Со пот на лицето свое ќе јадеш леб, се дури не се вратиш од земјата од која си земен!"
Ако забранува љубомора, гордост, завист и самиот треба да не ги практикува, според логиката дека поради тоа што некој не создал има право да прави што сака со нас, излегува дека родителите можат да им прават на своите деца што сакаат, само затоа што ги создале па дури и да ги убијат!
Значи според тебе излегува онаа народната: СЛЕЗИ АНЧЕ, ДА СЕДНИ ПУПУНЧЕ ОД ВРАНЧЕ!
Некој кој што е креација, никој и ништо, преку својата фантазија замислил дека може да биде Бог
Ако немало можност за конкуренција, објасни ми ја следнава изјава од бог кога ги протерува Адам и Ева!
.......И Господ Бог рече: "Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно! Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен. Одкако пак го изгони Адам постави на исток пред градината Едем Херувим и огнен меч кој се вртеше и натаму и наваму за да го пазат патот кон дрвото на животот"
Втора работа споредуваш грнци и глини, кој се објекти со луѓе кој се субјекти!
Зарем има право глината да се пожали на грнчарот, зошто ме направи барде а не стомна? Па нели правото на грнчарот е да прави што сака со својата глина или со своето барде.
Грнчарот не и дал на глината слободна воља и затоа може да прави со неа што сака! За разлика од глината, нас ни е дадена слободна воља! И кога ќе решиме да ја искористиме, во одредени случаеви според библијата заслужуваме казна! Што е абсурд!
Поздрав и на тебе!

--- надополнето ---

DA BESE HRISTIJANSTVOTO UPRAVUVAC NA NARODOT.... NE KE BEVME SEGA KAJ STO SME... A TOA E NIKADE !!! DENESKA PRAV UPRAVUVAC NA NARODOT E TOJ KOJ STO IMA NAJVEKJE PARI ! RELIGIJATA JA GUSAT PARITE T.E. ONIE ALCNITE OD VRVOT KOI STO NIVNITE RACE SE TRUDAT DA GI VPUSTAT I VO RELIGIJATA... NO AKO GOSPOD GLEDA NAD NAS E... TOJ STO E POSLEDEN NA ZEMJATA KE BIDE PRV NA NEBOTO
Па христијанството било управувач на народот! И тој период е многу добро познат, си има свое име - DARK AGE!
 
С

сашенко

Гостин
:icon_bigg Друже гледам дека ја немаш баш прочитано библијата! Не е само Случката која ја посочив со Адам и Ева и не се погрешни претставите на луѓето за тоа дека богот опишан во библијата е суров! Велиш дека бог не казнувал за да направи лошо, туку како еден вид воспитна мерка нели? Како тогаш да го вклопиме ова објаснување во делот кога овој бог вели - "Не прави врежан лик или слика на она што е горе на небото, долу на земјата, под водата, затоа што јас сум ревнив бог кој за грешките на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено!?Ти би казнил ли дете кое не е ни родено уште, за нешто што таткому направил?
Или кога евреите го прават првиот идол - златното теле, еве што им заповеда бог на оние кој му останале покорни -

Да а гледам ти си ја прочитал ама ништо не си разбрал дефинитивно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom