Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.280
То така го протолкуваа луѓето или Исус го кажал??Стариот Завет не важи со неговите одредби кон човекот, како што е Законот Мојсеев.
Стариот Завет е ненадминат во делот од Постанокот.
Стариот Завет сеуште се користи во делот со Псалмите и мудростите.
Стариот Завет се користи како поука, од грешките кои ги чинеа евреите и последиците од тие грешки.
Новиот Завет навистина е надградба на несовршеноста од Стариот.
Последно што рекол за законите Исус е следно:
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“
Матеј 5. 17 - 19
Покрај тоа на повеќе места е опоменато на вечноста и неповредливоста на законите и предупредување да се пазите од оние кои во име на Бог се и сешто ќе ви кажат:
34 Нема да го нарушам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја.
Псалм 88
10 Бидејќи кој го запазува целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за се.
Јаков 2
28 А пророците нејзини се замачкуваат со кал, гледаат суета и им претскажуваат лага, велејќи: "така вели Господ Бог", иако Господ не рекол така.
Егзекиел 22
А во која книга прочитавте дека Исус ги укинал или изменил законите?