Не можам да го прифатам постоењето на ентитетот бог од низа причини и нелогичности.
Како прво Ако ентитетот е совршен и семоќен не би создавал нешто за 7 дена.
Понатаму Никако не може да се игнорира фактот дека ако земеме дека БОГ е еден и СОВРШЕН а ние како негов резултат несовршени т.е не може од совршенство да имаме несовршенство.
Понатаму истиот ентитет земајќи ја претпоставката дека е семоќен би можел да реагира и да го спречи Ѓаволот во неговите намери,на крај краеви Бог го створил луцифер и истиот е НЕГОВО ДЕЛО.
Исто така спорен е и "фактот" што ако адам и ева биле генетски совршени пред да го направат гревот т.е пред змијата да ги излаже они...морале да имаат инстинкт т.е како што имале нарав за хранење не можеме да го негираме инстинктот за размножување т.е секс кој е доста спорен и наводно јаболкото на знаењето им го уништило генот па потоа се е поезија.
Моровер спорна е и забраната од страна на Бог кон јаболкото на знаењето т.е спорна е дури и причината за постоење на истото...освен ако бог имал некои планови:wink:
Не можам да прифатам дека ное собрал милиони инсекти,американски орел,поларна мечка...и.т.н
Самиот концепт на дизајнер налага и на дизајнерот да има дизајнер.
Така да пред да се случи биг бенгот не е точно дека немало ништо-имало сингуларитет во кој владееле различни закони и често противречни едни на други,оттука следува концептот на мултивселени односно после биг бенг не се создала само нашата вселена,туку и други и тоа со сосема различни закони(сингуларитетот имал хаос буквално).
И секако спорно е постоењето и умирањето на диносаурсите....зошто и они не биле поштедени???
И самата еволуција и нејзините механизми се докажани па и се надградуваат,а ова не води до заклучок дека дефинитивно животот како биохемиски процес каков што ние го знаеме,не значи дека е уникатен односно согласно природните правила можен е живот со сосема различен биохемиски процес на кој можеби и земјината атмосфера би била кобна(како Марс за нас-Сулфур диоксид).
Значи да не бидам грешно разбран ова е мое лично мислење и на крај краеви самата еволуција на религиите од паганизам кон монотеизам укажува на фактот дека истоимениот ентитет не постои.
А пак за железото да не зборам