Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Вистинскиот верник никаква пара на овој свет не може да го купи.
Субмитер на која црква припаѓаш ти ?
Да беше атеизмот нешто што е вистина верувај ми дека децата од малечки ќе се учеа на атеизам.Но тоа е само бладање на изгубените души ништо повеќе
Кој ти дава право ти да учиш некое дете на било каква религија, на било што слично на тоа ?
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238

А кој ти дава пак тебе право да не го крстиш детето и да не го учиш на религија? Можеби тоа кога ќе порасне ќе сака да биде верник
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Ако чекаш Бог да дојде ќе се изначекаш,затоа да не чекаш мн погледни околу себе и созданијата околу себе па можеби ќе сфатиш нешто од тоа,самите атеисти веруваат во Бог само што имаат најцврст став во негирање на тоа не за друго,кога ќе се најдат во тешка ситуација ќе ги слушнеш извикувајќи леле Господе мој,и тоа не дека човекот е навикнат така ,туку тоа е всадено во срцата на луѓето,потребата за Бог:wink:
Да беше атеизмот нешто што е вистина верувај ми дека децата од малечки ќе се учеа на атеизам.Но тоа е само бладање на изгубените души ништо повеќе

Не знам по кој основ го оценуваш тоа мн или малку верник,но по мене или веруваш или не,нема со проценти.

Без разлика дали ти ќе побараш помош или не ти зависиш од таа виша сила,затоа што се наоѓаш во нејзиниот систем.

Јас да земам да ти докажам такво нешто тоа тешко,треба да ти се случи.Што е тоа атеист според тебе?Во што веруваат они?
значи ти велиш дека тоа потајно барање на помош од бог е врежано во нас уште од раѓање :toe:
има логика ова, во гените на луѓето основана потребата за бог и негово присуство... затоа понекогаш ненамерно без разлика дали е атеист или верник ги користи фразите, "боже, помогни ми", "бог да чува" итн..

но тоа не е доволно за да му верувам 100%, секој бара нешто повеќе...

Убаво кажа тој што го цитираше дека се работи за еден Бог помеѓу еврејска, христијанска и муслиманска вера. Само не беше појаснето. Тој еден Бог најпрво на народот му го пратил Мојсеј како пророк. Тој ја проповедал еврејската вера. Но тој рекол дека че се појави нов месија, нов спасител. Потоа Бог на земјата го пратил Исус. Исус проповедал христијанска вера. По 400 години Бог го пратил и последниот пророк Мухамед кој проповедал муслиманска вера. Сите веруваат во истиот Бог само на различни начини го почитуваат неговиот збор. капираш? :smir:
а која е потребата за тоа, која е потребата да го подели и диференцира народот... според ова он е виновникот за различниот менталитет меѓу народите
 
Г

Господ

Гостин
Па тоа што било спомнато во цртанот стварно е така.Тоа не е дека има некаква си психологија па ај луѓево со сила ќе удираат у ѕид.Треба да си верник за да го сфатиш тоа.
Вистинскиот верник никаква пара на овој свет не може да го купи.

Целосоно се согласувам

Да беше атеизмот нешто што е вистина верувај ми дека децата од малечки ќе се учеа на атеизам.Но тоа е само бладање на изгубените души ништо повеќе

Не знам по кој основ го оценуваш тоа мн или малку верник,но по мене или веруваш или не,нема со проценти.

Без разлика дали ти ќе побараш помош или не ти зависиш од таа виша сила,затоа што се наоѓаш во нејзиниот систем.

Јас да земам да ти докажам такво нешто тоа тешко,треба да ти се случи.Што е тоа атеист според тебе?Во што веруваат они?

Точно така
Таа реченица е она што ја закоравува верата во луѓето,им ги мати умовите демек само Бога го имате.

Родителите им трубат на децата за религија од мали затоа што и нив им трубеле кога биле мали и така натаму.

Не реков многу или малку верник,реков дека до одреден период од животот сите се верници,потоа некој станува атеист некој не.

Атеизам значи не-теизам,се дели на слаб и јак.
Слабите мислам се агностиците,тие ништо не знаат:pipi:
Јак,силен,тврд атеизам значи верување во непостоење на виша сила.

затоа понекогаш ненамерно без разлика дали е атеист или верник ги користи фразите, "боже, помогни ми", "бог да чува" итн..

Тоа друже ти е исто како на некој да му речеш да ти ибам мајката,не значи дека навистина ќе одиш и ќе ја сексаш.

Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
А кој ти дава пак тебе право да не го крстиш детето и да не го учиш на религија? Можеби тоа кога ќе порасне ќе сака да биде верник
Сериозен си или ме дупиш ? :)

Детето нема појма. Тоа дете што е крстено и учено на одредена религија кога ќе порасне може ќе биде православен, католик, муслиман, атеист, харе кришна, протестант, хипик, ќе стане паганин... што ти знам.

Ако е некој верник ќе си ја учи верата, ќе се крсти, ќе пости, ќе се клања или ништо од тоа нема да прави кога ќе стане "свесна здраворазумска возрасна" особа(сево ова во наводници затоа што многу луѓе никогаш не го достигнуваат тој левел).
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
а која е потребата за тоа, која е потребата да го подели и диференцира народот... според ова он е виновникот за различниот менталитет меѓу народите
Еден христијански верник ( несум јас баш таков ) на ова ќе ти речи дека Бог е се што сакаш, мразиш, мислиш, јадиш, гледаш, дишиш и така натаму и така натаму. Тоа ти го пренесувам пошто и јас имав поставено вакво прашање и така ми го одговорија. До каде ќе најдеш поврзаност со тоа што го прашуваш незнам

Сериозен си или ме дупиш ? :)

Детето нема појма. Тоа дете што е крстено и учено на одредена религија кога ќе порасне може ќе биде православен, католик, муслиман, атеист, харе кришна, протестант, хипик, ќе стане паганин... што ти знам.

Ако е некој верник ќе си ја учи верата, ќе се крсти, ќе пости, ќе се клања или ништо од тоа нема да прави кога ќе стане "свесна здраворазумска возрасна" особа(сево ова во наводници затоа што многу луѓе никогаш не го достигнуваат тој левел).
Верник-Атеист..... меч со две сечила. капираш?
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
52
Поени од реакции
2
значи ти велиш дека тоа потајно барање на помош од бог е врежано во нас уште од раѓање :toe:
има логика ова, во гените на луѓето основана потребата за бог и негово присуство... затоа понекогаш ненамерно без разлика дали е атеист или верник ги користи фразите, "боже, помогни ми", "бог да чува" итн..

но тоа не е доволно за да му верувам 100%, секој бара нешто повеќе...
Тоа е нашата духовна страна која мораме да ја исполниме,како што реков мора да се верува во нешто,ако не е така или па се избере погрешна работа за верување,душата ќе се расипе и ете ти еден куп на зло.

Таа реченица е она што ја закоравува верата во луѓето,им ги мати умовите демек само Бога го имате.

Родителите им трубат на децата за религија од мали затоа што и нив им трубеле кога биле мали и така натаму.

Не реков многу или малку верник,реков дека до одреден период од животот сите се верници,потоа некој станува атеист некој не.

Атеизам значи не-теизам,се дели на слаб и јак.
Слабите мислам се агностиците,тие ништо не знаат:pipi:
Јак,силен,тврд атеизам значи верување во непостоење на виша сила.

Човекот е такво битие што кога ќе ја слушне вистината он тоа во себе го осеќа,макар и да не сака да го признае јавно па дури ни на себеси.Таа особина ја имаат оние кои се искрени кон себеси.

И да не им трубат родителите верувањето во Бог е таква голема вистина која е непобитна за човекот,нешто од кое тој е зависен и без кое не може

Добро знам дека не веруваат во виша сила но што е тоа во што веруваат они?

Сериозен си или ме дупиш ? :)

Детето нема појма. Тоа дете што е крстено и учено на одредена религија кога ќе порасне може ќе биде православен, католик, муслиман, атеист, харе кришна, протестант, хипик, ќе стане паганин... што ти знам.

Ако е некој верник ќе си ја учи верата, ќе се крсти, ќе пости, ќе се клања или ништо од тоа нема да прави кога ќе стане "свесна здраворазумска возрасна" особа(сево ова во наводници затоа што многу луѓе никогаш не го достигнуваат тој левел).
Е па детето чим постигне степен на зрелост после тоа само си одредува,сакам да речам со свој памет шо ќе биде со него и како ќе биде.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Тоа е нашата духовна страна која мораме да ја исполниме,како што реков мора да се верува во нешто,ако не е така или па се избере погрешна работа за верување,душата ќе се расипе и ете ти еден куп на зло.
Човекот е такво битие што кога ќе ја слушне вистината он тоа во себе го осеќа.макар и да не сака да го признае јавно па дури ни на себеси,таа особина ја имаат оние кои се искрени кон себеси.
И да не им трубат родителите верувањето во Бог е таква голема вистина која е непобитна за човекот,нешто од кое тој е зависен и без кое не може

Добро знам дека не веруваат во виша сила но што е тоа во што веруваат они?
Е па детето чим постигне степен на зрелост после тоа само си одредува,сакам да речам со свој памет шо ќе биде со него и како ќе биде.
Види Субмитер, кога зборувам со тебе се осеќам ко да зборувам со робот.

Прво велиш дека ти(и претпоставувам верниците) знаеш(знаат) во што да се ВЕРУВА, како да се верува, кое е погрешното верување, што е зло, човечките особини и нивната грешност итн. итн.

Сите тие претпоставки а ниту еден абер, цитат од Библијата Божјиот збор

И на која црква си припадник бе бачко..
Верник-Атеист..... меч со две сечила. капираш?
Не капирам, глуп сум. Имаш илјадници религии кои се исклучуваат една со друга. Секоја вика дека е вистинска а другите(помалку или повеќе) се лажни. После од другата страна(неверници) имаш атеисти, агностици итн. итн. Не е толку едноставно.

Јас ако верувам во моќното гранче од паркот што мислиш што ќе кажат муслиманите и христијаните за мене ? Нели технички според тебе ќе бидам класифициран како верник.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
52
Поени од реакции
2
Види Субмитер, кога зборувам со тебе се осеќам ко да зборувам со робот.

Прво велиш дека ти(и претпоставувам верниците) знаеш(знаат) во што да се верува, како да се верува, кое е погрешното верување, што е зло, човечките особини и нивната грешност итн. итн.

Сите тие претпоставки а ниту еден абер, цитат од Библијата Божјиот збор
А зошто се осеќаш така?Има нешто нејасно?
Не се претпоставки тоа се Божји книги кои Бог ги испратил на народот преку своите избрани луѓе,со цел луѓето да не залутаат.

Божјите книги сфати ги вака:Имаш упатство како да користиш некој уред и ти тоа ќе го прочиташ и на крај ќе успееш да работиш со тој уред,без да ти се расипе.Е па сега така е со човекот кој во овој случај е уредот а Божјите книги се упатството,па ако ја воспиташ човечката душа според упатството тогаш нема да се расипе во спротивно знаеш што се случува.
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Не капирам, глуп сум. Имаш илјадници религии кои се исклучуваат една со друга. Секоја вика дека е вистинска а другите(помалку или повеќе) се лажни. После од другата страна(неверници) имаш атеисти, агностици итн. итн. Не е толку едноставно.

Јас ако верувам во моќното гранче од паркот што мислиш што ќе кажат муслиманите и христијаните за мене ? Нели технички според тебе ќе бидам класифициран како верник.
Полека. Никој не ти рече дека си глуп. То е прво. А второ ако веруваш во светото гранче тогаш си верник.
 
Г

Господ

Гостин
Секој верува во нешто,тука станува збор за верување во постоење на Бог или било каква виша сила.
Нормално дека секој верува во нешто и некого но не секој тоа си го толкува како виша сила.
Еве денес ќе излезам на прошетка и верувам дека ќе ми стане поубаво.
И велиш децата сами стануваат верници?
не мислам така ајде замисли да не постои ниедна религија,на кој начин луѓето ќе стапат во контакт со Бог.
Божјите книги секој ги толкува различно створени се да шират конфузија.
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Претпоставував.

Ај размисли малце...Африканците-тие од пустина кај сакаше да ги носиш...

Знаеш либија има огромна површина а нешто меѓу 5-6 милиона жители...

Таман си е-природата си направила своето...нема потреба од иселувања...бла бла..
Не велам дека има потреба,но нека не се жалат дека не им е убаво кога им е понудено да се преселат и да не умират.Штом сакаат да останат во пустините нека не се жалат.5-6 милиони се многу малку за таа територија ама наскоро ќе исчезнат заради нивната религија(или култура).
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
52
Поени од реакции
2
Еве денес ќе излезам на прошетка и верувам дека ќе ми стане поубаво.
И велиш децата сами стануваат верници?
не мислам така ајде замисли да не постои ниедна религија,на кој начин луѓето ќе стапат во контакт со Бог.
Божјите книги секој ги толкува различно створени се да шират конфузија.
Ти можеш и у ресторан да идеш ако сакаш и да веруваш дека јадењето ќе биде мн вкусно но тоа нема ама баш никаква врска со верувањето во Бог или неекоја си виша сила.

Не стануваат сами од себе верници,него користејќи ја својата свест и разум за разбирање на работите кои ги опкружуваат доаѓаат до заклучок дека постои виша сила.Значи на основа на некакви пребарувања,читање,истражување и сл.

Не можам да замислам нешто кое нема потреба да го замислам и од кое замислување нема ама никаква корист и никаква цел.Било како,оној што го бара Божјиот пат искрено,ќе го најде.

Тоа што Божјите книги ги толкува секој како ќе му текне не значи дека тие служат за конфузија и сплетка,се зависи од тоа како ќе ги искористиш работите,или подобро да речам како ќе ги употребиш или злоупотребиш.Се си има своја позитивна и негативна страна.На пример имаш нож,ако ти тој нож го користиш за сечење леб или за она што е наменет,тогаш ти си го употребил ножот,но доколку убиеш некого со ножот тогаш ти си го злоупотребил ножот.

И сега што?Да не треба да го обвиниме ножот за убиството?
Нормално дека не,се зависи од оној кој што го има ножот во своите раце:wink:
 
Член од
6 јули 2008
Мислења
458
Поени од реакции
10
А кој ти дава пак тебе право да не го крстиш детето и да не го учиш на религија? Можеби тоа кога ќе порасне ќе сака да биде верник
Јас не сум крстен а религијата ми е наметната ,а што ако детето кога ќе порасне сака да биде атеист ? или муслиман или будист ?

Кој ти дава тебе право да одредиш религија на човечко суштество без негово одобрение ?

Ти можеш и у ресторан да идеш ако сакаш и да веруваш дека јадењето ќе биде мн вкусно но тоа нема ама баш никаква врска со верувањето во Бог или неекоја си виша сила.

Не стануваат сами од себе верници,него користејќи ја својата свест и разум за разбирање на работите кои ги опкружуваат доаѓаат до заклучок дека постои виша сила.Значи на основа на некакви пребарувања,читање,истражување и сл.

Не можам да замислам нешто кое нема потреба да го замислам и од кое замислување нема ама никаква корист и никаква цел.Било како,оној што го бара Божјиот пат искрено,ќе го најде.

Тоа што Божјите книги ги толкува секој како ќе му текне не значи дека тие служат за конфузија и сплетка,се зависи од тоа како ќе ги искористиш работите,или подобро да речам како ќе ги употребиш или злоупотребиш.Се си има своја позитивна и негативна страна.На пример имаш нож,ако ти тој нож го користиш за сечење леб или за она што е наменет,тогаш ти си го употребил ножот,но доколку убиеш некого со ножот тогаш ти си го злоупотребил ножот.

И сега што?Да не треба да го обвиниме ножот за убиството?
Нормално дека не,се зависи од оној кој што го има ножот во своите раце:wink:
Тотално се сложувам само што јас исто како тебе со истражување и читање сум дошол до заклучокот дека нема виша сила ,сега разликата е што има верници кој можеби ќе се изгубат вера на овој или оној начин но јас мислам дека кога ќе дојдеш до добро информиран заклучок дека нема некој горе ...епа тогаш нема враќање ,зошто таа информација ти е залепена на мозокот ти сам си дошол до неа по разумен и логички пат а до информацијата дека постои бог си дошол преку наметнато знаење без некој логичен редослет на докази.

Исто се сложувам дека религиите се измислени поради вистински потреби на верниците ,но тие потреби не се исти сега како и пред 2000 години.Да има некој универзални закони како не убивај итн. но тие не се доволни во денешно време и тоа покажува дека нема напредок во религиите ,а било што што не напреднува и не се движи нанапред порано или подоцна ке изумре.
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Јас не сум крстен а религијата ми е наметната ,а што ако детето кога ќе порасне сака да биде атеист ? или муслиман или будист ? Кој ти дава тебе право да одредиш религија на човечко суштество без негово одобрение ?
ДАХ!
Шо реков пред неколку постови. Тоа ти е меч со две сечила. Ни ти си во право ни јас сум во право пошто зборуваме со за нешто што не сме сигурни ни дека ќе се случи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom