@MIKI1 вака. Да не иде беспотребно дискусијава со вакви прашања и семантички гимнастики, ќе постапиме на следниов начин.
Секоја дискусија има за цел нешто да покаже и даде некое објаснување.
Секој од дискутантите има свој став и размислување кој се стреми да го наметне како исправен во дискусијата.
Мојот став во дискусијава со тебе е
– човек може да биде религиозен, односно да има верба во Бог, односно да го интерпретира Бог и патот до него и вистината, без помош од страна изразена преку наметнување и прифаќање туѓи мислења околу таа проблематика.
Со други зборови може да истражува, да размислува, да оценува, да набљудува додека не стигне до таа цел.
Светите книги (освен една, која воопшто не е ни света, туку препис) трпеле секако човечки фактор врз себе, особено во деловите каде се објаснува и устројува човековото битисување по одредени рамки и прописи на земјава. Тоа е сосема јасно од кои причин е правено.
Треба да се најдат деловите од кои може да се извлече поуката.
Некои се повеќе менувани, некои помалку.
Затоа е потребно истражување и споредување на различни списи и правење споредби.
Пишувани се во метафори, поради заштита на податоците кои ги носат.
Секој сам за себе треба да си се потруди.
Затоа , во отсуство на конструктивен, истражувачки и пред се критичен пристап во наоѓањето на “патот до Бог”, не можеш да бидеш сврстен во религиозен.