Дрекслмајер

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
Во Македонија тешко некој да е наградуван. Само казни. После и фирмите квичат оти не им одело.
ако Македонија е меѓу најсиромашните во Европа и на 11 место по сиромаштија во светот, некој за тоа е одговорен. Најмалку 15 години ги гледаме истите луѓе како се наградувани со тендери и одлични позиции и примања за неуспесите на Македонија. За 1 година само за плата на 50тина лица во Агенција за странски инвестиции е 1 милион евра или 2000 евра во просек. Нели и нивната струка е суфицитарна, и тие се заменливи. Пред некој месец имаше смена во Елем и Мепсо во раководството . Тие места имаат огромни примања за "стручњаци" и кадри кои исто така се суфицитарни и заменливи. Во навистина сиромашна и со голем % невработеност држава би требало да се намалат примањата и на факултетските професори и други слични служби и нивни директори.
Да те потсетам и на написот за огласите во Дрекселмаер каде се барани помошници директори, шофери и работници со по 8-10.000 плата. Нели е тоа малку сомнително за најголемиот економски успех на странските инвестиции?
Германски Дрекселмаер бара работници. Нуди плата 8.050 денари?!
Значи на страна фактот дека некој не турнал во најголема сиромаштија како држава, а истовремено вработува непродуктивни кадри и троши непродуктивно. Нели се сомнителни сите овие т.н. инвестиции кои (со исклучок на Кемет) како по договор даваат најчесто 8-10.000 плата? И тоа за струки кои и не се баш обични работници, се работи за стручни кадри.
Се е тоа во ред и јас многу добро ги разбирам работите од НАША страна и се согласувам.Како што кажав ако отварам јас фабрика си ги знам моите сограѓани и никогаш не би изиграла на овој начин.Но да погледнеме малку од нивната страна.Они како што кажав не сметаат само за ефтина работна рака.Они не прават разлика помеѓу некојси Шао Чун и Петко.Они не знаат дека Петко ( пример земам) е дипломиран машински инжињер кој не може да најде работа веќе 5 години а има просек 10.И уствари логиката е следнава:Во што е подобар Петко од Шао Чун? Во ништо.Големи тикви ако има машински заедно се РАБОТНИЦИ.Ете таа е логиката на секој странски инвеститор а овде ние си ги знаеме маките.
 
Се е тоа во ред и јас многу добро ги разбирам работите од НАША страна и се согласувам.Како што кажав ако отварам јас фабрика си ги знам моите сограѓани и никогаш не би изиграла на овој начин.Но да погледнеме малку од нивната страна.Они како што кажав не сметаат само за ефтина работна рака.Они не прават разлика помеѓу некојси Шао Чун и Петко.Они не знаат дека Петко ( пример земам) е дипломиран машински инжињер кој не може да најде работа веќе 5 години а има просек 10.И уствари логиката е следнава:Во што е подобар Петко од Шао Чун? Во ништо.Големи тикви ако има машински заедно се РАБОТНИЦИ.Ете таа е логиката на секој странски инвеститор а овде ние си ги знаеме маките.
Тие ќе не перцепираат како што не претставиле промоторите, каков имиџ имаме и каков што образовен систем и кадри ќе изградиме и понудиме.
Во врска со ова не е можно одеднаш повеќе странски инвеститори во разни бранши и региони да нудат скоро исти плати, според нивни проценки без разлика колку профит им носат и без разлика на бенефитите од буџетот. И згора на тоа од пред неколку месеци да во јавноста се прошири изговорот за ваквите состојби со понуда и побарувачка.
 
Последно уредено:
Тие ќе не перцепираат како што не претставиле промоторите на роудшоуто. Не е можно одеднаш повеќе странски инвеститори во разни бранши и региони да нудат скоро исти плати, според нивни проценки. И згора на тоа од пред неколку месеци да во јавноста се прошири изговорот за ваквите состојби со понуда и побарувачка.
Секој сака да почне од дното нели?Ако има интерес зошто да не си помине со полесно и поефтино? Македонија го нуди тоа затоа што владее очајна состојба помеѓу населението.Не е тешко да процениш дека ќе имаш одзив за работа и за ниски плати.Исто е и во Русија во сиромашните краишта и во Романија,Полска...фабрики се отвараат по логика и покрај селата за да можат луѓето од нив да работат за помалку ако не им се работи на нива.Но кај нас е поинаку.Кај нас интелегентни луѓе немаат работа и се принудени да работат како работници.Тука продира таа ароганција и надменост која ја спомнавме претходно.Мислењето дека си подобар и повешт и заслужуваш повеќе.Но всушност според инвеститорите си само обичен работник.Дури гарантирам дека се прашуваат сеуште зошто има револт и бунт.
 
Последно уредено од модератор:
Абе другари, јасно ни е оти Македонија е држава за греота и држава на олигарси, ама решението не е у социјална економија. Решението е у слободеб пазар без граници и минархистичка држава.
Пошто како сега шо 20 години имаме исти фаци кои се богатат, истото се дешавало и у Југославија со директорите на фабриките.

Sent from my GT-P3110 using Tapatalk
 
Океј, најранливи групи се невработените? Океј, они живеат со ич приходи.
И сега добиваат шѓприходи, пошто 25 посто се невработени платите се ниски, ама се различни од нула, шо е факт.

И да, у повдќе фирми у повеќе сектори платите сс исти. Тоа само покажува колку сме сиромашни како население.
Ако понудеа плати од по 8 илјади, и никој не се пријавеше, ќе понудеа ли следниот пат рецимо 15 илјади? Ќе понудеа.[DOUBLEPOST=1401800862][/DOUBLEPOST]
Ја тупиме зашто Дрекслмајер беше најавувана како инвестиција со плати од 300-400 евра, а сега се сведовме на муабетот „абе 9 иљадарки кој ти ги дава, боље од седење дома“. За мене глуп е муабетот понуда-побарувачка и дека Швабите не можат да исплатат над 300 евра плата, едноставно така им е наложено за да не прават конкуренција во плати на домашните газди.
Немој да ме јебеш. Наложено им е? Доаѓаат тука и имаат толкави плати, пошто другите фирми даваат уште пониски. Кажав погоре, ако у оглас пуштеа понуда за 4.000 работни места, и не се пријавеше никој, следната недела ќе беа платите повисоки. Шо е нормално. Ама кога за 4.000 места се пријавија 3 пати повеќе, фала богу дека платите ќе останат вакви.

Плус, никој не е крив шо му поверувавте на Ставревски дека ќе има плати од по 400-500 евра, кога тоа се контра со секоја економска логика.
Супер на хартија. Наредниот пат кога сите раноградинарски култури ќе се извезат само заради побарувачката на пазарите, да нема бунт зошто во Скопје килограм домати е 1 евро, а не 10 денари.

Понуда + Побарувачка на пазар од 2 милиони луѓе од кои 600 000 се на државна цицка е нож со две острици.
А колку е цената на раноградинарските производи у јануари месец по маркетите низ цела држава? Та до пред еден месец краставици, домати, пиперки имаа цена над 60-70 денари у маркетите. Оти? Оти имаше само мала понуда, а побарувачката беше далеку поголема. Истиот муабет со ДрекселМајер.
Ние само нека имаме помала невработеност, после тоа ќе зборуваме за повисоки плати.
Плус, кога си невработен, она шо треба да ти е примарна цел е да си вработен, а не да мудруваш колкави да се платите.

И да, не оти е битно, ама кога веќе си праите муабет оти оваа е таа Бил Гејтс/Стив Џобс филозофија, ве поздрави Мизес, економист нобеловец шо работел на идејата за слободен пазар.

Клик.
 
Последно уредено:
Ја тупиме зашто Дрекслмајер беше најавувана како инвестиција со плати од 300-400 евра
Дрекслмајер беше најавувана како компанија која ќе вработи 4000 луѓе, плати никаде не беа споменати.
 
Дрекслмајер беше најавувана како компанија која ќе вработи 4000 луѓе, плати никаде не беа споменати.
Exactly ...prosta matematika... 4000 vraboteni * 220 Evra (prosek)= 880 000 Evra mesecno vo tikvesijata
12 meseca = 10 560 000 Milioni evra cisti....ne be necini...odma da gi izbrkate...!
 
Exactly ...prosta matematika... 4000 vraboteni * 220 Evra (prosek)= 880 000 Evra mesecno vo tikvesijata
12 meseca = 10 560 000 Milioni evra cisti....ne be necini...odma da gi izbrkate...!
Ако се додадат и осигурувањата, даноците, почетната инвестиција, потрошните материјали, храната, транспортот, доставувачите и сите други кои на овој или оној начин се поврзани со Драксел Мајер лесно се доаѓа до бројка од 20 милиончиња годишно или на кавадаречки јазик тоа се околу 80 милиони килограми грозје кое треба да го продадат за по 15 денари килограм за да се заврти оволкав буџет.
 
Не па подобро да немаше фабрика, на кафиња во кавадарци со пари од тато и мама.....
 
Кој од вас работи таму?
Еве ти не работиш таму исто.

Ако планираш да гледаш деца со минимално образование и без никакви додатни вештини, тогаш немај деца, шо да ти кажам.
Нигде го нема тоа.

И у Швајцарија шо земаат плати како обични работници, ги земаат пошто после тоа напредуваат некако у фабриката, усовршуваат некакви вештини, стануваат подобри работници, а не првиот месец или година.
 
Ја тупиме зашто Дрекслмајер беше најавувана како инвестиција со плати од 300-400 евра
Со ниту една инестиција не се најавуват платите. Платите се формират врз основа на условите кои владеат на пазарот на труд. Овие лажни очекувања се само дел од негативната политичка хајка која се води против Драксел Мајер. На неколку пати е кажано и повторено дека обичниот работник почнува со минимална плата а за високо образованиот кадар мислам дека е околу 12 до 18 илјади почетна. Оваа плата се зголемува согласно успехот на работникот. Е сега колку оваа работа коректно се спроведува тоа незнам и не верувам дека бодувањето не е пропратено со ургенции , врски и слични работи. Познавајќи го нашиот менталитет и образовен систем. Но тоа се работи на кои треба да се работи и потребни се неколку генерации за колку толку да се искоренат овие работи. Инаку незнам што ве чуди минималната плата за работници кои почнуваат со работа и кои се во процес на учење. И во Германија додека се школуваш заработуваш од 350 до 700 евра. Незнам колку ви е јасно на сите овде дека човек што се учи е трошок на фирмата, а со оглед дека овој вид на производство е нов во Македонија не верувам дека има школуван кадар кој ќе одговори на потребите, така да мислам дека на ДМ му треба едно минимум 5 години за да го постигне посакуваниот продуктивитет. Да не зборам какви грешки намерни и ненамерни се случуваат внатре во производствениот и менаџерскиот процес.
 
Инаку незнам што ве чуди минималната плата за работници кои почнуваат со работа и кои се во процес на учење. И во Германија додека се школуваш заработуваш од 350 до 700 евра.
така да мислам дека на ДМ му треба едно минимум 5 години за да го постигне посакуваниот продуктивитет.
Нели била проста и неквалификована работата. Ако е толку сложена, оваа твоја информација се коси со други информации форумџии кои го тврдеа спротивното.
Незнам колку ви е јасно на сите овде дека човек што се учи е трошок на фирмата, а со оглед дека овој вид на производство е нов во Македонија не верувам дека има школуван кадар кој ќе одговори на потребите,
каков е процесот, што се произведува и на кој начин?
 

Јас имам работено пониско платени работи отколку Дрекселмајер.
Исто, и многу повисоко платени работи. Моментално сум комбинација со мал приватен бизнис + нормална работа, па работам повеќе отколку што имам време.

Многу е лесно да се прави есапот на други луѓе. Тешко е да си од тие со 200 евра месечни примања + фамилија.

А за моите деца, ако ги имам еден ден, ако се оди според план, за 5 години ќе можам да си дозволам да ги пратам на ајви лига универзитет во САД.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom