Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Пошто си ментално хендикепиран ќе мора да се цитирам САМ за да ти објаснам чекор по чекор што пишувам.

3. Не мора да постојат тие активности за да си жив, зошто основните витални функции ти се контролирани од 'рбетниот мозок и други делови.....

Гурџи, ова значи следното... Не мора да постојат ТИЕ АКТИВНОСТИ, активностите на „префронталниот кортекс“ што ти се наоѓа позади челото и е задолжен за СВЕСТА,

ЗАТОА ШТО пази сега доаѓа главниот дел, ОСНОВНИТЕ ВИТАЛНИ ФУНКЦИИ ти се контролирани од 'рбетниот мозок И ДРУГИ ДЕЛОВИ кои можат да постојат НЕЗАВИСНО ОД ДЕЛОТ ОД КОРТЕКСОТ (оној позади челото) задолжен за „свесните функции“,...... и потоа ги набројувам...

Што значи тоа? Ајде чекор по чекор, пошто гледам дека патиш од дислексија...

Тоа значи, дека не ти треба СВЕСТА за да си жив кога си бебе. Доволен ти е 'рбетниот мозок, кој КАКО ШТО НАВЕДОВ е битен за да ги контролира ОСНОВНИТЕ ЕБАНИ ВИТАЛНИ ФУНКЦИИ тимбо една глупава, а не СВЕСТА.

СВЕСТА како што наведов е контролирана од Брока, Вернике, париентален лобус, орбитофронтален кортекс и други делови за кои ВРСКА НЕМАШ што прават.

Треба да имаш IQ од 20, за да не можеш да направиш проста разлика од „контрола на ОСНОВНИТЕ ФУНКЦИИ ='Рбетен мозок СВЕСНИ ФУНКЦИИ = Брока, Вернике, орбитофронтален кортекс итн...

Гурџи, тебе ти треба учебник за читање, а не кајгана.
Мора да си глуп за да не го разбереш моето прашање:
Што го прави детето живо?
Свеста?
Духот?
Егото?
Рбетот...:pos::pos::pos:
Гледам дека пливаш во матни води, ми кажуваш од што е контролитрана свеста? најголемама глупост!!! Свеста е таа што контролира, не дека е контролирана!!!
Пропадна науката од такви како тебе..:facepalm:
 
брат абе те рачунав за поинтелиентен, па ти прочита ли што вели роџерот....дека свеста е во рбетот?:facepalm:
Оф мори мајко, кога и такви како тебе не можат да разберат.....:facepalm:

Гурџи не кажа бе човекот дека свеста е во рбетот.:P

Кажа дека бебето нема свест. Кажа дека свеста е ”имагинарен поим”, со кој се означува функцијата на мозокот и нејзината комплексоност (во недостаток на други соодветни поими), или со други зборови, претставува нус продукт на мозокот.

А тоа автоматски исклучува некоја надворешна сила.

Со други зборови, ти вели свеста се должи на еволуцијата. Односно дека е тотално спротивно на концептот за кој ти прашуваш.

Така да ваков строго атеистички одговор, не може да подлежи на никаква дискусија, бидејќи однапред отфрла било какво влијание на некаков си надворешен ентитет.

Пред неколку недели ти реков пази ќе се заебеш со вакви прашања, ако ти текнува. Има дечки кои ќе ти одговорат вака и толку од прашањето. Ја губи поентата што сакаш да ја доловиш.

Најарно е прво ти да предложиш концепт, за да другите се надоврзат на истиот, и почне дискусија во рамките на теологија, философија, религија...

Вака имаш баби и жаби. Добиваш одговор како е во науката, а тебе не ти треба тоа за дискусијава нели?:)
 
Мора да си глуп за да не го разбереш моето прашање:
Што го прави детето живо?
Свеста?
Духот?
Егото?
Рбетот...:pos::pos::pos:
Гледам дека пливаш во матни води, ми кажуваш од што е контролитрана свеста? најголемама глупост!!! Свеста е таа што контролира, не дека е контролирана!!!
Пропадна науката од такви како тебе..:facepalm:
Ако уште еднаш ми го испамаш истото прашање на кое ти одговорив 10000 пати, ќе почнам да те рачунам за испрограмиран алгоритам.
 
Гурџи не кажа бе човекот дека свеста е во рбетот.:P

Кажа дека бебето нема свест. =:)
Пак ми правите смешки.
Ако бебето нема свест, нема его, нема воља, која енергија го прави живо?
Ќе почнам да мислам дека јас сум глуп, или вие се правите наудрени на тоа што ве прашувам?
Ако нема ниту еден елемент од набројаниве, испаѓа дека сме растенија!:facepalm:[DOUBLEPOST=1401715050][/DOUBLEPOST]
Ако уште еднаш ми го испамаш истото прашање на кое ти одговорив 10000 пати, ќе почнам да те рачунам за испрограмиран алгоритам.
Незнам дали можеш да ме разбереш. не доаѓам од друга планета, во рбетот нема живот.
Има само смрт.
 
Пак ми правите смешки.
Ако бебето нема свест, нема его, нема воља, која енергија го прави живо?
Ќе почнам да мислам дека јас сум глуп, или вие се правите наудрени на тоа што ве прашувам?
Ако нема ниту еден елемент од набројаниве, испаѓа дека сме растенија!:facepalm:[DOUBLEPOST=1401715050][/DOUBLEPOST]
Незнам дали можеш да ме разбереш. не доаѓам од друга планета, во рбетот нема живот.
Има само смрт.
Има смрт во твојот интелект.
 
Немоќ?
Сироткиот ти, а се правеше научник
Свесните функции на мозокот кои популарно се нарекуваат свест се наоѓаат во неокортексот. Неокортексот кој за разлика од другите животни е најразвиен и активен кај homo sapiens sapiens, се состои од префронталниот кортекс, париеталниот лобус, окципиталниот лобус и темпоралниот лобус.

Сите овие сегменти се задолжени за манифестација на феноменот свест. На пример Брока и Вернике зоните го контролираат говорот, орбитофронталниот кортекс самоконтролата, темпоралниот лобус мемориите, инсулата како зона свесното контролирање на емоциите итн...

Оваа комплексна меѓузависност на сите неврони во неокортексот пројавува различни однесувања, способност за создавање на концепти, верувања и сето тоа глобално резултира со самосвесност или народски кажано „свест“.

Истите функции се контролирани од нашата ДНК. ДНК та која е кодот наједноставно кажано на нашиот организам го регулира развитокот на овие делови од мозокот, и комплексно комуницира со околинските фактори. Различни околински фактори го менуваат овој дел од мозокот исто така. Механички/хемиски и други фактори можат да ја сменат перманентно или привремено функцијата на овие делови (дроги, повреди)

neocortex23.jpg

Црвеното е префронталниот кортекс -задолжен за комплексни функции на свеста како калкулации, создавање на планови, цели, обработка на информации итн...
Плавото е темпоралниот лобус кој најчесто е задолжен за визуелни мемории и јазик, (Брока зоната се наоѓа таму).
Жолтото е париеталниот лобус задолжен за моторни функции
Зеленото е окципиталниот лобус задолжен за координирање на визуелните информации.

Најголем удел во свеста има црвеното, тој дел е задолжен за сите сегменти кои не одделуваат од животните и не прават свесни.

Свеста не би постоела доколку сите овие зони кои ги набројав се оштетени или нефункционални од други причини што ќе резултира со губење на свеста, како кај пациентите во кома или оштетена функција на свеста, како шизофреничарите и другите луѓе со физички оштетувања и дисфункционалности на мозокот.

Многубројни студии ја покажуваат релацијата на овие делови со свеста, што укажува дека не мора на свеста да и се препишуваат натприродни или метафизички карактеристики за да се објасни и може да се разгледува како манифестација на овие функции на мозокот, исто како што софтверот е манифестација на хардверот.

Бидејќи не постои научна студија која има пронајдено било што друго кое како фактор ја создава свеста, научно, хипотезата за метафизичкото потекло на свеста е отфрлена, теолошкото објаснување поради недостаток на евиденција е отфрлено, и оваа хипотеза, која сега е теорија е земена за највалидна.

Хипотеза е претпоставка базирана на претходни знаења. Потоа се нулифицира (се зема дека не е точна, дека е лажна) Потоа се прават опити и испитувања и ако има доволно евиденција во квалитет и квантитет дека хипотезата држи вода, станува теорија и теоријата се зема со некоја веројатност како точна (во случај нова евиденција да ја промени).
 
Те мислев поинтелигентен!
Сега ми кажуваш дека свеста е во мозокот/?дека не е повеќе во рбетот?
Ајде договори се сам со себе...:pos:
Еве ќе ти кажам. не е ни во мозокот не е ни во рбетот!!!:cool:
 
Последно уредено од модератор:
Ѓурѓич, ако ништо друго - е spiritus movens за да се пишува добро...

Одлично напишано (ако е наменето за @Bog , залудно. Добро е што читаат и други) :)
 
Хемиската енергија, Груџи.

Ај подобјасни троа, како може „хемиската„ енергија (некој непознат тип на енергија...:confused:) може да даде: свест, совест, разум, паметење, слободна волја, чувства и сл.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom