Ха ха ха
Поентата ти е дека не требе да постојам на форумов?
Имаш некои научни докази или тоа е немоќ ?
Вака ќе разговараш со женати дома не да ми паламудиш овде на форум
Ти немаш поима што е тоа свест, уште помалку што е тоа душа. Се фаќаш за сламка како давеник, а сепак се давиш и не можеш да ми објасниш на кој начин човечкото тело е живо? Рбетниот мозок велиш? Поглуп одговор не сум сретнал
Ти реков во претходниот пост, ти си од научњаците што „сакам кажам можам речам“, и дека науката се срами од тебе. И требе да има „научњаци“ како тебе, за да се види колку религијата е во право.
Ајт сега, оди апни си банана, оти попарата заврши.
Види, проблемот со таквите како тебе е што патронизираат фаци без врска да имаат што зборуваат. Знаеш зошто не навлагам подлабоко во дискусија со тебе?
Пошто ти ми поставуваш прашање, така? Можам страни и страни екстензивно да ти објаснувам до детали работи кои можат да го одговорат твоето прашање, знаеш што ќе направиш?
Нема да го прочиташ мојот одговор, нема да ја погледнеш мојата страна од приказната.
Мозокот ти е испрограмиран да најдеш грешки во тоа што ќе ти го пишам и на било каков начин да ме побиеш. Ти читаш и бараш грешки, бараш контрадикторности.
Пошто ако ти одговорам убаво, зошто сме живи, како функционира ДНК та, обработката на енергија и нашиот мозок, ако ти изложам студии и ти објаснам како во науката која ја споменуваш, а очигледно не ја разбираш се формираат хипотези/теории, како се нулифицираат хипотезите, зошто хипотезата за Бог е отфрлена, зошто по Oкамов Жилет, има други алтернативни одговори кои веродостојно го објаснуваат животот и поефективно ги опфаќаат сите фактори, без разлика на тоа дали настанал од абиогенеза/биогенеза за што на пример со Атеист не се сложуваме, иако сме свесни дека евиденцијата сега за сега е неконклузивна на тоа прашање, да почнам да пишувам и да пишувам пробувајќи да отворам реална дискусија, со аргументирано знаење и критичко размислување...
И ТИ ДА МИ КАЖЕШ нешто у стилот на „
момче читај уште, плитко е ова, хуехуе 'рбетниот мозок ги контролира сите витални функции на организмот??? ова е глупо, МАТ“, па има да те врзам и со сила да те терам да читаш абдал еден дур не ти влезе нешто во глава, само поради времето што сум го потрошил со тебе.
Ти не си со отворен ум на тие прашања, дека можеби догматските религиозни објаснувања не се единствените варијабили и објаснувања за животот, дека ДУРИ и да нема, а има објаснувања за тоа како функционира животот, тоа не значи дека тие од твојата религија или што и да е се најдобрите можни одговори.
Дури, еве дури и да постои есенција, мистериозна за науката, наречена живот...
Ти нема да ги разгледаш сите варијанти или да бидеш скептичен во врска со Бог кој го создал животот и дали објаснувањето од Библијата е вистинито или е мит како политеистичките религии, нема да се запрашаш зошто Зевс е лага ама Јахве е вистина, зошто не веруваш во Один ама веруваш во Исус, дали твоите убедувања се базирани на факти/аргументи/евиденција или се базирани на емоција/верување/психолошки потреби за стабилност и авторитет кој го пресликуваш во форма на некој бог, ти ВЕРУВАШ во тоа, ти не бараш тука одговори, туку бараш начин да го побиеш секој одговор.
Тоа е причината зошто на атеисти како мене и други на форумов им е скурчено да дебатираат со некој како тебе. Пошто НЕМА ПОЕНТА. Ќе ти ги одговорам сите прашања кои можам да ти ги одговорам, ќе навлезам во детали за днката, зошто сите живи суштества имаат днк кодови, како функционира сето тоа, ќе ти дадам добри аргументи, ќе ти изложам студии студии, ќе ПОТРОШАМ ВРЕМЕ за да ти одговорам убаво, ама ти нема да примиш ништо од тоа.
Ќе си останеш со затворен ум и догматски погледи. Зошто би ти одговарал прашања, кога ти не бараш одговори, туку бараш да го наметнеш твојот неаргументиран став?