Така е кај нас, пошто имаме лоша економија која се пропагира како капитализам, а е некој нео-комунизам со феудализам. Каде корумпирани политичари со големи казни го јадат профитот на фирмите кој можат да го искористат газдите за да вработат уште еден или двајца или тројца, зависи колкави потреби имаат. Каде у секоја фирма се работи со страв и трепет, и безброј регулативи ти стојат на патот пред да отпочнеш било каков бизнис, како на пример задолжително плаќане за сини картони, задолжително пензиско, задолжително да се исполнуваат вакви и такви стандарди, задолжително да се има такви апарати. Буквално некој политичар шо нема три чисти ти врши тортура да направиш нешто. Те рекетираат плус, шо е многу битно да се спомене. И се плаќаат еден куп даноци за сва и свашта.
У делот со пензиите и здравството - не викам оти не треба фирмата да ти покрие здравство и пензиско, ама да не биде задолжително, пошто еве јас лично на оваа возраст од животот не би сакал да имам пензиско осигурување. Сметам оти сега не ми е потребно. И сакам пример да земам 10 посто поголема плата. Газдата ако ми плаќа пензиско ќе има 15 посто поголем трошок за мене, јас сакам да се договорам да ми дава 10 посто поголема плата. На 10 вработени како мене он добива работник повеќе, шо и мене ми е кул, и него му е кул, а и на тој работник повеќе исто му е кул.
Јас не викам дека Америка е совршена. Има далеку подобри држави од Америка низ светов, каде доброволното договарање меѓу газдата и вработениот функционира многу подобро, ама Америка е силна, не најсилна економија, со причина.
Швајцарија е далеку подобра од Америка. Немаат минималец, а имаат само 3 посто невработени. Не е тоа случајност. У Америка економијата најмногу растела кога немале минималец исто.
Вработените у ДрекселМајер да беа и у најразвиената економија на светов пак со истите пари шо ги земаат ќе имаа плати со кои ќе можеа да си го дозволат тоа шо можат да го дозволат у Македонија, и ништо повеќе. Едноставно толкави им се знаењата и производствената вредност.