Ова не е судница. или можеби е?
Кажи ми ти, дали има злоупотреби во редот, водени од ниски страсти (да речеме)?
Има ли еден ред, друштво, религија, сто посто од своето членство идеални луѓе?
И една многу битна работа:
Зошто вие тоа на лично ниво го пренесовте, веднаш?
Јас не реков дека знам за злоупотреби во редот тука во Македонија. Никаде не посочив, ниту каде ниту кој. Зошто одеднаш срипавте?
Не покажав со прст накај Телемитите од Македонија. Навистина чудно.
Или вие можеби сакате да веруваме дека никаде, во никој камп ова не се случува.
Сфатете како ви е воља. Јас повеќе пати сум кажал дека не сум присталица на Телемата, но немам ништо против неа. Дали имам или немам лични искуства со тоа што го наведов, е исто така мое. Вие толкувајте по ваше, но немојте да се глупирате со тоа дека таму иницирате само и исклучиво само спремни членови, кои нема да прават никакви злоупотреби или кои можеби некој нема да ги злоупотребува. Баталете ги моите тврдења за конкретни злоупотреби, па кажете дали Христијанството има попови педофили, дали Исламот има членови со гротескни и геноцидни тенденции, дали Саентологијата има членови или лидери кои ги злоупотребуваат другите, дали лидери на мистични друштва и редови не се случувало да се занимаваат со тоа што ние би го нарекле црна магија или со намамување на наивни женски лица, со цел исполнување на своите ниски страсти.... но во Телемата нема ништо такво, таму се сите by the book?